Connect with us

Берза

[Конференција на Македонска берза] Бујаре Абази: Довербата и интеграцијата клуч за развој на пазарот на капитал

Објавено

на

На 26 септември, 2025 година во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа дваесет и четвртата Годишна конференција. Овој форум на кој се анализираa состојбите и предизвиците на пазарот на хартии од вредност, треба ли регионот на ЈИЕ повеќе да се интегрира, какви се идните глобални пазарни трендови и добрите практики за корпоративно управување на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност.

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии м-р Гордана Димитриеска-Кочоска, Гувернерот на Народната банка Д-р Трајко Славески, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, М-р Бујаре Абази и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Бујаре Абази, во своето обраќање пред присутните истакна дека највисок приоритет за сите засегнати страни е развиен, конкурентен и интегриран пазар на капитал во европското семејство.

Нека оваа конференција биде уште посилен поттик да ги впрегнеме потенцијалите и расположливите капацитети за понатамошен раст и развој на пазарот на капитал. Без ваков пристап попусто е да очекуваме deus ex machina,“ рече Абази.

Таа нагласи дека клучна одредница на патот кон европските пазари е воспоставување правна рамка усогласена со регулативите на ЕУ. Во таа насока, КХВ активно учествуваше во подготовката на измените на Законот за финансиски инструменти и на Законот за проспекти и обврски за транспаранетност на издавачите на хартии од вредност, со што пазарните учесници добија дополнителен период за усогласување. Абази најави и серија специјализирани работилници што ќе се одржат во ноември во Скопје, во соработка со ЕБРД и под покровителство на Министерството за финансии на Луксембург, насочени кон пазарните учесници, котирани компании и другите засегнати страни.

Таа се осврна и на важноста на дигитализацијата, истакнувајќи дека интеграцијата со регионалните пазари е неизбежен процес за создавање синергија и нови инвестициски можности. „Комисијата за хартии од вредност целосно ги поддржува иницијативите за пазарно интегрирање,“ потенцира Абази, додавајќи дека веќе се одржани првични состаноци со регулаторите од повеќе земји од Централна и Југоисточна Европа.

Најскапата работа е довербата, која може да се стекне со години, а да се изгуби за секунди. Нашата регулаторна улога е таа доверба да ја чуваме континуирано што претставува вредност non plus ultra,“ подвлече претседателката на КХВ.

На крајот, м-р Абази упати повик за соработка: „Заедно можеме да создадеме иницијативи и проекти кои ќе донесат поголема ликвидност и конкурентност, но и иновации. Да имаме пазар кој не е само стабилен и доверлив, туку и пазар што е пример за визија, храброст и современост.

Фотографија: Ива Јовановиќ

Известува: Банкарство.мк од Охрид

Берза

На Македонската берза пуштени во тргување државни обврзници во вредност од 19 милиони евра

Објавено

на

Македонска берза соопшти дека во тргување се примени две емисии на 15-годишни државни обврзници, со вкупна вредност од 1,19 милијарди денари, односно околу 19,3 милиони евра.

Едната емисија се однесува на обврзници без девизна клаузула, во износ од 949,15 милиони денари, со фиксна каматна стапка од 5,10 проценти.

Втората емисија опфаќа хартии од вредност во вредност од 245,31 милиони денари, со девизна клаузула и фиксна каматна стапка од 4,85 проценти.

Тргувањето со овие државни обврзници на Македонската берза започнува од 31 март.

Продолжи со читање

Берза

Коефициентот цена-заработка по акција на Nvidia паѓа на седумгодишно најниско ниво поради глобалната неизвесност

Објавено

на

Додека глобалните берзи вртоглаво паѓаат поради продлабочувањето на конфликтот на Блискиот Исток, акциите на „Nvidia“, највредната компанија за чипови за вештачка интелигенција, паднаа за речиси 20% од рекордното високо ниво од октомври 2025 година.

Овој пад ја доведе компанијата на најниското ниво на коефициентот цена-заработка (PE) по акција од почетокот на 2019 година односно пред „ChatGPT“ да го започне бумот на вештачката интелигенција.

Причини за слабеењето се глобалните несигурности, особено ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кој влијае пред се на цените на енергенсите и инфлацијата, како и стравувањата дека зголемените трошоци за инфраструктура за ВИ кај „Microsoft“, „Alphabet“ и „Amazon“ ќе им биде потребно подолго време за да се исплатат.

И покрај падот на акциите и зголемените ризици, „Nvidia“ и понатаму забележува високи бруто маржи од 75% и аналитичарите ја зголемуваат прогнозата за идниот раст на заработката. Според инвеститорите, сегашната ниска PE проценка може да укажува на можност за купување, но истата е поврзана со висок ризик и пазарна неизвесност.

Сегашниот коефициентот цена-заработка (PE) по акција на „Nvidia“ е понизок од просекот на „S&P 500“, кој изнесува околу 20, што е ретка ситуација за компанија со брз раст на приходите и профитот.

Продолжи со читање

Берза

Доларот се искачи близу до 10-месечниот максимум поради загриженоста за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток

Објавено

на

Американскиот долар се движи близу до 10-месечниот максимум, забележувајќи значителен месечен пораст, поради загриженоста на инвеститорите од продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток. Зголемените напади во регионот ја зголемија цената на суровата нафта и го засилија статусот на доларот како безбедно засолниште.

Јенот се движеше близу клучното ниво од 160 јени за долар, откако го достигна најслабото ниво од јули 2024 година, кога Токио последен пат интервенираше за да ја зајакне валутата. Еврото забележа ограничена поддршка од очекувањата за ново зголемување на каматните стапки од Европската централна банка. Австралискиот долар послаб за 0,3% и достигна индекс од 0,6851 американски долари и бележи месечен пад од 3,8%, што претставува негов најсилен пад од декември 2024 година. Новозеландскиот долар ослабе за 0,4% на 0,57275 американски долари, што претставува месечно намалување од 4,4%.

Доларот има корист од својот статус на безбедно засолниште од почетокот на март, при што повисоките цени на нафтата им штетат на Јапонија и на Еврозоната, но ги изолираат САД како нето извозник на сурова нафта.

Пазарите внимателно ја следат неделната статистика за пазарот на трудот во САД, чиј исход може да влијае на понатамошната монетарна политика на Федералните резерви. Аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата на Блискиот Исток и понатаму го обликува глобалниот девизен пазар, а волатилноста останува висока.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange