Connect with us
no baners

Останато

Повеќе права, поголема одговорност: Онлајн медиумите конечно добија место во Законот!

Објавено

на

По повеќе од една деценија, интернет публикациите – онлајн медиумите, добија официјално признание во Законот за медиуми. Со новите измени, издавачите на дигитални медиуми добиваат рамноправен третман со останатите медиуми, што значи дека нивните права и обврски се целосно изедначени со оние на традиционалните медиумски работници.

Оваа легислативна измена претставува важен чекор напред во насока на:

  • Поттикнување на медиумскиот плурализам и слободата на изразување;
  • Подигање на стандардите за уредувачка транспарентност и професионалност;
  • Јакнење на довербата во дигиталните медиуми, што стануваат се поважен дел од информирањето на јавноста.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна благодарност до пратениците во Собранието, Министерството за труд и социјална политика, како и до сите медиумски здруженија, новинари и експерти што придонеле за креирање на инклузивен и функционален текст на законот.

„Им благодарам на пратениците во Собранието, кои преку дискусии со засегнатите страни придонесоа кон поинклузивен текст на законот, и до тимот во Министерството за трудот околу основниот текст. А секако благодарност и до сите медиумски здруженија, здруженија на новинари, новинари и медиумски работници кои се вклучија во широката дебата. Ова може да биде почеток на одлична соработка кон уште подобри решенија, политики и стратегии за развој на медиумскиот сектор“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Со оваа одлука, Македонија го зацврстува курсот кон дигитална трансформација, медиумска етика и слобода на говорот – вредности клучни за модерна, демократска и економски стабилна држава.

Останато

Македонската берза ќе ја одржи јубилејната 25. Годишна конференција во Охрид

Објавено

на

Македонската берза најави дека јубилејната 25. Годишна конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“ во Охрид.

Како што информираат од Берзата, конференцијата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјата, на кој ќе учествуваат експерти од Македонија и регионот. Учесниците ќе имаат можност да проследат презентации и панел-дискусии посветени на актуелни теми од финансиската индустрија, како и да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти.

Организаторите најавуваат присуство на реномирани говорници и експерти, а деталната агенда и начинот на регистрација ќе бидат објавени дополнително.

Конференцијата ќе се одржи во период кога финансискиот сектор се соочува со нови предизвици и можности, што се очекува да биде една од клучните теми на годинешниот собир.

Продолжи со читање

Останато

Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.

На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.

Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.

Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange