Connect with us
no baners

Останато

Клубот БУМ започна со работа

Објавено

на

На првиот состанок со компаниите – членки на клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија), воведни обраќања имаа Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и Драган Давитков, Директор на PwC во Северна Македонија, кои зборуваа во име на двете институции коорганизатори на клубот. Партнер на клубот е Сојузот на Стопански комори.

Експерти од PWC и Берзата пред членките презентираа свои видувања како компаниите успешно да се подготоват за евентуални спојувања, преземања, стратешки партнерства и излегување на берза, односно подетално за запознаваа со функционирањето и можностите коишто им ги нуди Берзата. Излагање имаше и Јован Симиќ, Генерален менаџер на ФК Брера Струмица, кој ги информираше присутните за актуелната бизнис приказна на оваа компанија што е поврзана со котацијата на нивната мајка-компанија на берзата NASDAQ.

Во Клубот засега членуваат над 20 компании од широк опсег на деловни сектори, како што се IT технологија, градежништво, финансиски услуги, производство на индустриски и стоки за широка потрошувачка и суровини. Целта на формирање на Клубот БУМ е стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување на специфичен know-how и градење на мрежа за олеснета комуникација со останати компании, организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот ќе настојува да помогне како да се поврзат инвеститорите и компаниите – членки на клубот, во нивните обиди за финансирање на сегашните или идни деловни идеи и проекти, со акцент на процесот на небанкарско финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.

Останато

„МојДДВ“ повторно е во функција

Објавено

на

Системот „МојДДВ“ е повторно во функција, информира Управата за јавни приходи.

Оттаму соопштија дека е извршено унапредување на системот, а планираните активности за миграција на нова ИТ инфраструктура успешно завршиле вчера попладне.

Со надградбата, според УЈП, се обезбедува поголема сигурност, побрза работа и поголема достапност на услугата за сите корисници.

Апликацијата „МојДДВ“ од вчера, 23 јуни 2026 година, од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење. Граѓаните можат да продолжат со скенирање на своите фискални сметки.

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Апликацијата „МојДДВ“ денеска привремено ќе биде недостапна

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека денеска, 23 јуни 2026 година, од 12:00 часот апликацијата „МојДДВ“ привремено ќе биде недостапна поради техничка надградба на системот.

Од УЈП соопштуваат дека прекинот е поврзан со миграција на системот на нова инфраструктура, со цел да се обезбедат поголема сигурност, стабилност и достапност на услугата за корисниците.

Надлежните посочуваат дека апликацијата повторно ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на планираните активности.

Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението за време на техничката надградба.

Продолжи со читање

Останато

Македонската берза ќе ја одржи јубилејната 25. Годишна конференција во Охрид

Објавено

на

Македонската берза најави дека јубилејната 25. Годишна конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“ во Охрид.

Како што информираат од Берзата, конференцијата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјата, на кој ќе учествуваат експерти од Македонија и регионот. Учесниците ќе имаат можност да проследат презентации и панел-дискусии посветени на актуелни теми од финансиската индустрија, како и да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти.

Организаторите најавуваат присуство на реномирани говорници и експерти, а деталната агенда и начинот на регистрација ќе бидат објавени дополнително.

Конференцијата ќе се одржи во период кога финансискиот сектор се соочува со нови предизвици и можности, што се очекува да биде една од клучните теми на годинешниот собир.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange