Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.
На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.
„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, известуваат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
Банки
ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.
Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!
Банки
Стопанска банка АД – Скопје: Неработен ден по повод празникот Рамазан Бајрам
Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека дека по повод празникот Рамазан Бајрам, филијалите на Банката нема да работат на 20.03.2026 (петок).
За време на празникот, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.
ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, платформата МИПС нема да биде оперативна за трансакции на 20 март 2026 година.
Вработените и менаџментот на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници од муслиманската вероисповед им го честитаат празникот.
Банки
Депозитите на домаќинствата и кредитите продолжуваат да ја поттикнуваат економијата
Во февруари 2026 година, паричната маса во Република Северна Македонија бележи минимален месечен пад од 0,1%, пред сè поради намалување на депозитните пари и краткорочните депозити, додека готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години продолжуваат да растат. Годишниот раст на паричната маса изнесува 10,4%, со главен придонес од депозитните пари и краткорочните депозити, како и од готовите пари во оптек.
Депозити и кредити на корпоративниот сектор
Депозитите на корпоративниот сектор во февруари забележаа месечен пад од 1,7%, пред сè кај краткорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити и краткорочните во странска валута пораснаа. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемија за 9,0%. Кредитите на корпоративниот сектор бележат месечно благо намалување од 0,2%, поради пад на кредитите во странска валута, додека на годишна основа растот изнесува 14,3%, пред сè благодарение на зголеменото кредитирање во денари.
Депозити и кредити на домаќинствата
Депозитите на домаќинствата пораснаа за 0,8% на месечно ниво, со најголем придонес од депозитните пари и долгорочните депозити во денари. Годишниот раст на депозитите изнесува 11,4%. Кредитите на домаќинствата се зголемија за 0,7% месечно и 11,3% годишно, со главен придонес од кредитите во денари.
Потрошувачките кредити бележат месечен раст од 0,8% и годишен од 10,6%, станбените кредити се зголемија за 1,1% месечно и 16,1% годишно, додека автомобилските кредити пораснаа за 1,5% месечно и 3,0% годишно. Кредитите на картички забележаа намалување од 1,6% месечно и 5,1% годишно.
Во февруари, негативните салда на тековните сметки паднаа за 0,8% на месечно ниво, со годишен раст од 0,8%, додека другите кредити бележат намалување од 0,7% месечно и 11,2% годишно.
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка



