Connect with us

Бизнис

FlexCredit: Романија покажа што значи „сплотени за извонредност“

Објавено

на

FlexCredit Романија на 13 септември, под мотото „United, stronger for Excellence“, се одржа Годишната продажна конференција, настан кој не беше само анализа на постигнатото, туку вистинска прослава на заедништвото, синергијата и визијата.

Присуството на колеги од повеќе држави од групацијата, меѓу кои и од FlexCredit Македонија, беше потсетник дека културните и пазарните разлики не се пречка, туку предност. Кога има меѓусебна поддршка и искрена соработка, резултатите не само што се подобри, туку и потрајни.

Конференцијата ги отвори прашањата што се важни и за македонскиот пазар: Како да се гради успех преку доверба? Како да се задржи човечкиот фокус во дигитална ера? И како секоја иновација, секој нов клиент претставува дел од поголема, долгорочна стратегија?

FlexCredit во регионов не е само финансиска институција. Тоа е тим што дише како едно. И токму затоа извонредноста не е случајност, туку избор, направен секој ден, од секој член на оваа приказна, која не потсети дека вистинскиот успех секогаш започнува со луѓето.

ПР Објава: Овој текст е изработен од FlexCredit. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

no baners

Бизнис

Илон Маск предупредува: САД на работ на финансиски колапс!

Објавено

на

Илон Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, повторно алармира за сериозните ризици од растечкиот јавен долг на САД, предупредувајќи дека земјата се соочува со „практичен финансиски колапс“ доколку не се забрза технолошкиот развој и не се стави под контрола задолжувањето.

Според Маск, националниот долг на САД надминува 38,5 трилиони долари, додека годишните каматни плаќања се приближуваат до 1 трилион долари, износ што е поголем од буџетот за одбрана. Ова, како што истакнува Маск, создава сериозен фискален притисок и ја ограничува долгорочната економска стабилност.

„Без значителни иновации во вештачката интелигенција и роботиката, САД 1.000 проценти ќе банкротираат“, изјави Маск, нагласувајќи дека токму технолошкиот напредок може да обезбеди побрз економски раст и да ѝ даде на земјата време за фискална консолидација.

Тој додава дека развојот на напредните технологии може да доведе и до дефлациски притисоци, поради побрз раст на производството и услугите во однос на паричната маса, што дополнително го зголемува реалниот товар на долгот.

Иако, статусот на доларот како светска резервна валута ѝ овозможува на Америка поголема флексибилност во задолжувањето, Маск предупредува дека таквиот модел не е одржлив без сериозни инвестиции во технологија и продуктивност.

Во услови на растечки буџетски дефицити и зголемена загриженост за одржливоста на јавните финансии, пораката на Маск повторно ја отвора дебатата за улогата на иновациите како клучен фактор за долгорочна финансиска стабилност.

Фото: gazeta.ru

Продолжи со читање

Бизнис

Лагард бара европска платна независност: Може ли “Wero” да ја прекине доминацијата на американските Visa и Mastercard?

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика европските носители на одлуки итно да развијат домашна дигитална платна инфраструктура, предупредувајќи дека речиси секоја картична или мобилна трансакција на европските граѓани денес поминува низ системи под контрола на американски или кинески компании.

Неколку дена по нејзината порака, на 2 февруари, Европската иницијатива за плаќања (EPI) и сојузот EuroPA потпишаа договор за изградба на паневропска интероперабилна платна мрежа која би опфатила околу 130 милиони корисници во 13 земји. Срцето на системот е дигиталниот паричник Wero, замислен како европска алтернатива на Visa, Mastercard и PayPal.

Проблем за кој ретко се зборува

Секојпат кога жител на ЕУ плаќа со картичка, онлајн или дели сметка преку апликација, податоците за трансакцијата, кој што купил, каде, кога и за колку – поминуваат низ инфраструктура во сопственост на компании како Visa, Mastercard, PayPal и слични.

Картичните плаќања сочинуваат околу 56% од сите безготовински трансакции во ЕУ, додека Visa и Mastercard заедно годишно обработуваат околу 24 трилиони долари трансакции ширум светот.

Лагард во интервју отворено изјави дека Европа мора да има „дигитални плаќања под сопствена контрола“. Во геополитичка средина во која ЕУ настојува да ја намали зависноста од САД во областа на енергетиката, одбраната и трговијата, платните системи останаа речиси незабележана стратешка ранливост.

Искуството на Русија дополнително ја засили загриженоста. По западните санкции во 2022 година и исклучувањето од системите Visa и Mastercard, домашните плаќања во таа земја беа сериозно нарушени. Прашањето што сега се поставува во Брисел гласи: Што ако ЕУ еден ден биде изложена на сличен притисок?

Wero – европски одговор

EPI, конзорциум од 16 големи банки и платни процесори, меѓу кои BNP Paribas, Deutsche Bank и Worldline, го лансираше Wero во јули 2024 година.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма

Објавено

на

Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника за урологија во Скопје, кој е на меѓународна програма за едукација по роботска хирургија во Кина, доби признание за „Outstanding Fellow“, доделено во рамки на годишното собрание на болницата First Affiliated Hospital of Guangzhou Medical University во Гуангжу, каде што ја обавува едногодишната fellowship програма.

Станува збор за високо-специјализирана програма која се реализира во рамки на глобалната Endourological Society – водечка светска организација во областа на минимално инвазивната и роботската уролошка хирургија. Програмата овозможува интензивна практична обука и директно учество во комплексни роботски хируршки процедури со најсовремени технолошки системи.

Инаку признанието се доделува на учесници кои покажале исклучителни професионални резултати, посветеност и високо ниво на експертиза во текот на програмата.

Неговата едногодишна програма завршува наскоро, по што ќе се врати дома сертифициран за работа на робот. Со стекнатото знаење и практично искуство во областа на роботската хирургија, д-р Станков изразува подготвеност и амбиција да придонесе кон развојот на оваа високо-софистицирана медицинска гранка во земјата, со цел воведување и унапредување на најсовремените, минимално инвазивни хируршки техники.

„Се надевам дека знаењето стекнато во еден од најнапредните центри за роботска урологија ќе имам прилика да го споделам и имплементирам кај нас. Верувам дека Македонија ќе создаде клима и услови за да ги овозможиме придобивките од роботската хирургија и за нашите граѓани“, изјави д-р Станков.

Роботската хирургија претставува глобален тренд во современата медицина, овозможувајќи поголема прецизност, побрзо закрепнување и подобри клинички резултати за пациентите. Со неговото враќање, Македонија добива дополнителен капацитет за развој на оваа област и можност за приближување кон светските стандарди во уролошката хирургија.

Инаку ова е второ признание на Д-р Станков, тој претходно победи на натпреварот на млади уролози во Кина, каде од вкупно 200 учесници тој го освои првото место за најдобра презентација на операција. Натпреварот беше следен онлајн од 9000 уролози од цела Кина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange