Connect with us

Останато

Иван Стојановиќ назначен за член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го избра Иван Стојановиќ за член на Управниот одбор на Друштвото, а Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одобри изборот и тој ќе ја извршува функцијата почнувајќи од 08.07.2023 година со мандат од четири години.

Иван Стојановиќ e дипломиран економист со повеќе од десет години менаџерско искуство на различни раководни позиции, во областа на банкарството и финансиите, со фокус на корпоративното банкарство и управувањето со кредитен ризик. На местото член на Управниот одбор во КБ Прво пензиско друштво доаѓа од позицијата директор на Дирекцијата за управување со кредитен ризик – Шпаркасе банка АД Скопје.

Покрај Иван Стојановиќ, како член на Управниот одбор на Друштвото, позицијата претседател и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје останува доверена на Весна Стојановска, која е на челната позиција од 2016 година.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови. Оваа година прослави 18 години постоење и во моментов во него работат околу 40 вработени.

Супервизор на капиталното финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Останато

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 9,8% – во септември изнесувала 41.585 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41.585 денари и во однос на септември претходната година е зголемена за 9,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6%), Преработувачка индустрија (11,7%) и Уметност,забава и рекреација (11,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,8%), Административни и помошни услужни дејности (5,0%) и Преработувачка индустрија (2,8%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62.573 денари.

Продолжи со читање

Останато

Министерката за финансии, Димитриеска Кочоска на настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“

Објавено

на

Во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think, денеска ќе се одржи настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“.

Како што е најавено од организаторите, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, ќе учествуваат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и претседателот на Фискалниот Совет на РСМ, Глигор Бишев.

Презентација на студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“ ќе има Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“ – Институт за економски истражувања и  политики.

Продолжи со читање

Останато

Црна Гора прва од Балканот стана дел од СЕПА зоната

Објавено

на

Црна Гора официјално стана дел од Единствената зона за плаќање во евра (SEPA), потврдувајќи го овој важен чекор за финансиската интеграција на земјата во Европската Унија. Преку успешното усогласување на националниот платен систем и регулативата со стандардите на ЕУ, Црна Гора стана првата земја од Западен Балкан која пристапува во СЕПА.

„Црна Гора, под водство на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), успешно ги усогласи националниот платен систем и регулативата со стандардите на Европската Унија (ЕУ), станувајќи првата земја од Западен Балкан која пристапува кон СЕПА“, се наведува во соопштението на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и Европскиот совет за плаќања.

Овој потег ќе овозможи од април 2025 година, црногорските финансиски институции да започнат со испраќање и примање СЕПА кредитни трансфери, моментални трансфери и директни задолжувања со минимални или без никакви трошоци. Ова ќе ја поедностави и забрза размената на плаќања со земјите од Европската Унија, и ќе ги направи трансакциите поповолни за граѓаните и компаниите.

Гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирина Радовиќ, изрази уверување дека ова е значаен чекор за финансиската интеграција на земјата со ЕУ, додека директорот на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли, го оцени овој напредок како потврда на европската определба за унапредување на електронските плаќања во регионот.

Продолжи со читање

Популарно