Connect with us
no baners

Останато

Андоновски: На Дигиталниот самит во Скопје ќе биде претставена тест верзијата на Дигиталниот паричник

Објавено

на

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во интервју за МИА најави дека тест верзијата на Дигиталниот паричник ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.

Граѓаните тоа треба да го замислат како еден паричник со лични документи. Наместо да носат возачка дозвола и лична карта во физичка форма, ќе можат да ги имаат во својот мобилен телефон, заедно со сите достапни услуги. Тест верзијата е во завршна фаза и токму на Самитот ќе ја презентираме заедно со две услуги што ќе ги нуди. Присутните ќе имаат можност да ја симнат и тестираат апликацијата, а очекуваме до крајот на годината да ја пласираме на поширока употреба,“ изјави Андоновски.

Тој истакна дека на Самитот ќе учествуваат 800 претставници од повеќе од 20 држави, а целта е Скопје повторно да се позиционира на мапата на дигитално развиени економии. „Сакаме да покажеме што сме постигнале изминатата година и кои се визиите и плановите за иднината,“ додаде министерот.

Во однос на електронските услуги за граѓаните, Андоновски нагласи дека стратегијата е најкористените услуги да станат достапни со само еден клик. „Порталот uslugi.gov.mk е дел од овој процес. Веќе започнавме со негов редизајн минатата година, а секоја нова надградба ќе значи поедноставен изглед и полесна употреба и за граѓаните и за компаниите. Ова е само почеток на целосната дигитализација на услугите, а следната фаза ќе биде насочена кон дигитализација на односот меѓу бизнис-секторот и државата,“ порача тој.

(Извор: Миа)

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Економијата e стабилна, се продлабочува соработката со ММФ

Објавено

на

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека македонската економија останува стабилна и покрај глобалните предизвици, по средбата со извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд, Јерон Клик.

На состанокот се разговарало за актуелните економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочува земјата во услови на глобална неизвесност. Според министерката, институциите се целосно посветени на зачувување на економската стабилност.

Воедно, било отворено прашањето за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ММФ, особено во делот на техничката и експертската поддршка. Оценката е дека ваквата соработка има значајна улога во креирањето поквалитетни економски политики и зајакнување на институционалните капацитети.

Димитриеска-Кочоска нагласила дека фокусот останува на внимателно управување со јавните финансии и спроведување политики што обезбедуваат сигурност, стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисот.

Средбата се одржува во период на засилени глобални економски неизвесности, при што Владата очекува дека преку внимателни политики и соработка со меѓународните институции ќе се одржи макроекономската стабилност.

Продолжи со читање

Останато

Потпишани 11 нови договори за грантови со општините за унапредување на предучилишното образование

Објавено

на

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалници од десет општини, потпиша 11 нови договори за грантови, со што продолжуваат инвестициите во развојот на предучилишното образование и грижата за децата.

Договорите се склучени со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње.

Станува збор за активност во рамки на втората компонента од Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), чија цел е проширување на опфатот и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Со договорите е предвидено реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, кои ќе бидат адаптирани во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Овој модел овозможува брзо и одржливо решение преку формирање предучилишни групи во алтернативни просторни услови, со што директно се зголемува достапноста на услугите за децата и нивните семејства.

Минатата година беа потпишани и два договори со општините Кавадарци и Кисела Вода, а со новите 11, вкупниот број достигнува 13 договори, што претставува значителен напредок во проширувањето на предучилишните услуги на национално ниво.

Во обраќањето, министерот Лимани нагласи дека ваквиот пристап го зголемува опфатот на децата, го доближува системот до граѓаните и обезбедува еднакви можности за секое дете.

„Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е доказ дека со заедничка посветеност можеме да постигнеме конкретни резултати. Новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар развој на децата, поголема подготвеност за училиште и намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст. Министерството останува посветено на инвестиции во раното детство, затоа што токму тука започнуваат еднаквите шанси“, изјави Лимани.

Продолжи со читање

Останато

Собраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари

Објавено

на

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во натамошна процедура. Со предложените измени, по скратена постапка, се предвидува зголемување на сите пензии за 1.000 денари, кое би важело од 1 март годинава.

Според предлагачите, ова е четврта измена на законот во изминатиот период, со која вкупното зголемување на пензиите достигнува 7.000 денари за помалку од две години. Мерката ќе ги опфати сите пензионери кои го оствариле правото на пензија заклучно со 28 февруари 2026 година.

Пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека со ова решение се продолжува политиката за подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на сиромаштијата.

Предлог-законот сега ќе се разгледува во понатамошна собраниска постапка, каде ќе треба да добие поддршка за конечно усвојување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange