Connect with us

Банки

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

Објавено

на

ПроКредит Банка го објави своето партнерство со ЕИФ за новозапочнатата иницијатива насочена кон зајакнување на растот и одржливоста на малите и средни претпријатија.

Преку гарантната шема за развој и иновации во Западен Балкан (Western Balkan (WB) Enterprise Development and Innovation Facility (EDIF) Guarantee4 SME Resilience Guarantee Programme), ПроКредит Банка во соработка со Европскиот инвестициски фонд поддржува инвестиции на мали и средни претпријатија за набавка на основни и обртни средства и документарни производи. 

На овој начин ПроКредит Банка нуди засилена финансиска поддршка специјално прилагодена за потребите на локалните бизниси кои се развиваат. 

Силно веруваме во потенцијалот на нашите мали и средни бизниси и токму затоа остануваме посветени да им служимекако катализатор за развој. Преку стратешки партнерства и иновативни решенија, ќе продолжиме да ги зајакнуваме овие бизниси, поттикнувајќи одржлив раст и издржливост на промените во регионот“ – велат од ПроКредит Банка. 

Малите и средните претпријатија сега ќе имаат зголемен пристап до финансии, што ќе им овозможи да набавуваат основни и обртни средства, документарни производи, па дури и да рефинансираат постојни заеми. Со зголемениот пристап до финансии ќе се зголеми конкурентноста на бизнисите, иновациите, растот на бизнисите и отворањето нови работни места. 

Бизнисите коишто ги исполнуваат условите можат да обезбедат заеми до 500.000 евра по повластени каматни стапки и без или со пониско обезбедување. Со период за отплата од минимум 12 месеци до максимум 30 јуни 2035 година и со можност за грејс период до 12 месеци, од ПроКредит Банка велат дека бизнисите ќе имаат доволно време ефикасно да управуваат со своите финансии.

Без разлика дали отплатата ќе се врши преку фиксен план за отплатаt со рати или револвинг кредитен производ, ПроКредит Банка нуди можности прилагодени на уникатните барања на секое мало и средно претпријатие. 

Дополнителна поволност при користењето на средствата од оваа гарантна шема е и потребното обезбедување, кое е пониско во однос на стандардните барања, при што постои можност и за обезбедување во форма на нотарски акт на меница. Со ова се олеснува пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија, и се овозможува поголема флексибилност во процесот на задолжување.

Финансиските средства се наменети да го зголемат пристапот до финансии кај малите бизниси и да ја подобрат нивната отпорност на постојаните економски предизвици, истовремено создавајќи услови за проширување на бизнисот, вработување и иновации.

Преку гарантната шема за развој и иновации во Западен Балкан, ПроКредит Банка Македонија ќе овозможи поддршка од 60 милиони евра за мали и средни претпријатија. Со овие средства се очекува да се поддржат околу 800 мали бизниси и со тоа да се одржат околу 10.000 работни места.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange