Connect with us

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започнува со исплата на пензиите за март од среда, 1 април.

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата истиот ден, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 април и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Банки

Каматите на депозитите стабилни, кредитите со благ годишен пад во февруари

Објавено

на

Каматните стапки во банкарскиот сектор во февруари покажуваат стабилност кај депозитите и умерено намалување кај кредитите, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити остана на ниво од 4,73%, непроменета во однос на јануари, но на годишно ниво бележи намалување од 0,45 процентни поени. Кај депозитите, пак, просечната каматна стапка изнесува 2,19%, со минимално месечно намалување и без промена споредено со истиот период лани.

Во сегментот на новоодобрените кредити е забележан раст, каматната стапка достигна 4,69%, што е зголемување и на месечно и на годишно ниво. Сличен тренд има и кај новопримените депозити, каде каматата порасна на 2,41% на месечно ниво.

Кај корпоративниот сектор, каматните стапки на вкупните кредити останаа стабилни на 4,35%, но се пониски за 0,47 процентни поени на годишно ниво. Новите корпоративни кредити бележат месечен раст на каматите, кои достигнаа 4,62%, пред сè поради поскапувањето на денарските кредити без девизна клаузула и кредитите во странска валута.

Од друга страна, каматите на вкупните депозити на компаниите се зголемија на 2,73% на месечно ниво, додека новите депозити во овој сектор достигнаа 2,49%, со значителен месечен раст.

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити благо се намали на 5,1%, а на годишно ниво падот изнесува 0,43 процентни поени. Новоодобрените кредити за домаќинствата, пак, бележат умерен раст и достигнаа 4,76%.

Каматите на депозитите на населението остануваат релативно стабилни, вкупните депозити се на ниво од 2,12%, додека новопримените депозити достигнаа 2,38%, со минимални месечни поместувања.

Податоците укажуваат на стабилизирање на каматната политика во банкарскиот сектор, со умерени корекции кај поединечни категории кредити и депозити.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека пензиите за месец март 2026 година се исплатени и средствата се веќе достапни за подигање и може да се користат уште веднаш.

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата да ги подигнат преку користење на мрежата на банкомати, да плаќаат безготовински во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од денес 31.03.2026 година можат да ја подигнат во експозитурите на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека од утре, 01.04.2026 година ќе започне со исплата на пензиите за месец март.

Пензионерите кои имаат активни дебитни картички со својата пензија можат да располагаат од истиот ден на исплатата (среда – 01.04.2026 година), и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од 1 април ќе може да ја подигнат во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange