Интервјуа
FinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно
Македонија губи над половина милијарда евра годишно поради сивата економија, а готовината останува еден од клучните механизми преку кои се одвиваат даночните злоупотреби. Според проценките, меѓу 20 и 35 проценти од БДП се генерираат во неформалната зона и надвор од целосна даночна евиденција.
Во најновата епизода на FinSight, даночниот експерт Павле Гацов посочува дека проблемот не е само во „платата во плик“ или неиздавањето фискални сметки, туку во системската зависност од кеш трансакции, кои овозможуваат прикривање на реалниот промет.
60% од загубите почнуваат од фискалната сметка
Според анализите, значителен дел од даночните загуби се поврзани со неиздавање фискални сметки. Овој механизам не само што го намалува приливот во буџетот, туку создава и простор за нелојална конкуренција и коруптивни практики.
„Готовината ја олеснува сивата економија. Колку повеќе кеш во оптек, толку поголем простор за непријавен промет“, потенцира Гацов.
Над 100.000 лица во неформална работа
Проблемот е особено изразен во земјоделството и градежништвото, но присутен е и во личните услуги. Дел од компаниите пријавуваат минимална плата, додека остатокот го исплаќаат во кеш. Ова директно влијае врз пензискиот стаж и идните права на работниците.
Решението лежи во дигитализација и ограничување на кешот
Експертите предлагаат комбинација од стимулативни и репресивни мерки:
-целосна имплементација на е-Фактура
-дигитална фискална сметка
-е-испратница
-стимулирање на безготовински плаќања
-дестимулирање на користење готовина
Според Гацов, клучно е да се намали просторот за кеш трансакции и да се направи дигиталната трага задолжителен дел од економските односи.
Дали проблемот се високите давачки?
Се отвора и прашањето дали високите придонеси ги туркаат компаниите кон избегнување обврски или станува збор за култура на непочитување на правилата. Дополнително, одржливоста на фондовите за здравство и пензиско осигурување бара нови и стабилни извори на финансирање.
Мој ДДВ – делумно решение?
Мерката „Мој ДДВ“ донесе одредени резултати во поттикнување на барање фискални сметки, но според експертите, без системска дигитализација и намалување на кеш економијата, ефектите остануваат ограничени.
Заклучокот е јасен: готовината не е само средство за плаќање, таа е структурен ризик за јавните финансии.
Дали ограничувањето на кешот е следниот логичен чекор во борбата против сивата економија?
Одговорите во FinSight, со даночниот експерт Павле Гацов и Наташа Мерсовска.
Интервјуа
Како треба да се обележуваат рекламите на инфлуенсерите? Ѓорѓиески во FinSight за новите правила
Во новата епизода на FinSight, Владимир Ѓорѓиески зборува за Законот со кој се поставуваат правила за инфлуенсерите и за насоките што ги изработи АВМУ со цел поголема транспарентност во дигиталниот простор.
Според него, регулаторот подготвил водич кој јасно дефинира како треба да бидат обележани рекламните содржини.
„АВМУ изработи водич со кој се регулира начинот на обележување на објавите, рекламите и спонзорствата“, објаснува Ѓорѓиески.
Целта, како што посочува, е публиката јасно да знае кога станува збор за платена содржина.
„Ова има за цел да се обезбеди транспарентност, односно граѓаните да бидат информирани дека гледаат реклама“, вели тој.
Водичот предвидува неколку конкретни обврски. Меѓу нив е јасно означување дека станува збор за реклама, користење на македонски јазик во објавата, како и употреба на соодветни хаштази.
„Треба недвосмислено да биде наведено дека се работи за реклама или спонзорирана содржина“, нагласува Ѓорѓиески.
Истовремено, инфлуенсерите имаат повеќе опции за означување, од кои можат да изберат форма што најмногу одговара на нивниот формат и платформа.
„Постојат повеќе начини на обележување, а инфлуенсерите треба да одберат кој модел најмногу им одговара, се додека е исполнета обврската за транспарентност“, додава тој.
Дали овие правила ќе донесат поголема доверба во дигиталните содржини и појасни граници меѓу реклама и лично мислење?
Интервјуа
Кои инфлуенсери ќе бидат под регулација? Ѓорѓиески во FinSight ги објаснува трите најзначајни критериуми
Во новата епизода на FinSight, Владимир Ѓорѓиески зборува за Законот со кој се поставуваат правила и ограничувања за инфлуенсерите и појаснува кои субјекти ќе влезат под регулаторна рамка.
Според него, постојат три клучни критериуми што треба да бидат исполнети за еден инфлуенсер да се смета за субјект на регулација.
„Првиот критериум е квантитативниот – инфлуенсерот треба да има над 10.000 следбеници или претплатници“, објаснува Ѓорѓиески.
Вториот критериум се однесува на континуитетот на активност.
„Потребно е да има најмалку 24 објави во рок од една година, односно да се утврди континуитет во вршењето на дејноста“, вели тој.
Сепак, според Ѓорѓиески, најзначајниот услов е поврзан со економската активност.
„Најбитниот критериум е да се остварува економска активност. Само тогаш може да се смета дека субјектот треба да биде под регулација“, нагласува тој.
Под економска активност, како што појаснува, се подразбираат спонзорства, реклами или која било форма на соработка од која инфлуенсерот има финансиска или економска корист.
„Доколку постои економска полза – тогаш станува збор за дејност која подлежи на одредена регулаторна рамка“, додава Ѓорѓиески.
Дали овој закон ќе донесе поголема транспарентност или ќе отвори нови дилеми за дигиталниот простор? Целото објаснување и анализа – во новата епизода на FinSight, достапна на YouTube.
Интервјуа
Инфлуенсерите незадоволни од законот – Ѓорѓиески од АВМУ го брани ставот во FinSight
Новиот закон што ги засега дигиталните креатори предизвика силни реакции во јавноста и отвори дебата за тоа каде завршува слободата на изразување, а каде започнува регулацијата. Дел од инфлуенсерите тврдат дека предложените решенија не се добри, дека носат дополнителен финансиски товар и дека може да влијаат врз креативната слобода на дигиталната сцена.
Во новата епизода разговараме со Владимир Ѓорѓиески, од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), институцијата која стои зад примената на регулативата. Во интервјуто тој детално ги објаснува клучните одредби од законот,ќ и појаснува каде, според него, настануваат недоразбирањата.
Фокусот на разговорот е ставен на неколку суштински прашања:
Кои членови од законот предизвикуваат најмногу реакции?
Дали инфлуенсерите официјално доставиле забелешки и што бараат?
Дали спорот е исклучиво финансиски или станува збор и за пошироко прашање на дигитална слобода?
Како да се воспостави рамнотежа помеѓу регулацијата и правото на јавно изразување?
Во време кога дигиталните платформи стануваат сè повлијателни во креирањето јавно мислење, прашањето за нивна регулација станува сè поактуелно. Дали станува збор за неопходно уредување на пазарот или за чекор што предизвикува нови поделби?
Целото интервју е достапно на нашиот YouTube канал.
Новинар: Наташа Мерсовска
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор





