Фондови
КБ Прво пензиско друштво: Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
Гледано на подолг рок, животот ретко останува ист.
Каде сте и која е Вашата моментална ситуација (финансиска, здравствена, професионална) може да се промени за само неколку месеци, а некогаш и за пократко!
Ова може да биде нешто многу едноставно, до нешто посложено како преселување во нов дом.
Зборувајќи од перспектива на пензиско друштво, една од нашите цели е да обезбедиме транспарентна комуникација со нашите членови. Така полесно ќе Ве контактираме, ќе Ви испратиме најнови информации за Друштвото вклучувајќи го и годишниот извештај, а воедно ќе Ви овозможиме побезбедно користење на нашиот електронски сервис „Моја сметка“.
Секако, една од најважните цели на КБ Прво пензиско друштво е сигурност и заштита на Вашите лични информации, исто како и важноста да Ви обезбедиме максимизиран принос од инвестирањето на Вашите средства, а преку тоа да Ви обезбедиме стабилна финансиска иднина во пензионерските денови кога најмногу ќе имате потреба.
Вашето редовно ажурирање на податоците Ви овозможува да бидете редовно информирани за Вашата идна пензија, за Вашите средства кои се акумулирани на Вашата лична индивидуална сметка, за тоа како се акумулираат, дали вашиот работодавач редовно уплаќа по основ на пензиско и инвалидско осигурување, дали Друштвото ги инвестира добро Вашите средства, кои се начините на исплата на Вашата пензија и многу други прашања.
Кога е ВАЖНО да преземете чекор и да направите ажурирање на податоците?
Има многу животни настани, кои би наложиле да ги ажурирате Вашите лични податоци, а тоа подразбира Вашите контакт податоци да ги одржувате „живи“ и ажурни, посебно со финансиските институции со кои Вие соработувате, користите нивни услуги, производи и сл.
Тоа ќе Ви помогне да бидете информирани многу повеќе за Вашите финансии, за Вашата моментална имотна состојба, и несомнено да помогне и да се спречи евентуална измама.
Сте се преселиле во нов дом (нова адреса) или пак уште подалеку, во нова земја –Важно е да ја ажурирате Вашата адреса ако се преселите, дури и ако тоа е привремена преселба. На пример, доколку не направите промена, Вашето пензиско друштво нема да може го достави на вистинската адреса Вашиот годишен извештај (зелениот плик). Доколку сте се преселиле во друга држава, и таму сте оствариле работен статус, треба да се запознаете и да се информирате што ќе се случува со Вашите средства на Вашата индивидуална сметка во Вашето пензиско друштво, како утре кога ќе исполните услови за старосна пензија би ја подигнале пензијата од Вашата родна земја.
Промена на контакт информации – Ако треба да ја промените Вашата примарна адреса за е-пошта или телефонски број поради една или друга причина, треба да се погрижите и да ја ажурирате! Како што споменавме погоре, ова се главните извори што КБ Прво пензиско друштво ги користи за да Ве контактира, информира и да се грижи за Вашето задоволство со своите услуги.
Животни настани –Бракот, разводот и смртта се главните животни настани кои имаат импликации врз Вашите лични податоци. Ова може да има и правни импликации, како промена на Вашето презиме! Во секој случај, ажурирањето на Вашите информации во овие случаи е важно. Посебно во случаите на немил настан. Важно е да знаете дека средствата од вториот и третиот столб се НАСЛЕДНИ и од истите причини навременото ажурирање на Вашите податоци ќе Ви помогне за полесна коресподенција при реализација на наследната постапка во тешките моменти.
Продолжете да читате ако сакате да дознаете како членовите на КБ Прво пензиско друштво може да ги ажурираат своите лични податоци!
И сега, ако решивте да ги ажурирате Вашите лични податоци, сте ја донеле вистинската одлука!
Следниот чекор е да откриете како да го направите тоа.
Препорачуваме да ги направите овие промени во рамките на порталот Моја сметка! Користењето на електронските дигитални сервиси на Друштвото Ви овозможува 24/7 достапност, а воедно ја заштитуваме заедно животната средина со намелено користење на хартија!
Едноставно, посетете го порталот „МОЈА СМЕТКА“ на страницата www.kbprvo.com.mk . Пристапете до профилот и извршете измена на име, презиме, адреса на живеење, место на живеење, поштенски код, место за кореспонденција, поштенски код за кореспонденција, адреса за кореспонденција, телефон и електронска пошта. Тоа е толку лесно!
Сепак, членовите на КБ Прво пензиско друштво ажурирањето или коригирањето на своите податоци, може да го направат и на други начини како на пример:
- Ажурирање со писмено барање – со пополнување на Барање за ажурирање/корекција на личните податоци кое можете да го најдете на следниот линк: https://kbprvo.com.mk/azuriranje-podatoci/. Притоа, заради лична идентификација на подносителот на барањето друштвото врши:
– непосреден увид во документ за лична идентификација на членот преку лице овластено од Друштвото или агент;
– преку пополнување на барањето од Ваша страна и достава на електронската пошта [email protected] и телефонски контакт со членот, се обезбедува снимка од разговорот.
- Ажурирање преку телефонски контакт со пензиските друштва – нашите членови може да ги ажурираат податоците кои се однесуваат на адресата на живеење или адресата за кореспонденција со телефонско јавување на контакт бројот 02/3243777 и
Друштвото ќе го идентификува членот при што обезбедува снимка од разговорот.
Ако го направивте ова денес, завршивте една многу едноставна, но многу важна работа!
Останете информирани и свесни користејќи ги придобивките на реформираниот пензиски систем!
Вашето пензиско друштво, КБ Прво
Подготвил: Сузана Бошковска-Златаревска
Сузана Бошковска-Златаревска е дипломиран економист на позиција Раководител на Сектор маркетинг и агентска мрежа во КБ Прво пензиско друштво, со над 20-годишно искуство во финансискиот сектор. Одговорна е за планирање, развој и имплементација на маркетинг стратегии и кампањи со цел подигнување на свесноста за реформираниот пензиски систем, финансиска писменост и инклузија, зајакнување на брендот, грижа за ефикасна и транспарентна комуникација со членството, како и развој на агентската мрежа на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02/ 32 24 229
Бизнис
КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.
Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.
Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.
Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.
Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.
„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“
Фондови
КБ Прво пензиско друштво: Моќта на долгорочната инвестиција
Финансиското планирање не е еднократна одлука, туку процес што бара визија, дисциплина и доверба во иднината. Еден од најдобрите начини за обезбедување стабилна финансиска основа е вложувањето во пензиски фондови, каде секоја редовна уплата добива можност за раст и акумулација во долг временски период.
Како функционира инвестицијата
Средствата што членовите ги вложуваат во фондовите се инвестираат во различни финансиски инструменти, согласно строги законски прописи, со цел да се оствари принос на вложените средства, преку кој се обезбедува можност пензијата, односно пензискиот надоместок да расте. На тој начин не се гради само моментална заштеда, туку се создава долгорочна вредност која обезбедува дополнителен приход во иднина. Клучна улога има времето:
1. Колку порано започне вложувањето, толку повеќе години средствата имаат можност да се зголемуваат.
2. Редовноста во уплатите е подеднакво значајна – малите, но дисциплинирани вложувања со тек на време создаваат значајна акумулација.
3. Приносот што се остварува преку инвестициите е фактор кој ја определува брзината на раст, но времето останува најмоќниот сојузник на секој член.
Зошто е важно да се започне порано со уплати во доброволниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Инвестицијата во пензиски фонд не бара високи износи – доволна е мала, но постојана уплата за да се обезбеди стабилност. Возраста на зачленување има директно влијание врз конечниот резултат: секоја пропуштена година го намалува потенцијалот за акумулација.
Членови на доброволниот пензиски фонд може да бидат сите лица на возраст од 15 до 70 години, под услов да не се приматели на пензија, односно лица кои немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Тука спаѓаат вработени или невработени лица, вработени на проекти или трети лица – членови на семејството. За малолетни лица, уплатите може да ги врши родителот или старателот во улога на уплаќач.
Со започнување на 25 години, членот има предност од цела деценија дополнителни уплати и раст на вложените средства во споредба со лице кое започнува на 35 години. Оваа временска разлика резултира со речиси двојна акумулација на капитал.
Конкретни примери – ефектот на возраста и приносот
Да ја разгледаме разликата во акумулираните средства при редовно вложување од 3.000 денари месечно:


Разликата е јасна: десет години порано вложување значат неколку стотици илјади денари повеќе во иднина. Тоа е директен показател дека времето и дисциплината се клучните фактори за создавање значителна финансиска предност.

*Пресметката е од информативен карактер. Износот на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои корисникот самиот ги внесува (месечна, годишна или еднократна уплата на износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси, очекувана стапка на принос и период на уплата).
Во пресметката е вклучен износот за надомест за управување со средства.
Приносот на вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.
Надоместоци кои ги наплаќа друштвото: Линк
Оданочувањето на средствата при исплата е согласно Законот за данок на личен доход.
Лидерство и сигурност
Како лидер на пазарот на пензиско осигурување, КБ Прво е посветено на управување со средствата на своите членови на транспарентен, одговорен и професионален начин. Нашата стратегија се заснова на оптимален баланс помеѓу сигурноста на вложувањата и нивниот потенцијал за принос. Долгорочната стабилност и довербата што ни ја укажуваат членовите се најсилен доказ дека дисциплинираната инвестиција носи резултати.
Ваша одлука – ваша иднина
Секој ден е нова можност за создавање финансиска независност. Одлуката да се вложува денес е инвестиција во подобра утрешнина. Пресметајте го вашиот потенцијален раст преку калкулаторот за пензиска заштеда.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/32 24 229.
Фондови
КБ Прво пензиско друштво на 24-та годишна конференција на Македонска берза!
Минатата недела во Охрид се одржа 24-та годишна конференција на Македонска берза.
Нашиот колега Горан Мартиноски, член на Инвестицискиот одбор и Раководител на сектор за управување со средства во КБ Прво, учествуваше во панел дискусијата посветена на мултифондовите. Со своето повеќегодишно искуство во инвестиции, управување со портфолиа, акции, обврзници, ЕТФ фондови и пазарите на капитал, тој даде значаен придонес во дискусијата за тоа што може да значи воведувањето на мултифондовите за пензиските членови и за пазарот на капитал.
Во разговорот беа отворени прашања за искуствата од земји каде мултифондовите веќе се применуваат, за потенцијалните ризици и предизвици кои оваа промена може да ги донесе, за тоа како изборот на фонд ќе влијае врз индивидуалната пензиска заштеда и дали граѓаните имаат доволно финансиска писменост за да донесат информирани одлуки.

Со повеќе од 1,4 милијарди евра во управување (извор: КБ Прво) и долгогодишно искуство признато со меѓународни награди, КБ Прво останува доследен партнер на своите членови и активен учесник во процесите кои придонесуваат за градење посигурна финансиска иднина.
КБ Прво како Сребрен спонзор уште еднаш ја потврди заложбата за развој на домашниот пазар на капитал и унапредување на финансиската култура во земјата – која ќе продолжи да биде еден од најважните сегменти од нашата општествено-одговорна мисија.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој


