Електронско банкарство
Комерцијална банка: Извештаите за вкупно наплатени надоместоци во 2023 достапни во секое време на Интернет банка
Одговорното управување со личните финансии е добра и корисна навика за секого. Согласно законските обврски и определбата за врвно корисничко искуство, Комерцијална банка преку Интернет банка им овозможи на своите клиенти и преглед на вкупно наплатените надоместоци за платежни услуги што ги користеле во 2023 година.
Извештајот за вкупно наплатени надоместоци во 2023 е достапен онлајн на Интернет банка во полето Прегледи на Платежни сметки во денари, Платежни сметки во девизи и Kредитни картички.
Интернет банка на Комерцијална банка им овозможува на клиентите постојан и комплетен увид врз личната финансиска состојба, како и бројни иновативни дигитални алатки за брзи, лесни и ефикасни финансиски трансакции и за безбедно и одговорно користење на банкарските производи и услуги.
Извештајот без надомест е достапен и на шалтерите на Комерцијална банка.
Домашни банки
Нова услуга на НЛБ Банка – со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал
НЛБ Банка воведува нова услуга, целосно ново технолошко решение за прифаќање на бесконтактни плаќања со картички, NLB Smart POS, со кое трговците можат да го користат мобилниот телефон како ПОС терминал. NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава, една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која им овозможува на трговците да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер.(повеќе…)
Електронско банкарство
Халкбанк со нови функционалности за електронско и мобилно банкарство
Халкбанк АД Скопје воведува нови функционалности за електронско и мобилно банкарство, кои се однесуваат за онлајн аплицирање и одобрување за дебитна картичка, кредитна картичка и overdraft (дозволено пречекорување), без посета на банка.(повеќе…)
Електронско банкарство
Остануваат уште само неколку денови за гласање за најдобрите е-продавници за 2023 година
Гласањето од јавноста за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година, кое се прави бесплатно на официјалната веб страница на овогодинешните награди за е-трговија – ecommerceawards.mk, ќе трае до 10 февруари (сабота) до крајот
на денот. По завршување на гласањето од јавноста, ќе следува гласање од жири комисија составена од ескперти во различни области поврзани со е-трговијата. На официјалната веб страница веќе се објавени членовите од жири комисијата кои ќе ги оценуваат е- трговците со најмногу собрани поени од јавноста на претстојните Награди за е-трговија –E-commerce Awards 2023.(повеќе…)
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | АНТОНИО АРГИР: Групацијата НЛБ прерасна во регионален пионер во областа на напредните дигитални плаќања
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 4 недели
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Домашни банкипред 2 месеци
Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Банкипред 3 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка