Connect with us

Банки

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Објавено

на

На 19 мај годинава, по 12-ти пат традиционално ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ –најмасовното планинско искачување во регионот.

Натпреварувачите ќе ги одмерат силите во пет категории: планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, е-bike и Team-building Summit Run, на планината Водно во Скопје. 

Трката во планинско трчање ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката, воедно најкратка и најстрмна, изнесува 4,5 километри. Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли – непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта.

Трката во друмски велосипедизам, планински велосипедизам и e-bike ќе започне во 9:45 ч. пред Музеј на град Скопје (Стара железничка), а времето ќе се мери од летечкиот старт од ОУ „Кочо Рацин“. Сите друмски велосипедисти ја возат патеката до врвот на Водно долга 11,4 километри, додека патеката за планински велосипедизам и за e-bike ќе биде означена со патокази и маркација и е долга 9 км. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.

Компаниската тим-билдинг трка, SUMMIT RUN, ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката изнесува 4,5 километри и секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта). Секој тим е составен од најмалку 4 учесници и треба да има барем едно лице од спротивен пол. Бројот на членови на еден тим е неограничен. Најдобрите 4 времиња, од кои барем едно од учесник од спротивен пол, е времето на тимот. Секој член на тимот, со своето индивидуално време се натпреварува и во трката за планинско трчање.

Шпаркасе Банка, како главен поддржувач на настанот, ќе обезбеди парични награди за натпреварувачите што ќе успеат да урнатрекорд, ќе има свој „лаунџр корнер“ со вкусни енергетски бомбици и свежо цедени сокови, како и награди за посетителите. Настанот ќе се заокружи со прогласување на најбрзите учесници и музичка забава на врвот.

Поради големиот интерес, рокот за пријавување на „Sparkasse Life Прв до врв“ е продолжен до 15 мај 2024 г., а сите пријавени учесници ќе можат да ги преземат своите стартни пакети на штандот на „Sparkasse Life Прв до врв“ лоциран во Скопје Сити Мол в четврток, 16.5.2024 г., и в петок, 17.5.2024 г., во периодот од 12 до 20 ч.

Побрзајте и пријавете се на www.prvdovrv.mk/prvdovrv

Банки

Британските банки првпат префрлија токенизирани депозити меѓу различни банки

Објавено

на

Водечките британски банки ги реализираа првите трансакции со клиенти во кои токенизирани депозити биле префрлени меѓу различни финансиски институции преку заедничка дигитална инфраструктура. Станува збор за значаен чекор во примената на блокчејн и програмски платежни технологии во секојдневното банкарство.

Трансакциите се спроведени во рамки на иницијативата „Great British Tokenised Deposit“, координирана од UK Finance, во која учествуваат Barclays, HSBC UK, Lloyds Banking Group, Monzo, Nationwide, NatWest и Santander. Платформата е развиена од технолошката компанија Quant.

Во првата фаза биле реализирани две трансакции поврзани со рефинансирање станбени кредити. Средствата биле привремено „заклучени“ на сметките на клиентите и автоматски ослободени по исполнување на условите за завршување на трансакцијата, со што се намалуваат рачните проверки и можните доцнења при порамнувањето.

Технологијата овозможува средствата да останат на сметката на клиентот сè до моментот на реализација на трансакцијата, што значи дека клиентот може да продолжи да добива камата додека парите чекаат пренос.

Во рамки на проектот бил тестиран и модел за плаќање при купопродажба преку онлајн платформи. Парите на купувачот се задржуваат на неговата сметка и се префрлаат на продавачот дури откако ќе биде потврдено дека производот е предаден, што може да го намали ризикот од измама.

Токенизираните депозити не се криптовалута, туку дигитална форма на класичните банкарски депозити. Тие ги задржуваат правната и регулаторната заштита на традиционалните депозити, но овозможуваат плаќањата да бидат програмирани и автоматски да се извршат кога ќе се исполнат однапред утврдени услови.

Според UK Finance, пошироката примена на ваквиот модел би можела да донесе побрзи и поефикасни плаќања, поголема контрола на клиентите врз средствата и намален ризик од измами. Сепак, станува збор за пилот-проект, а услугата засега не е достапна за сите корисници.

Во следната фаза се планира тестирање на порамнување дигитални средства, при што банките ќе испробаат и издавање дигитални должнички инструменти што ќе се тргуваат и порамнуваат со користење токенизирани депозити.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди кредит за млади на возраст од 18 до 35 години

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата кредитна понуда наменета за млади лица на возраст од 18 до 35 години.

Станува збор за „Кредит за млади со обезбедување“, производ наменет за корисници кои сакаат финансиска поддршка за нови планови, вложувања или други лични потреби.

Од Банката посочуваат дека кредитот е осмислен како можност за младите полесно да направат следен чекор кон реализација на своите цели, стекнување нови искуства и создавање нови можности.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Миловиќ на MicroBalkans 2026: Квалитетната ИТ-архитектура е основа за успешно дигитално банкарство

Објавено

на

Никола Миловиќ, советник на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола, учествуваше на регионалната конференција „MicroBalkans 2026 – Lending Reimagined“, која се одржува во Скопје и обединува претставници на финансискиот сектор од земјите од Западен Балкан и пошироко.

Миловиќ беше дел од панел-дискусијата „Digital Lending in Practice: What Actually Works in Our Markets“, посветена на практичната примена на дигитализацијата во финансискиот сектор и на решенијата што даваат конкретни резултати на регионалните пазари.

Во своето излагање тој посочи дека успешната дигитализација започнува со квалитетна ИТ-архитектура, која претставува основа за развој на современи банкарски производи и услуги.

Според Миловиќ, дигитално достапните производи и автоматизираните процеси овозможуваат побрза обработка на барањата и поефикасно обезбедување услуги, истовремено создавајќи можност понудата подобро да се приспособи на индивидуалните потреби на клиентите.

Посебен акцент беше ставен и на таканаречениот „среден пат“ меѓу традиционалното и целосно дигиталното банкарство. Станува збор за пристап кој ги комбинира современите технологии со непосредната поддршка од банкарските вработени, со цел клиентите полесно да ги прифатат и користат дигиталните услуги.

Ваквиот модел, како што беше истакнато на панелот, може да има значајна улога во градењето доверба во новите технологии, особено кај корисниците на кои им е потребна дополнителна поддршка при преминот кон дигитално банкарство.

Миловиќ неодамна се приклучи на тимот на АЛТА банка, носејќи повеќе од две децении искуство во банкарството, дигиталната трансформација и стратешкиот развој. Од Банката очекуваат неговото искуство да придонесе кон понатамошниот развој и позиционирање на АЛТА банка на македонскиот пазар.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange