Интервјуа
FinSight Интервју: Зоран Кочоски | Агенција за посредување при вработување во странство | Kouzon
Во втората епизода на FinSight – емисија на Bankarstvo.mk, зборуваме за еден од најактуелните проблеми во македонската економија – недостатокот на квалификуван кадар.
– Зошто младите си заминуваат од земјава?
– Колку ја чини државата „одливот на мозоци“ секоја година?
– Зошто странските компании носат “свои” луѓе на раководни позиции?
– Какви се разликите во платите помеѓу Македонија и европските земји?
– Кои се најпосакуваните дејности во Македонија?
– Што треба да се промени за да го запреме овој тренд?
Следи ја дискусијата и дознај кои се реалните причини, последици и можни решенија за проблемот со недостиг на кадар во Македонија.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
FinSight | Борче Треновски: Инфлацијата доаѓа во бранови – од горивото до платите
Разговараме со универзитетскиот професор Борче Треновски за тоа како се пренесува инфлацијата низ економијата и зошто ефектите не се чувствуваат веднаш.
Според него, инфлаторниот притисок не доаѓа одеднаш, туку се развива во неколку фази.
„Треба да размислиме како делува овој инфлаторен бран“, вели Треновски.
Првиот удар, објаснува тој, доаѓа од растот на цените на енергенсите, особено на нафтата и горивата.
„Најпрво се зголемуваат цените на нафтата, односно бензинот на бензиските пумпи, што го гледаме во моментов“, посочува Треновски.
Овој раст не се пренесува веднаш во останатите сектори, но ефектите почнуваат да се чувствуваат по краток период.
„Овие зголемувања не влијаат веднаш на транспортот и логистиката, но по 1 до 3 недели почнуваат да се пренесуваат“, вели тој.
Според Треновски, овој процес постепено го зафаќа целото општество.
„Влијае насекаде – и кај оние што носат леб во пекарите, и кај бизнис секторот, и кај професорот кој оди на работа“, објаснува тој.
Во следната фаза, по околу шест недели, инфлаторниот бран се прелева во пошироката економија.
„Потоа се пренесува во индустријата, автомобилскиот сектор, градежништвото, производството на храна и земјоделството“, додава Треновски.
Најкритичната фаза, според него, е кога инфлацијата ќе се „вгради“ во очекувањата на граѓаните.
„Четвртиот бран е кога се вклучуваат инфлациските очекувања – луѓето веќе очекуваат раст на цените и бараат повисоки плати бидејќи стандардот се намалува“, нагласува тој.
Колку силен ќе биде овој процес, зависи од траењето и интензитетот на почетниот шок.
„Во зависност од тоа колку ќе трае и колку ќе биде силен нафтениот шок, ќе зависи и колкав ќе биде инфлаторниот притисок“, заклучува Треновски во разговорот за FinSight.
Интервјуа
Доцните мерки создаваат шпекулации и притисок врз цените, вели Треновски во FinSight
Во новата епизода на FinSight разговараме со универзитетскиот професор Борче Треновски за навременоста на економските мерки и нивното влијание врз пазарот.
На прашањето од Наташа Мерсовска дали институциите задоцнуваат со реакцијата и дали треба веднаш да се делува, Треновски истакнува дека брзината е клучна, но реалноста често е поинаква.
„Треба што поскоро да се реагира, но реалноста е дека се чека за да се донесат мерки“, вели Треновски.
Според него, ваквото одложување создава простор за шпекулации и неизвесност на пазарот.
„Кога се чека, почнуваат шпекулации во медиумите – дали ќе има мерки, дали ќе се делува со акцизите… Тоа не смееме да го дозволиме, бидејќи директно влијае врз цените на било кој пазар“, посочува тој.
Треновски потсетува дека слична ситуација веќе се случила со цените на одредени производи во изминатиот период, кога неизвесноста дополнително ја засилила ценовната нестабилност.
Решението, според него, е јасна и навремена комуникација од институциите.
„Треба што побрзо да се излезе со јасна политика – како ќе се делува, во кој период и на каков шок со која мерка ќе се одговори“, нагласува Треновски.
Целта, додава тој, е да се намали неизвесноста кај граѓаните и бизнисите.
„Само така може да се смират граѓаните и да се создаде предвидливост за тоа што ќе се случува во иднина“, заклучува Треновски во разговорот за FinSight.
Интервјуа
FinSight | Борче Треновски | Горивата поскапуваат, дали следува нов инфлаторен бран?
Во услови на нагло поскапување на горивата на домашниот пазар, се отвораат сериозни дилеми за тоа како овој тренд ќе се одрази врз инфлацијата, цените и животниот стандард на граѓаните.
Во изминатите две недели, цената на дизелот се зголеми за 21 денар по литар, додека бензините поскапеа за 12 денари – раст кој веќе предизвикува загриженост кај граѓаните и бизнис заедницата.
Дали ова е вовед во нов инфлаторен бран? Колку поскапите енергенси ќе влијаат врз транспортот, производството и крајните цени? И дали институциите реагираат навреме?
На овие прашања одговара универзитетскиот професор Борче Треновски во новото издание на емисијата Финсајт.
Во интервјуто, Треновски анализира дали економијата се соочува со нов ценовен шок, какви мерки треба да преземат креаторите на економските политики, дали се очекува раст на каматните стапки, како да се заштити животниот стандард на граѓаните и какви се сценаријата доколку глобалната неизвесност со нафтата продолжи.
Дополнително, се отвора и прашањето за геополитичките ризици и нивното влијание врз снабдувањето со нафта, како и можноста цената на барел да достигне 150 долари.
Интервјуто со професорот Треновски нуди сеопфатен осврт на актуелните економски случувања и дава јасна слика за тоа што ја очекува македонската економија во периодот што следи.
Новинар: Наташа Мерсовска
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците



