Connect with us

Банки

Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Градењето на отпорноста, клучно за справувањето со кризи

Објавено

на

Omne finis est nova initium, или секој крај е нов почеток. Ние веќе сме пред вратата на новата 2024 година. Но, пред да зачекориме кон новата, да се осврнеме накусо кон годината којашто изминува, бидејќи секоја искачена планина ни дава многу подобра перспектива.

Во 2023 година, комплексниот пејзаж на глобалната економија беше исполнет со мноштво предизвици, но и можности. Додека најголемиот дел од економиите закрепнуваа од ефектите од минатите кризи, геополитичките тензии и промените во трговската динамика сѐ уште се неизвесни на глобално ниво. Напредокот во технологијата и натаму е движечка сила во индустриите, додека колективната свест беше насочена кон спроведување одржливи економски политики насочени кон екологијата. Глобалната економска сцена во 2023 година се одликува со еластичност и приспособливост, додека земјите се обидуваа да обезбедат инклузивен раст и стабилност.

Централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, ја спроведоа една од најсинхронизираните епизоди на затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања.

Мерките коишто ги преземаше Народната банка во изминатиот период вродија со плод. Годинава инфлацијата и натаму забавува и од 19,8% во октомври минатата година, во ноември годинава изнесува 3,1%. Девизните резерви растат и во ноември достигнаа ниво од 3,9 милијарди евра, како силна потпора за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Стабилноста на банкарскиот сектор беше задржана, пред сѐ благодарение на регулаторните барања и мерките преземени од страна на Народната банка во изминатите години за јакнење на капиталот и ликвидноста.

Очекувањата за инфлацијата за догодина се поповолни. Доколку нема поголеми надворешни и домашни шокови, инфлацијата ќе се намалува и следната година и на среден рок би се вратила на оној историски просек за нашата економија од околу 2%. Ова соодветствува и со очекувањата на Европската централна банка за движењата во еврозоната и ЕУ, како наши најголеми трговски партнери. На подолг рок, треба да се спроведат реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата на идни потенцијални шокови. Тоа може да се спроведе преку структурните политики со кои ќе се намали ранливоста на економијата.

Во контекст на реформите коишто ќе ја зголемат отпорноста на нашата економија, не може да се изостават политиките за зелена транзиција. Таа не е само еколошки императив, туку и стратешки економски потег, којшто ќе ја поддржи еволуцијата на индустриите, отворањето работни места и меѓународната соработка за поодржлива и поотпорна глобална економија. Централните банки, вклучително и нашата, ја поддржуваат зелената транзиција пред сѐ преку поттикнување на зеленото финансирање. Зелената транзиција е нужен групен напор, за кој е потребна групна свест. Во време на Четвртата индустриска револуција, каде што развојот доаѓа од дигитализацијата, вештачката интелигенција и автоматизацијата, неопходен е напредок и во дигиталната трансформација на економијата, којашто ќе ја зголеми ефикасноста, продуктивноста, иновациите и конкурентноста. Финтек-секторот, како дел од дигиталната трансформација, игра клучна улога во револуцијата во финансиските услуги, овозможувајќи нивна поголема достапност, ефикасност и инклузивност, а воедно јакнејќи ја и заштитата на правата на корисниците.

На крајот, би сакала до граѓаните да упатам желби за подобра и поуспешна Нова 2024 година. Централната банка е доследна во остварувањето на својата цел – одржувањето на стабилноста, за поголема благосостојба на секого од нас.

Ви посакувам многу успех и здравје во Новата година!

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange