Компании
Даниел Алексовски е најдобриот службеник од Штедилница Можности за 2024 година
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Даниел Алексовски од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар службеник во 2024 година.
“Упатуваме искрени честитки до нашиот колега Даниел Алексовски од експозитурата во Куманово, од Сектор Деловна мрежа, кој оваа година беше избран за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.” – велат од Штедилница Можности.
Компании
Македонски Телеком ја претстави новогодишната кампања со порака за пријателство и толеранција
Во време кога светот е поделен повеќе од кога било, Телеком ја започнува својата Новогодишна кампања со пораката „Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат“. Кампањата инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето да се обидат да допрат до другите затоа што, и покрај разликите, сепак можеме да најдеме заеднички јазик.
Иако светот е поврзан повеќе од кога било, луѓето се сѐ повеќе поделени, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, прифаќајќи ги само оние коишто изгледаат, размислуваат и се однесуваат како нив. Оваа сѐ поизразена поделба ја слабее колективната способност за разбирање и прифаќање на различностите.
„Како бренд, ние сакаме да ги поврземе луѓето. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека е важно и можно да ги урнеме бариерите коишто нѐ оддалечуваат“, вели Улрих Кленке, Раководител за бренд во Дојче Телеком. „Нашата компанија е посветена на социјална кохезија и на поголема толеранција и на ниту еден начин не толерира омраза и провокации, дискриминација, расизам и екстремизам. Ние се залагаме за она што ги поврзува луѓето, општествата и културите.“
Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат
Новогодишниот филм е модерна бајка во која се раскажува приказна за две млади девојки, коишто живеат во различни светови, разделени со преграда од стакло. Но, и покрај разделеноста, тие сепак започнуваат блиско пријателство. Нивната детска отвореност и љубопитност триумфираат над невидливите бариери од предрасуди и тензии коишто општеството ги изградило помеѓу нив. Приказната води до еден моќен момент кога девојките разменуваат новогодишни подароци сфаќајќи дека цело време ја имале истата идеја. Едната девојка подарува цигла, а другата камен, симболизирајќи го нивниот заеднички план да го скршат стаклениот ѕид, еднаш и засекогаш. Кога бариерите од стакло се конечно скршени, девојчињата ставаат крај на физичката поделба што воедно претставува и почеток на нивната вистинска врска.
Телеком ја емитува својата Новогодишна кампања во десет земји низ Европа: Македонија, Словачка, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Полска, Романија, Чешка и Унгарија.
Видео спотот го режираше наградуваниот германски режисер Алекс Фаил, којшто стои зад познатите видео спотови како „The Small Escape“ или „Edekarus“. При снимањето му помагаше Мортимер Хохберг, директор на фотографија. Музиката ја компонираше германското студио Supreme Music.
Компании
Зајакнување на партнерството и тимскиот дух: Работен состанок на КБ Прво Пензиско Друштво и продажните агенти на Комерцијална банка
Изминатиот викенд се оддржа работен состанок на КБ Прво Пензиско Друштво со продажните агенти од продажната мрежа на Комерцијална банка АД Скопје, со цел зајакнување на партнерството кое трае со години.
Оваа активност, надвор од стандардната работна средина, создава дополнителен мотив за засилување на тимскиот дух и успешната соработка.
Со континуирана грижа и инвестиции во знаењето и професионалниот развој на своите вработени, како и на своите партнери-агенти, КБ Прво Пензиско Друштво се посветува на создавање на услови за успех. Компанијата верува дека нивниот успех е и успех на целата организација.
Оваа посветеност има за цел не само да го подобри квалитетот на услугата што ја нуди КБ Прво Пензиско Друштво, туку и да резултира со позадоволни членови и постигнување на успешни резултати.
Тимската соработка и позитивната енергија продолжуваат да бидат клуч за успехот на КБ Прво Пензиско Друштво.
Компании
80 години Народен театар Битола: Културата како темел за иднината, бизнисот како поддршка за нејзината трајност
Со голема свеченост, Народниот театар Битола ја прослави својата 80-годишнина – јубилеј кој ја слави не само историјата, туку и иднината на македонската култура. Во духот на ова значајно обележување, настанот доби уште поголема димензија со потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу Народниот театар Битола и MINT Fintech Group, предводени од директорот на театарот Васко Мавровски и извршниот директор на компанијата, Никола Јошевски.
Инвестицијата во културата: Визија за иднината
Во време кога културните институции се борат со предизвиците на современото општество, ваквите партнерства претставуваат пример за одговорност и визија. MINT Fintech Group, препознавајќи ја значајноста на Народниот театар Битола како столб на македонската култура, вложи во дигитализација на репертоарот и развој на едукативни програми за бон-тон, со посебен акцент на новата публика.
„Културата не е само наследство, туку и иднина. Веруваме дека инвестицијата во културните институции е инвестиција во заедницата, во младите и во вредностите кои ја дефинираат нашата земја“, истакна Никола Јошевски, генерален Директор на MINT Fintech Group.
Дигитализацијата на репертоарот ќе овозможи полесен пристап до театарските содржини, правејќи ги подостапни за публиката од сите возрасти, додека едукативните програми ќе поттикнат градење на културно свесна и одговорна публика, особено кај младите генерации.
Народниот театар Битола: 80 години културен амбасадор
Јубилејот беше одбележан со претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, која симболично ја врати публиката на почетоците на театарот, кога во 1944 година беше изведена првата претстава на македонски јазик. Директорот на театарот, Васко Мавровски, истакна дека овој настан не е само прослава, туку потсетник за трајноста и значењето на културата како дел од колективниот идентитет.
„80 години Народен театар Битола се 80 години приказни, емоции и неуморна посветеност кон уметноста. Благодарни сме што компании како MINT Fintech Group ја препознаваат важноста на театарот и ја поддржуваат неговата иднина“, рече Мавровски.
Културата и бизнисот: Зошто оваа синергија е клучна?
Во ерата на дигитализација, улогата на приватниот сектор станува клучна во поддршката на културата. MINT Fintech Group не само што го препознава ова, туку активно ја гради мостот помеѓу технологијата, бизнисот и културните вредности.
„Културата и бизнисот не се спротивности. Напротив, тие можат да работат заедно, да создаваат нови вредности и да ја инспирираат заедницата. Потпишувањето на овој меморандум е само почеток на една соработка која ќе донесе иновации и трајни промени“, изјави Јошевски.
Заедничка визија: Културата како приоритет
80-годишниот јубилеј на Народниот театар Битола е потсетник дека културата бара постојана грижа и иновација. Оваа соработка меѓу Народниот театар и MINT Fintech Group претставува пример за тоа како приватниот сектор може да ја поддржи културната сцена, обезбедувајќи ѝ ресурси и платформа за развој.
Бидејќи културата не е само минато, туку и иднина – а иднината е наша заедничка одговорност.
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери