Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Сектор за развој на понуда и маркетинг на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на развој на продукти, услуги и канали.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:
Специјалист за развој на продукти, услуги и канали
Улога во тимот:
- Развој на продукти – Водење на развојот и унапредувањето на банкарските продукти и услуги со фокус на дигитални решенија. Работа во различни тимови, вклучувајќи технологија, дизајн и маркетинг.
- Анализа на пазар – Следење на пазарот и идентификација на нови трендови, потреби на клиентите и следење на конкуренцијата во дигиталното банкарство. Употреба на резултатите за унапредување на карактеристиките на продуктите и услугите со функционалност/дизјан кои ќе ја издвојат понудата на Банката на пазарот.
- Дигитална стратегија – Инволвираност во креирањето и следењето на дигиталната стратегија на Банката преку насочување и усoгласување на развојот на продукти и услуги во рамките на стратегијата (познавање на клиентите и нивното однесување, познавање на дигиталните канали и искуство во индустријата).
- Комуникација со засегнати страни – Комуникација со клучни засегнати страни, вклучувајќи менаџмент, надворешни партнери и корисници. Анализа на барањата и потребите со цел комуникација на визијата на продуктот/услугата и управување со очекувањата и плановите. Работа во тимови за успешна и навремена имплементација на банкарските продукти.
- Креирање на позитивно корисничко искуство (UX – User Experience) – Свесност за важноста на дизајнот на продуктот/услугата гледани од аспект на корисник (кориснички поставен дизјан, беспрекорно корисничко искуство, интуитивни и визуелно привлечни решенија).
- Тестирање на продукти и оптимизација – Соработка со тимови во насока на контрола на изведбата, квалитет и сигурност преку тестирање на развојот. Анализа на feedback од корисници и користење на резултатите и перформанси со цел оптимизација и постојано унапредување на продуктот.
- Познавање на индустријата – Познавање на најновите регулативи и прописи за дигитални банкарски продукти. Задолжителна контрола на запазени правни, сигурносни стандарди и заштита на клиентите/податоците во процесите.

Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Креативно и иновативно размислување (Digital mindset);
- Познавање и користење на нови технологии;
- Познавање и користење на дигитални алатки и напредни алатки за работа со податоци;
- Познавање на банкарските продукти;
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација/исполнување на цели;
- Одлични организациски вештини;
- Напредни комуникациски и аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност;
- Напредно користење на Office пакетот;
- Одлично познавање на aнглискиот јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до
25.01.2025 на [email protected] со назнака за Специјалист за развој на продукти, услуги и канали.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Стопанска банка вработува: Отворени пет работни позиции во Скопје
Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје.
Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење.
Поконкретно, Стопанска банка бара соработник за спречување перење пари, агент за грижа на корисници, маркетинг специјалист, референт за платен промет и трезорист.
Овие работни позиции опфаќаат различни сегменти од банкарското работење, од директна комуникација со клиентите и обработка на финансиски трансакции, до маркетинг активности, трезорско работење и усогласеност со законските прописи за спречување перење пари.
Учеството на Стопанска банка на Регионалниот саем за вработување претставува можност за заинтересираните кандидати да се запознаат со понудата на работни места и можностите за професионален развој во банкарскиот сектор.
Регионалниот саем за вработување е најавен за 28 октомври 2026 година во Скопје, а во објавата не се наведени дополнителни информации за потребните квалификации, условите за вработување и роковите за аплицирање.
Кариера
iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти
Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.
Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.
Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.
„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.
Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.
Кариера
НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник
НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.
Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.
Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство
-
Банкипред 2 месециАЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1 милион денари со одобрување за 24 часа
-
Банкипред 2 месециПо Охридска банка, Шпаркасе ја купува и УНИБанка?
-
Кариерапред 2 месециNLB Lease&Go вработува Советник за продажба
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити





