Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност Број УП1 10-7 од 01.03.2024 година, одобрена е седмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.200.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во денарска противвредност.

Купувач на целата емисија на акции е институционалниот инвеститор на Банката ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт, со седиште во Ромерплац 33-37 (Rohmerplatz 33-37) 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.

Преку зголемувањето на основните средства, банката обезбедува унапредување на структурата и квалитетот на сопствените средства и оптимална адекватност на капиталот, како основа за континуирана поддршка на инвестициите на бизнис клиентите и физичките лица и раст на кредитното портфолио.

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка денес на ден 05.03.2024 година започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи

Објавено

на

ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка: Известување за измени на Законот за субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

По донесувањето на последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, Шпаркасе Банка ги известува студентите што се корисници на кобрендираната картичка за студентски оброк издадена од Шпаркасе Банка во соработка со Министерство за образование и наука, дека се врши измена во начинот на исплата на средствата за субвенциониран оброк – наместо на дневна, ќе се исплаќаат на неделна основа.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно