Connect with us
no baners

Банки

„Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка, како банка-лидер во дигитализацијата на банкарските услуги во земјава, за првпат на пазарот воведува „Digital first“ – иновативна услуга која обезбедува вистинско дигитално банкарско искуство. Со „Digital first“, клиентите можат да ја добијат својата нова платежна картичка во дигитална форма веднаш по нејзиното одобрување, имајќи ги своите финансиски средства на дофат на рака, без одложување. Со ова, физичката картичка станува опционална и повеќе не е предуслов за почеток на користење.

Откако преку СМС порака ќе го добие четирицифрениот ПИН код, клиентот може веднаш, преку NLB Pay апликацијата, да ја додаде својата дигитална картичка во дигиталните паричници Apple Pay, GPay, Garmin pay, Apple wallet, по што истата е веднаш функционална и достапна за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

Со „Digital First“, НЛБ Банка е уште еден чекор поблиску до обезбедување севкупно дигитално банкарско искуство. Следејќи ги глобалните трендови и поставувајќи стандарди на домашниот пазар, НЛБ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации и обезбедување врвно корисничко искуство за своите клиенти.

Услугата „Digital first“ е достапна за сите клиенти, нови, но и постоечки клиенти кои ќе аплицираат за нова или дополнителна картичка.

НЛБ Групација воведува нов стандард во регионот

Воведувањето на услугата „Digital first“ е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата за развој на современи, едноставни и ефикасни решенија за плаќање, за сите свои клиенти во регионот. НЛБ Банка Скопје е меѓу првите банки-членки која ја воведува услугата веднаш по NLB d.d. Истовремено, услугата ја лансираат банките-членки во Косово и двете банки во Босна и Херцеговина, а во јануари, услугата ќе биде достапна и за клиентите на НЛБ во Црна Гора и Србија.

НЛБ Групацијата е првата во регионот што им овозможува на своите клиенти да ја добијат картичката во дигитален паричник веднаш и без чекање, што е исклучителна предност. НЛБ Групацијата одигра и клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот.

Сето ова ја одразува нејзината амбиција да биде водечка и најиновативна финансиска Групација во Југоисточна Европа, двигател на промени и партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот.

Банки

Капитал Банка објави оглас за специјалист за платни системи во Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје објави оглас за вработување на специјалист за платни системи, со фокус на денарски платен промет, позиција која ќе се извршува во Скопје во рамки на организациската единица за платен промет и платежни системи.

Банката, која е специјализирана за обезбедување банкарски услуги за микро, мали и средни компании, бара кандидат кој ќе биде одговорен за прием, валидација и обработка на денарски платни налози, како и за следење на нивниот статус, рокови и евентуални отстапувања. Работната позиција вклучува и спроведување оперативни контроли, дневни усогласувања помеѓу платежните системи и главната книга, како и подготовка на соодветна документација.

Во описот на работните задачи се вклучени и обработка на рекламации, поврати и сторнации, комуникација со клиенти, филијали и други банки, како и следење и анализа на исклучоци и грешки со цел подобрување на процесите. Од избраниот кандидат се очекува и координација со ИТ тимовите при појава на инциденти, учество во тестирања на нови функционалности и ажурирање на процедурите и работните инструкции.

Позицијата подразбира одговорност за точноста и навременоста на обработката на плаќањата согласно утврдени стандарди, како и почитување на правилата за доверливост и заштита на податоци. Работата вклучува тесна соработка со повеќе интерни сектори, меѓу кои операции, сметководство, комплајанс, ризици и контакт центарот, како и комуникација со други банки и институции.

Кандидатите кои се заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 27 март 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.

Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.

За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

„Bank of America“ постигна спогодба во случајот поврзан со Џефри Епстин

Објавено

на

Американската финансиска институција „Bank of America“ постигна предлог-спогодба во граѓанската постапка поведена од жени кои ја обвинуваат банката за овозможување финансиски операции поврзани со сексуалните злосторства на Џефри Епстин, покажуваат судски документи.

Правните застапници на двете страни информираа дека е постигнат „основен договор“ на рочиште пред судијата Џед Ракоф во Окружниот суд на САД за Менхетн. За спогодбата да стане правосилна, потребно е нејзино одобрување од судот, при што страните имаат рок до 27 март да ја достават документацијата, а рочиштето за потврдување е закажано за 2 април.

Тужбата, поднесена во октомври од страна на тужителка под псевдонимот „Џејн До“, тврди дека банката игнорирала сомнителни трансакции поврзани со Епстин, и покрај достапни информации за неговите активности, ставајќи го профитот пред заштитата на жртвите. Од Банката ги отфрлија обвинувањата како неосновани, наведувајќи дека станувало збор за стандардни банкарски услуги.

Судијата Ракоф претходно оцени дека „Bank of America“ треба да се соочи со наводите дека свесно профитирала од активности поврзани со трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Во постапката се споменуваат и трансакции поврзани со Леон Блек, коосновач на „Apollo Global Management“, кој во 2021 година поднесе оставка по откритијата дека исплатил значителни средства на Епстин за консултантски услуги.

Доколку спогодбата биде одобрена, нема да се одржат закажаните сослушувања и судењето планирано за мај. Овој случај е дел од пошироки правни постапки поврзани со мрежата на Епстин, во рамки на кои веќе беа постигнати спогодби со „JP Morgan Chase“ и „Deutsche Bank“.

Џефри Епстин почина во 2019 година во затвор во Менхетн, додека го чекаше судењето за обвиненијата за трговија со луѓе, а неговата смрт беше официјално класифицирана како самоубиство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange