Connect with us
no baners

Останато

Ирена Вурмеска Боцевска е најдобриот службеник од Штедилница Можности за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Ирена Вурмеска Боцевска од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар службеник во 2025 година. Ирена е раководител во Службата за логистика на продажба, која веќе 15 години е дел од тимот на Секторот трансакции и логистика на продажба во Штедилницата.

„Упатуваме искрени честитки до нашата колешка Ирена Вурмеска Боцевска од Сектор Трансакции и логистика на продажба, која оваа година беше избранa за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.” – велат од Штедилница Можности.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Останато

Комисијата за хартии од вредност објави конкурс за Годишна награда за најдобар научен труд

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија распиша конкурс за Годишна награда за најдобар труд од млади истражувачи во областа на пазарот на капитал за 2026 година. Целта на конкурсот е да се поттикне и афирмира научно-истражувачкиот труд и развој на научната мисла, особено меѓу младите експерти и истражувачи. 

На конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија до 35 години, со објавени научни трудови од областа на пазарот на капитал, објавени по 1 јануари 2025 година. Авторот може да поднесе само еден труд, самостојно или со еден коавтор, а трудовите може да бидат поднесени на македонски или албански јазик. 

За учество, кандидатите треба да приложат кратка биографија (CV), изјава за оригиналност и согласност за објавување на трудот, согласно упатствата што се дел од конкурсот, и да ги испратат документацијата и самиот труд електронски на конкурсната адреса: [email protected]

Комисијата ќе формира четиричлен Одбор за оценување, кој анонимно ќе ги вреднува пристигнатите трудови според строго утврдени критериуми. 

Највисоката награда за прворангираниот труд изнесува 90,000 денари нето, а ако Одборот оцени дека второрангираниот труд заслужува посебна награда, може да додели и втора награда во износ од 50,000 денари нето. Доколку, пак, Одборот најде дека ниту еден труд не ги исполнува критериумите за највисок квалитет, може да не се додели награда. 

Крајниот рок за поднесување на трудовите е 1. мај 2026 година, а Комисијата ќе ги соопшти резултатите преку официјално соопштение на нејзината веб-страница. 

Продолжи со читање

Бизнис

Платите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!

Објавено

на

Синдикатот на управата и правосудството – УПОЗ, соопшти дека на денешната средба со Владата на РМ е прифатено нивното барање за етапно зголемување на платите преку поединечни колективни договори. Одлуката следува по големиот работнички протест одржан на 28 јануари.

Според УПОЗ, новото зголемување на платите е повисоко од веќе обезбеденото со Општиот колективен договор за јавниот сектор, а во пресметката на платите останува минималната плата како основна компонента. Иницијативата продолжува и во однос на покачувањето на минималната плата за сите работници.

Дополнително, платите во единиците на локалните самоуправи ќе можат да се зголемуваат преку склучување на поединечни колективни договори, како дел од стратешкиот пристап за унапредување на работничките права и условите за вработените во јавната администрација.

Продолжи со читање

Бизнис

Премиерот на средба со УПОЗ: Владината понуда за раст на платите добива синдикална поддршка!?

Објавено

на

Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе оствари средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ, закажана за 16:45 часот. Средбата следи по изјавата на УПОЗ дека понудата на Владата за раст на платите е прифатлива и дека дополнително ќе се разгледува во рамките на синдикалните органи.

Претходно, владината понуда беше прифатена и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски, што укажува на поширока синдикална согласност околу предложениот модел.

Во изјава за медиумите, Мицкоски посочи дека понудата е на маса повеќе од една година и дека Владата е подготвена за финализирање и потпишување на колективен договор за државните службеници.

Говорејќи за разговорите околу минималната плата и зголемувањето на платите во јавната администрација, премиерот истакна дека Владата има јасно дефинирана формула за пресметка на платите, која предвидува етапно зголемување на примањата.

„Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата“, изјави Мицкоски.

Разговорите продолжуваат со цел постигнување конечен договор и обезбедување одржливо решение за платите во јавниот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange