Банки
Комерцијална банка донираше 235.000 евра за изградба на нов Ургентен интернистички центар во Скопје
Со донација вредна 235.000 евра Комерцијална банка ќе овозможи изградба на нов Ургентен интернистички центар во Клиничкиот центар во Скопје. За таа цел Главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, д-р Маја Стевкова Штериева, денеска потпиша договор за донација со министерот за здравство Фатмир Меџити, по што ќе започнат градежните активности за изградба на модерен и функционален ургентен центар на Клиниката за токсикологија.
Благодарејќи на донацијата од Комерцијална банка, на државниот Клинички центар ќе се формира целосно нов Ургентен интернистички центар на површина од 750 метри квадратни, а ќе го изведува и опремува компанијата Градба промет. Во новиот Ургентен центар медицинскиот персонал ќе има најсовремени услови за работа, а пациентите ќе добијат брз и ефикасен медицински третман. Ургентниот центар ќе биде помогнат и со донација од Алкалоид АД Скопје.
Д-р Стевкова Штериева при потпишувањето на договорот за донација во просториите на Министерството за здравство истакна дека ѝ претставува особено задоволство што има чест во името на Комерцијална банка да го потпише овој договор затоа што тој ќе обезбеди формирање нова и исклучително значајна здравствена институција за спасување човечки животи.
„Нашата општествено-одговорна мисија за подобрување на условите во јавното здравство започна уште за време на Ковид пандемијата. Банката во изминатите четири години донираше околу 700.000 евра во јавното здравство. Корпоративната филантропија е длабоко вкоренета во деловната политика на Комерцијална банка. Нашиот деловен успех како компанија нѐ мотивира да помогнеме со цел сите да целиме кон заеднички успех. Тоа ќе нѐ направи подобри, посилни и посреќни, дури и во моментите кога се води битката за спасување нечиј живот“, изјави д-р Стевкова Штериева.
Министерот Меџити се заблагодари на донацијата од Комерцијална банка и истакна дека новиот Ургентен интернистички центар ќе биде прв контакт со пациентите, каде тие ќе добијат итна здравствена заштита.
„Тука пациентите би престојувале 24 до 48 часа, по што, доколку е потребно, би се упатиле во болничките оддели на некоја од интерните клиники или би биле пуштени дома. Со ова се подобрува организацијата и се скратува времето за транспорт на пациентите. Упатувам благодарност до компаниите за придонесот кон унапредување на здравствениот систем и квалитетот на услуги за нашите пациенти“, рече Меџити.
Ургентниот интернистички центар ќе содржи и посебна просторија за опсервација на пациенти – интензивна нега, како и полуинтензивна нега, а ќе располага со компјутерски томограф, рентген, ЕХО апарат, ендоскопија. Вкупната инвестиција изнесува околу 470 илјади евра, од кои Комерцијална банка донираше околу 235 илјади евра за градежните работи, а Алкалоид ги обезбеди машинските инсталации за вентилација, ладење и греење.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





