Банки
Нова иновативна услуга од Халкбанк – Платформата за отворено банкарство!
Со цел унапредување на услугите на модерното банкарство како и следење на последните трендови на дигитални решенија за пристап до банкарските услуги, Халкбанк АД Скопје гордо ја претстатува последната иновација во овој домен – платформата за отворено банкарство.
Како новитет во банкарскиот платежен сектор, предвиден со Законот за платежни услуги и платни системи, а усогласен со моменталната ЕУ регулатива, отвореното банкарство нуди придобивки и современи дигитални финансиски решенија за сите клиенти – корисници на банкарски услуги.
Новата платежна инфраструктура и порталот за отворено банкарство се достапни на официјалниот веб сајт Халкбанк https://opendev.halkbank.mk/, каде што секој заинтересиран може да се информира за деталите, погодностите и функционалностите на истиот. На порталот може да се најдат развиени АПИ продукти, во согласност со Berlin Group стандардите, и тоа за:
- информација за сметка – Account Information Service Provider (AISP) ;
- иницирање на плаќање – Payment Initiation Service Provider (PISP) и
- потврда за расположивост на сметка – Confirmation of Funds Service (PIIS)
Бидете дел од иднината на финансиските решенија со платформата на отвореното банкарство на Халкбанк, каде што финансиската слобода и модерната технологија го редефинираат начинот на управување, раст и безбедност на вашите финансиски средства.
Банки
Халкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
Халкбанк АД Скопје ги повикува граѓаните да ја префрлат својата плата во банката и да ги искористат поволностите наменети за примателите на плата.
Од банката посочуваат дека понудата обезбедува поголема финансиска флексибилност, подобри услови и поедноставно извршување на секојдневните банкарски обврски.

Повеќе информации за условите и достапните поволности клиентите можат да добијат во најблиската филијала на Халкбанк.
Банки
ALTA Bank2GO овозможува брзо и сигурно мобилно банкарство
АЛТА банка ја промовира мобилната апликација ALTA Bank2GO, наменета за полесно и побрзо извршување на секојдневните банкарски обврски.
Преку апликацијата, корисниците можат едноставно и сигурно да ги користат банкарските услуги директно од својот мобилен телефон, со што се заштедува време и се намалува потребата од посета на филијала.

Од банката информираат дека деталите за регистрација и активација на услугата се достапни преку нивните официјални комуникациски канали.
Банки
Комерцијална банка ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри на Скопскиот маратон
Комерцијална банка АД Скопје ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри, која ќе се одржи во рамки на Скопскиот маратон на 4 октомври.
Како златен спонзор на трката „Комерцијална банка 5 км“, од банката порачаа дека секогаш е вистинско време за нов личен предизвик и ги охрабрија учесниците навреме да ги започнат подготовките.
„Те каниме да се пријавиш бидејќи секогаш е полесно заедно до целта. Се гледаме на стартот“, објавија од Комерцијална банка.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток



