Банки
Величковски од Народната банка: Рамковните договори со банките се клучна алатка за заштита на потрошувачките права
Граѓаните во кое било време можат да ги затворат платежните сметки и платежните картички, при што банките не смеат да наплатат надоместок за тоа, доколку договорот којшто клиентот го има со банката е постар од шест месеци. На барање на клиентот, банката е должна веднаш да ја затвори сметката, но доколку во договорот е предвиден отказен рок, тогаш банката има рок најмногу 30 дена за прекинување на услугата, којшто е утврден со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, објаснува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски, во интервју за емисијата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.
Правата и обврските за платежните услуги, како за банките, така и за граѓаните се уредуваат со рамковен договор. Оттаму, многу е важно граѓаните внимателно да го прочитаат пред да го потпишат. Доколку банката не обезбедува услуги во согласност со рамковниот договор, или, пак, надоместоците коишто ги наплатува не се во согласност со прописите, граѓаните имаат право да поднесат приговор до банката, како и поплака до Народната банка којашто соодветно ќе биде разгледана, укажува директорот Величковски. Тој посочува и дека граѓаните имаат право да ги заменат старите договори коишто ги склучиле пред примената на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, односно пред 1 јануари 2023 и да ги заменат со нови рамковни договори, со што би обезбедиле поголема правна заштита.
Величковски наведува дека доколку договорот којшто го има клиентот со банката е пократок од шест месеци, банката не смее да им наплати надоместок со којшто ќе оствари заработка, туку во висина на реалните трошоци коишто таа ги има за затворање на производот. „На пример, ако се обраќаме на 15-ти во месецот за да го прекинеме производот платежна сметка или платежна картичка, надоместокот којшто може да ни го наплати банката ќе изнесува една половина од надоместокот утврден во тарифникот за тој месец. Ако банката наплатува на пример 40 денари месечно за одржување на платежната сметка, а ние се обраќаме на 15-тиот ден од месецот, банката може да ни наплати само 20 денари за месечното одржување на платежната сметка. Доколку банката го наплатила надоместокот на почетокот на месецот, авансно, должна е да ни врати 20 денари при затворањето на платежната сметка“, појаснува Величковски. Тој додава дека истиот принцип се применува и кога граѓаните сакаат да затворат и дебитна или кредитна картичка, или, пак, одредени онлајн услуги како што е мобилното или електронското банкарство, или која било друга услуга за која банката наплатува одредено месечно или годишно одржување на сметката или производот.
Банки
Комерцијална банка генерален спонзор на боречкиот турнир „Македонски бисер“ – поддршка за вредности што траат 50 години
Педесет години традиција што гради успешна спортска приказна се јубилеј што заслужува поддршка и посветеност. Токму затоа, Комерцијална банка со особена чест беше генерален спонзор на јубилејното издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“.
Како еден од најпрепознатливите и традиционални спортски настани во државата, турнирот „Македонски бисер“, во организација на Боречкиот клуб Бучим, го афирмира борењето, кое е најтрофејниот спорт во Македонија, и претставува платформа за врвни спортски достигнувања и меѓународна промоција на земјата.
Оваа година, турнирот обедини врвни натпреварувачи од над 15 земји, со што уште повеќе се наметна како значаен спортски настан на регионално и светско ниво.
„Комерцијална банка со задоволство го поддржа јубилејното 50-то издание на турнирот ‘Македонски бисер’, кој со децении ја носи Македонија на меѓународната спортска мапа. Со поддршката на вакви врвни настани, вложуваме во спортот како двигател на позитивни вредности, во младите генерации и во континуитетот на традицијата што нѐ поврзува и нè претставува достојно пред светот“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг.
Банката останува посветен партнер на иницијативи што создаваат долгорочна вредност за заедницата и организираат врвни и меѓународно препознати спортски настани.
Банки
УНИБанка донираше современ медицински апарат за Клиниката „Козле“: Поддршка за деца со цистична фиброза и белодробни заболувања
УНИБанка изврши донација на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, преку која се набави најсовремен медицински апарат наменет за третман на пациенти со цистична фиброза и други белодробни заболувања.
Со оваа донација се унапредува физикалната респираторна терапија кај деца и возрасни пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други заболувања кои предизвикуваат задржување на густ секрет во дишните патишта. Новата опрема ќе овозможи поефикасен и помалку заморен процес на терапија и рехабилитација.

„Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, истакна Делчо Крастев, Претседател на Управниот одбор на УНИБанка.
Од Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје посочуваат дека апаратот претставува значајна поддршка во секојдневната терапија и рехабилитација на пациентите, овозможувајќи поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија, со што ќе се придонесе за подобар квалитет на здравствената грижа за пациентите.
Како општествено одговорна компанија, УНИБанка останува посветена на поддршка на проекти кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и поздрави идни генерации.



Банки
Македонија ја надмина границата од 5 милијарди евра девизни резерви: Народната банка со највисоко ниво во последните години
Официјалните девизни резерви на државата на крајот на април 2026 година достигнале 5,207 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во споредба со крајот на 2025 година, кога девизните резерви изнесуваа 4,925 милијарди евра, забележан е раст од околу 282 милиони евра или речиси 5,7 проценти.
Структурата на девизните резерви и натаму е доминантно насочена кон сигурни и ликвидни инструменти. Најголем дел од средствата, односно 70,8 проценти, се инвестирани во хартии од вредност, додека 16,8 проценти се чуваат во монетарно злато. Останатите 12,3 проценти се пласирани во валути и депозити.
Девизните резерви претставуваат еден од клучните показатели за макроекономската стабилност на земјата, бидејќи обезбедуваат поддршка за одржување на стабилноста на девизниот курс, навремено сервисирање на надворешните обврски и зачувување на довербата во финансискиот систем.
Растот на резервите во првите четири месеци од годината упатува на задржување на солидната надворешна позиција на економијата и дополнително ја зајакнува отпорноста на земјата кон евентуални надворешни економски и финансиски шокови. За Народната банка, одржувањето на соодветно ниво на девизни резерви останува еден од клучните предуслови за зачувување на монетарната и финансиската стабилност.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Останатопред 2 месеци
Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?
-
Бизниспред 1 месец
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година


