Connect with us

Банки

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје за првпат годинава ќе организира Летна академија Vibe On за студенти, која ќе претставува можност за стекнување нови знаења, запознавање со банкарско работење, со корпоративно и благајничко работење, како и дружење со вработените од Банката.

Летната академија на своите учесници ќе им овозможи едукација во областа на банкарството, размена на искуства и знаења, личен и професионален развој, како и дружење и забава. Станува збор за програма наменета за сите студенти што се во трета или четврта/завршна година од своите додипломски студии како и за студенти што се на магистерски студии на кој било универзитет во земјата. Академијата ќе се одржи во Охрид, ќе трае десет дена, во периодот од 1 јули до 10 јули 2024 година.

Уникатен и особено важен дел од Летната академија е што учесниците ќе бидат дел од програмите за развој на банкарски производи и ќе можат со своите идеи и знаења да придонесат во креирање нови решенија. Истовремено ќе можат да ги покажат своите преговарачки и продажни вештини преку конкретни работни задачи доделени од менторите и да придонесат во креирање целокупна развојна политика на едно комплетно решение.

По завршување на Летната академија, секој учесник ќе добие Сертификат за учество, а учесниците ќе станат потенцијални кандидати за платена практика во Шпаркасе Банка како и за идно вработување.

Сите заинтересирани студенти што сакаат да стекнат теоретско и практично искуство, ќе имаат можност да се пријават на [email protected] во периодот од 14-26 мај и да станат потенцијални учесници во Летната академија организирана од Шпаркасе Банка.

Банки

НЛБ обезбеди поддршка за преземање на 28,9 отсто од акциите на „Адико банка“

Објавено

на

Словенечката Нова Љубљанска банка, НЛБ, соопшти дека до 21 јули обезбедила обврзувачки прифаќања за најмалку 28,9 отсто од акционерскиот капитал на „Адико банка“ во рамки на својата понуда за преземање.

НЛБ се обидува да ја преземе контролата врз банката, која е насочена кон пазарите во Југоисточна Европа, во услови на конкурентска трка со „Рајфајзен банк интернешнл“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка го промовира Флекси депозитот за флексибилно штедење

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје го промовира Флекси депозитот, производ наменет за граѓаните кои сакаат да штедат, а истовремено да имаат пристап до своите средства.

Според информациите од Банката, корисниците на Флекси депозитот можат дополнително да уплаќаат средства, но и да повлекуваат пари кога им се потребни, без да се откажат од придобивките на штедењето.

Производот нуди каматни стапки како кај орочените депозити, но со поголема флексибилност и можност штедењето да се приспособи на финансиските потреби и динамичниот начин на живот на корисниците.

Стопанска банка располага и со други депозитни производи, меѓу кои штедни сметки, детско штедење „Пчелка“, регуларни и премиум депозити, како и програмите „Мој план“ и „Евробонус“.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026: „Најдобра банка за физички лица“

Објавено

на

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство.

Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните.

Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица.

Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на ова признание се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар.

НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange