Connect with us
no baners

Банки

Нови четири години мандат за Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје Бранко Грегановиќ

Објавено

на

Со Решение издадено од Народната Банка на Република Северна Македонија, актуелниот Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, доби претходна согласност за нови четири години мандат да ја води Банката.

Грегановиќ е ре-именуван за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, а неговиот нов мандат официјално започнува на 2 јануари, 2024 година.

Функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ ја презеде за првпат на 1 јануари, 2022 година, по доаѓањето од НЛБ Банка Белград, каде седум години ги извршуваше функциите Претседател на Управниот одбор и Главен финансиски директор.

Во изминативе две години откако Грегановиќ ја води НЛБ Банка Скопје, Банката испорача силна кредитна поддршка за населението и бизнис секторот и бележи раст во сите сегменти од работењето, давајќи придонес во стабилноста на макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата, и има значаен влог во локалната заедница преку поддршка на општествени организации и институции, спортски клубови и асоцијации, уметност, култура итн.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство на високи позиции во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи високо стручни функции во словенечкото Министерство за финансии и Централната банка. Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези од областа на економијата, една на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, а втората на Лондонската бизнис школа при Универзитетот во Лондон.

no baners
no baners

Банки

Халкбанк со ПЕНЗИ пакет: Пензијата пред први во месецот и 1.000 денари за нови корисници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира ПЕНЗИ пакетот наменет за пензионерите, кој овозможува пензијата да биде достапна пред секој први во месецот, заедно со низа дополнителни банкарски поволности.

Како дел од пакетот, корисниците можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати во земјата, а на располагање им се и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

Пакетот вклучува и бесплатни СМС известувања за банкарските трансакции и состојбата на сметката.

Дополнително, Халкбанк нуди 1.000 денари за новоотворени ПЕНЗИ пакети.

Од Банката посочуваат дека понудата е креирана со цел пензионерите полесно да располагаат со своите средства и да користат повеќе банкарски услуги без дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со предупредување до клиентите: Зголемена внимателност поради сајбер измами

Објавено

на

Месецот на свесност за сајбер безбедност, кој се одбележува секоја година во октомври, е глобална иницијатива креирана со цел да ја подигне свесноста за важноста на заштита на личните и деловните податоци во дигиталниот свет.

Со растечката појава на сајбер напади, пробивање на податоци и интернет измами, Месецот на свесност за сајбер безбедност има за цел да ги едуцира поединците и компаниите за најдобрите практики за заштита од сајбер закани.

Стопанска банка редовно ги потсетува и предупредува своите клиенти да бидат внимателни и претпазливи со цел максимална заштита на нивните професионални и лични податоци.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange