Продукти
Групацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
Естонската групација Иуте, дигитална банкарска група која оперира во Југоисточна Европа, официјално го објави основањето на Iute Affinity, нова групациска подружница посветена на целосно дигиталниосигурителни решенија и оперативна поддршка. Со овој чекор, Иуте дополнително ја зајакнува својата стратегија за интегрирање на осигурувањето како клучен дел од дигиталното банкарско искуство.
За Извршен директор на Iute Affinity е назначена Алма Рибановиќ, искусен професионалец со повеќе од 20 години работа во банкарство, осигурување и развој на стратешки партнерства, со посебен фокус на вграденитеосигурителни решенија.
Според Алар Нинепу – Групациски комерцијален директор и ко-основач на групацијата, создавањето на Iute Affinity овозможува осигурувањето да стане составен дел од услугите и постоечкиот екосистем на Иуте.

„Со Iute Affinity, осигурувањето повеќе нема да биде одвоен производ, туку природен дел од дигиталното искуство во MyIute супер-апликацијата. Преку директни партнерства со водечки глобални осигурители како Allianz Partners, SIGAL и MediGuide, ќе обезбедиме целосно дигитални и персонализирани решенија не само занашите клиенти, туку и за клиентите на нашите партнери,“ изјави Нинепу.
Iute Affinity нема да дејствува како осигурител, туку како платформа која го вградува осигурувањето директно во екосистемот на Iute. Ова значи дека корисниците ќе можат да добијат здравствено, имотно и друго осигурување без потреба од комуникација со надворешни провајдери, додека процесите за пријава на штети и поддршка ќе се одвиваат во рамките екосистемот и платформите на Иуте, што ќе резултира во подобро и побрзо решавање на штети, поплаки и прашања од клиентите, појасна комуникација, конзистентност и поголема доверба во брендот.

„Луѓето не го доживуваат осигурувањето како самостоен производ, туку во контекст на секојдневните моменти – плаќање, патување или купување, и едноставно очекуваат целиот процес да функционира непречено, во реално време и без стрес. Визијата на Iute Affinity еосигурувањето да стане природен дел од тие моменти, вградено во дигиталното корисничко патување” посочи Рибановиќ.
Во првата фаза, Iute Affinity ќе ги поддржува постоечките пазари на групацијата и ќе соработува со меѓународни осигурителни компании за унапредување на дигиталното преземање ризик, автоматизацијата на штети, превенцијата од измами и аналитиката на податоци.
Долгорочната визија на Iute Affinity е да стане водечка платформа за осигурителни решенија која ќе ги поддржува не само групациските активности и корисници, туку и платформи, даватели на услуги, производители, онлајн трговци и други играчи кои сакаат да вградат осигурување во сопствените кориснички патувања.
Iute Affinity како прв и водечки производ во својата стратегија, ќе лансира патничко осигурување со дополнителни здравствени услуги преку претплата, како и ново осигурување за заштита на плаќањата за клиентите на Iute во Молдавија и Бугарија.
Банки
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за граѓаните кои сакаат да ги реализираат своите планови и идеи.
Кредитот се одобрува со фиксна каматна стапка од 5,5% во евра, со можност за износ до 32.500 евра и рок на отплата до 84 месеци, што овозможува флексибилност и стабилност при отплатата.
Од банката посочуваат дека вистинската поддршка е клучна за претворање на идеите во реалност, нагласувајќи дека ваквите финансиски производи се создадени токму за да им помогнат на клиентите во вистинскиот момент.
Заинтересираните можат да се информираат во најблиската експозитура или да стапат во контакт преку телефонскиот број 02/3102-500, како и преку официјалниот линк за локации на експозитури.
Со оваа понуда, Капитал банка продолжува да нуди достапни финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите.
Банки
ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор
Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.
Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.
Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.
„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.
Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.
За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.
ПР објава
Банки
Приспособи ја ратата според твојот буџет со новиот потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“.
Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети.
Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна картичка и дозволено пречекорување по платежна сметка, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.
Кредитот е наменет за нови планови, реновирање, патување или другите значајни животни чекори.
Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.
За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk.
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка



