Connect with us

Банки

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во општествената одговорност како своја успешна приказна, оваа година се посветува и на пошумување опожарени подрачја во земјава со цел поздрава и почиста животна средина.

Комерцијална банка во соработка со Сојузот на извидници на Македонија станува горд „Зелен поборник“ во рамките на најголемата волонтерска иницијатива „Боренка“. Банката ќе засади по едно дрво за секој нов клиент до 29 години кој ќе почне да го користи Пакетот за млади.

Како „Зелени поборници“, Комерцијална банка ќе пошумува, но и ќе едуцира. Препознатливата Верверичка преку едукативни работилници ќе ги учи децата од предучилишна и училишна возраст зошто шумата значи живот.

Подигнувањето на свеста за зачувување на животната средина и одговорното однесување кон природата, бараат вклученост и придонес од сите нас.

Да бидеме општествено одговорни.

Банки

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика

Објавено

на

Инфлацијата е стабилизирана, додека централните банки внимателно ја нормализираат својата монетарна политика. Основните каматни стапки иако се намалуваат, сеуште се на повисоко ниво. Се очекува големите централни банки (Европската централна банка и Федералните резерви) да продолжат со олабавување на своите монетарни политики и во текот на 2025 година. Притоа, суштинска ќе биде координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика, односно поддршката во понатамошното закотвување на инфлацијата преку фискалната консолидација, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во своето обраќање на единаесетото издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека и покрај намалувањето на инфлацијата постојат повеќе ризици кои се поврзани со поголемата инертност кај цените на услугите, растот на платите и расположивиот доход, можни притисоци на страната на понудата, како и поддршката од фискалната политика. Фискалниот одговор во неколкуте изминати кризи ја поддржа економијата, но истовремено ги зголеми нивоата на дефицитите и јавниот долг. Притоа, во регионот се забележуваат извесни подобрувања кај дефицитот и јавниот долг, но се уште се над предпандемиското ниво. Во следниот период суштински ќе биде да се остане на патот на фискалната консолидација. 

Говорејќи за нашата централна банка, вицегувернерката Митреска посочи дека Народната банка од почетокот на инфлациската криза презеде повеќе мерки за да ги стабилизира инфлациските очекувања преку затегнување на монетарната политика. Како резултат на овие мерки инфлацијата се намали од 19,8% во октомври 2022 година на 2,6% во септември 2024 година, вклучително намалување има и на инфлацискиот јаз со еврозоната. Со намалувањето на инфлацијата, Народната банка започна со внимателно олабавување на монетарната политика преку намалување на основната камата за 0,5 процентни поени.

Намалувањето на инфлацијата се очекува да  продолжи и во 2025 година, кога најверојатно централните банки ќе ја постигнат целната инфлација, посочи вицегувернерката Митреска. Притоа таа истакна дека притисоците на страната на понудата ќе бидат почести во иднина, а како надолни ризици тука се и деглобализацијата, демографските и климатските промени кои можат да го намалат потенцијалот за раст на економиите и да влијаат на понудата и инфлацијата. Од друга страна брзиот напредок во технологијата, како вештачката интелегенција може да го зголеми потенцијалот за раст на економиите. Централните банки се свесни за ризиците на страната на понудата и будно ги следат случувањата.

Продолжи со читање

Банки

Започна 11-тиот Ерсте Инвеститорски Појадок: Стручни дискусии и анализи за иднината на финансиските пазари

Објавено

на

11-тиот Ерсте инвеститорски појадок започна со поздравно обраќање од г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседателка на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Таа ги поздрави присутните и го отвори настанот, нагласувајќи ја важноста на финансиските и економските дискусии за подобро разбирање на моменталната состојба и идните трендови.

Г-ѓа Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, ги претстави најновите макро-економски податоци за македонската економија. Митреска изнесе информации за актуелните економски трендови, растот на БДП, инфлацијата и монетарната политика, со што ја осветли економската слика на земјата во контекст на глобалните економски промени.

Следеше обраќање од г. Рајнер Сингер, раководител на Главните пазари и кредитни истражувања во Erste Group Bank AG. Тој ги претстави моменталните состојби со инфлацијата во Еврозоната и САД, со фокус на предвидувањата за идните економски движења. Сингер истакна дека постојат знаци на намалување на инфлацијата во Еврозоната и во САД, но и нагласи дека економиите ќе продолжат да се соочуваат со предизвици како што се високи каматни стапки и глобални нестабилности.

Дополнително, г. Рајнер Сингер даде своје видување за иднината на макроекономијата, која во голема мера ќе зависи од политиките што ќе ги спроведува новиот претседател на САД. Според него, идната администрација во Америка ќе има клучна улога во обликувањето на глобалниот економски пејзаж, особено во однос на фискалната и монетарната политика, трговските спогодби и односите со други големи економии.

Дополнително, на настанот присуствуваат бројни финансиски и економски експерти, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе поттикнат дискусии околу специфични теми од областа на инвестициите, економскиот раст и пазарните трендови. Овој настан е важна можност за продлабочување на разбирањето на актуелните економски услови и за развој на стратегии за идни инвестиции и раст на пазарите.

Продолжи со читање

Банки

„Волшебна музика“ на „Скопски солисти“ со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Како верни поддржувачи на музичкото творештво во земјава, Комерцијална банка е горд спонзор на концерт „Волшебната музика“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“.

Претстојниот музички настап на „Скопски солисти“ е уште една убава можност за заедно да уживаме во исклучителните изведби од врвни музички уметници, во кои како солист ќе настапи пијанистката со меѓународно реноме Марија Ѓошевска, а диригентската палка ќе ја има маестра Бисера Чадловска. На програмата ќе бидат изведени дела од Перголези, Моцарт, Барбер, Илин и Шостакович.

Комерцијална банка ги препознава културата и музиката како значајни сегменти во општество, а со поддршката на музичките настани помага уметниците да ги споделат своите таленти, да создадат пријатно искуство за публиката и да инспирираат нови генерации музички ентузијасти.

Придружете се и вие за заедно да ја негуваме музиката!

Продолжи со читање

Популарно