Банки
Објавени добитниците од наградната игра “Плаќам и добивам повеќе со Mastercard кешбек” на ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје ги објави добитниците од наградната игра „Плаќам и добивам повеќе со Mastercard® кешбек“ со Mastercard картичките на банката.
Наградната игра „Плаќам и добивам повеќе со Mastercard® кешбек“ беше организирана од страна на ТТК Банка АД Скопје. Беше наменета за сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија кои се корисници на дебитни и кредитни картички од брендот Mastercard® издадени од ТТК Банка АД Скопје, а се спроведe на сите физички и онлајн продажни места (плаќање преку интернет) во земјава, каде што се прифаќаат Mastercard® картичките.
Наградната игра започна на 20 ноември 2023 година и траеше до 20 јануари 2024 година.
Утврдувањето на добитниците кои ги исполниле поставените услови за наградната игра се изврши на 29.01.2024 година во деловните простории на Банката.
Добитниците на наградите се утврдени компјутерски според принципот „Прв дојден, прв услужен“, односно првите 500 (петстотини) лица кои направиле 5 (пет) поединечни трансакции сo Mastercard® дебитна или кредитна картичка, секоја со износ еднаков или поголем од 1.000 денари, во согласност со правилата на наградната игра.
За да проверите дали сте добитник на наградата „поврат на средства (кешбек)”, проверете на следниот ЛИНК.
Банката поединeчно ќе ги извести добитниците преку смс порака или на нивната електронска адреса.
Честитки до сите добитници! ТТК Банка им се заблагодарува на сите учесници во наградната игра.
Користете ги Mastercard картичките на ТТК Банка АД Скопје при секое плаќање, затоа што ви нудат бројни придобивки, поволности и задоволства.
Правилата за наградната игра и информациите за исплатата на повратот на средства се достапни на следниот линк.
Банки
Стопанската комора на Северозападна Македонија ги поздрави мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите.
Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки Народната банка испраќа јасна порака за поддршка на сеопфатните економски придобивки преку овозможување пониски трошоци за електронските плаќања за компаниите и обезбедување поголема достапност и ефикасност на платните услуги.
На средбата беше истакнато дека Народната банка продолжува со посветеност да ги унапредува условите во платниот систем, во согласност со европските стандарди и во насока на претстојното приклучување кон СЕПА, кое се очекува да започне на 6 октомври.

Во разговорот, и двете страни оценија дека стабилниот и конкурентен банкарски сектор е клучен за поддршка на стопанството, а Народната банка и натаму останува отворена за дијалог со деловната заедница со цел создавање подобра економска клима и пристап до квалитетни финансиски услуги.
Во однос на монетарната политика, гувернерот подвлече дека Народната банка внимателно ги следи економските текови и е подготвена да реагира соодветно со сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс и на цените.
Банки
Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и институциите

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.
Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.
Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.
Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.
Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.
Банки
Грција ги укинува банкарските провизии за подигнување готовина од банкомат!?

Од денес (11 август 2025), во Грција стапи на сила ново законодавство донесено од Министерството за економија и финансии, со кое се укинуваат речиси сите трошоци поврзани со подигање готовина од банкомати.
Новата регулатива има за цел да го олесни пристапот до готовина за граѓаните, да ја зголеми транспарентноста и да ја намали ценовната нерамнотежа помеѓу банките и давателите на платежни услуги.
Клучни новини од новата регулатива:
- Целосно укинување на провизиите за подигање готовина помеѓу сите банки кои учествуваат во националниот интербанкарски систем DIAS.
- Нема надоместоци за трансакции преку банкомати на трети страни во случаи кога постои директна или индиректна сопственичка поврзаност помеѓу банката на клиентот и давателот на банкомат услуги.
- Нула провизии за подигање готовина во рурални и општински заедници каде е достапен само еден банкомат.
- Максимален надомест од 1,50 евра за подигање готовина од банкомати на неповрзани трети страни (независни даватели на услуги), кој важи низ целата територија на државата.
- Бесплатна проверка на салдо за сите иматели на картички, без оглед на тоа од која банка потекнува картичката или кој е давателот на банкомат услугата.
- Фиксен надомест од 0,50 евра за дигитални дознаки (преноси на средства преку веб, мобилни апликации и интернет банкарство) кога се вршат преку трети страни, во согласност со банкарските тарифи.
Цел и очекувани ефекти
- Зголемување на конкуренцијата и правичноста помеѓу банкарските институции и алтернативните даватели на платежни услуги.
- Поттикнување на финансиската инклузија, особено во руралните и слабо достапни подрачја.
- Заштита на правата на потрошувачите и елиминирање на неосновани или непропорционални банкарски трошоци.
Според првичните анализи, реформата се очекува да донесе значителна заштеда за корисниците, особено за лицата кои често подигаат готовина или живеат во области со ограничен пристап до банкарски услуги.
Овој чекор на Грција е позитивен сигнал за други земји во регионот и Европската унија, каде прашањето за трошоците на основни банкарски услуги сè уште е предмет на дебата.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 1 месец
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 4 недели
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 4 недели
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје