Банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба
Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица).
Одговорноста на банките кон своите клиенти е пред сé да ги слушнат и разберат нивните потреби, а со тоа и да обезбедат квалитетни, транспарентни и ефикасни услуги. Истовремено, важна улога на банките е да ги советуваат клиентите во носење на најдобри финансиски одлуки согласно нивните лични потреби и можности, кои ќе овозможат долгорочни бенефити за поединците, бизнисите и целокупната економија.
Не секој од нас има доволно познавања од економската област, па од таа причина се создаваат многу нејаснотии при изборот на соодветни услуги и продукти кои ги нудат банките. Тргнувајќи оттаму, секој има потреба од информации од стручни лица кои ќе ни ги разјаснат сите недоумици.
Водени од својата одговорност кон клиентите, ПроКредит Банка ја менува традиционалната дефиниција за банкарската дејност нудејќи целосно дигитализиран пристап до услугите, што на вработените кои се во контакт со клиентите им дава можност да се посветат на квалитетна услуга и персонализиран пристап кон секој клиент. Препознавајќи дека сите клиенти се еднакво важни и заслужуваат професионален совет, во ПроКредит банка секој клиент добива личен советник кој посветено ги слуша и разбира индивидуалните потреби на клиентите, изготвува детални анализи и проекции, се со цел да обезбеди решение кое најмногу ќе одговара на нивните индивидуални потреби.
Дознајте повеќе за работата на личните советници од ПроКредит Банка низ приказната на Афродита и Христијан кои велат дека банката е таму каде што се наоѓа клиентот.
Банки
ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици
Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.
Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.
Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.
ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.
Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.
Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.
Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.
Банки
Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати
Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.
Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.
Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:
- 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
- 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
- 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци
Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.
Банки
Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје
„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје
Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.
Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.
Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“
Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија



