Connect with us

Банки

Татковство – нов бенефит за вработените во Стопанска банка АД-Скопје

Објавено

на

Кога семејството расте, Стопанска банка АД-Скопје e тука да сподели радост и да помогне во создавањето на трајни сеќавања.

Затоа, покрај подарок за новороденчето, Банката на своите вработени, штом станат татковци, им одобрува платено отсуство во траење од 15 работни денови, дополнително на деновите што следуваат од колективниот договор.

Стопанска банка АД – Скопје со оваа одлука станува една од првите компании во државата која во согласност со EU Work-Life Balance директивата, воведува платено отсуство за татковство, со цел унапредување на балансот помеѓу работата и приватниот живот на вработените.

Банки

Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.

Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Објавено

на

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.

Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.

Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.

Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.

Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.

Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.

Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange