Банки
НЛБ Групација отвoра меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот
НЛБ Групацијата ги повикува младите уметници од Југоисточна Европа да ги достават своите мултимедијални уметнички дела на меѓународен јавен повик.
Конкурсот ќе биде отворен до 21 март 2024 година, a наменет e за уметници помлади од 35 години. Победничкото уметничко дело ќе го купи НЛБ Групацијата и ќе биде изложено во Галеријата „Банкариум“ во Љубљана заедно со останатите најдобри дела од јавниот повик.
НЛБ Групација не е само водечка банкарска и финансиска групација со седиште и стратешки интерес во Југоисточна Европа, туку и важен поддржувач и покровител на регионалната култура и уметност. За таа цел, НЛБ Групацијата ја формираше програмата за културно наследство НЛБ МУЗА, која се состои од уметнички и музејски збирки, како и музеи и галерии на НЛБ Групацијата. Дел од програмата на НЛБ МУЗА е и колекцијата за современа уметност „SEE Art“ (Уметноста на Југоисточна Европа), основана во јануари 2023 година. Со купување, презентирање и промовирање на современата уметност, НЛБ Групацијата станува нејзин главен поддржувач и партнер во Југоисточна Европа.
Кој може да аплицира?
Групацијата ги повикува младите уметници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово да земат учество на меѓународниот јавен повик. Тие можат да ги пријават своите уметнички дела од областа на мултимедијалната уметност, создадени во последните пет години. Најдобрите дела ќе бидат изложени на отворањето на галеријата „Банкариум“ во Љубљана, а победничкото дело ќе го купи НЛБ Групацијата и ќе биде вклучено во колекцијата „SEE Art“.
Повеќе информации за меѓународниот јавен повик се достапни на следниот ЛИНК.
Уметничките дела кои ќе пристигнат на меѓународниот јавен повик ќе ги оценува петчлена меѓународна експертска комисија во состав:
- Тевж Логар, независен кустос, уредник и писател, претседател на Уметничкиот совет на НЛБ;
- Маја Колариќ, историчар на уметност, кустос и директор на белградскиот музеј на современа уметност, член на Уметничкиот совет на НЛБ;
- Мира Гаќина, историчар на уметност и критичар, кустос, член на Уметничкиот совет на НЛБ;
- Ана Херман, менаџер на комуникациски проекти во НЛБ; и
- Матко Миоч, директор на Институтот за културно наследство НЛБ.
Што се бара?
Уметнички дела кои одговараат на концептот на „SEE Art“., која ги претставува различните култури, идентитети и сеќавања, кои со текот на времето ја обликувале нашата заедничка историја во регионот на Југоисточна Европа. Колекцијата има за цел да го подобри разбирањето и знаењето за различните културни и општествени средини, да промовира толеранција и различност, а во исто време да раѓа нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност. Новата уметничка колекција ќе понуди автентично и уникатно уметничко искуство, инспирира, мотивира, и е рефлексија на општеството и околината, и игра активна улога во спроведувањето идеи за претчувствата за иднината.
Банки
Халкбанк ги направи своите услуги достапни и во Пошта
Халкбанк АД Скопје ги проширува своите услуги и ги прави подостапни за граѓаните преку шалтерите на Пошта.

Како што информираат од банката, корисниците во Пошта ќе можат да извршуваат платен промет, да поднесуваат документи за отворање платежна сметка, како и да аплицираат за дебитна картичка.

Дополнително, ќе бидат достапни услуги поврзани со електронското и мобилното банкарство, како и информации за кредитните и депозитните производи на Халкбанк.

Со ова, дел од услугите што досега клиентите ги користеа во експозитурите на Халкбанк ќе можат да ги добијат и преку Пошта, со цел тие да бидат поблиску и полесно достапни за корисниците.
Банки
Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор
Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.
Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.
Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.
Банки
На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





