Банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври.
Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard картичките од Стопанска банка да ја зголемат употребата на картичките во секојдневните плаќања, поттикнувајќи ги безготовинските плаќања во прометот наместо употребата на готовина. Дополнителни прилики за учество во наградната игра се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на новата можност за плаќање преку Google Pay мобилниот дигитален паричник, што за првпат беше овозможен за користење во нашата земја оваа година. Во извлекувањето за главната награда за период од четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции, што е уште поголема сатисфакција за добитникот со оглед на големата конкуренција.
На доделувањето на наградата, генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос, му ги предаде клучевите од возилото на добитникот и му посака многу здравје и уште повеќе среќа понатаму во животот.
Добитникот е долгогодишен клиент на Банката кој се заблагодари за наградата и истакна дека таа претставува големо задоволство за целото семејство со кое беше присутен на доделувањето.
Во рамки на наградната игра, покрај главната награда беа доделени и 12 Garmin часовници, 4 парични награди по 50.000 денари и 4 парични награди по 100.000 денари. Им честитаме на сите 21 добитници и им посакуваме многу среќа и понатаму.
Стопанска банка АД – Скопје соработува со картичниот бренд Mastercard од 2009 година и за кратко време Банката стана еден од најзначајните партнери и издавачи на овој картичен бренд во нашата земја. Банката е посветена на продолжување и унапредување на соработката со Mastercard и благодарни сме на соработката и на поддршката што ја добиваме од тимот на Mastercard со кој заеднички успеваме да создадеме успешна приказна со големо и растечко семејство на задоволни корисници. Продолжуваме заедно да создаваме интересни и атрактивни понуди за корисниците на платежните картички, но и за распространетата трговска мрежа која ги прифаќа картичките.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
Банки
ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.
Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф.
“Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци.
Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.
Банки
Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
- Банкипред 6 дена
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти