Продукти
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење.
Детални информации за што станува збор сеуште нема, освен дека е одреден технички проблем за што можеме да заклучиме и доколку се обидеме да платиме со платежна картичка во трговија – бидејќи ќе добиеме одговор “неуспешна трансакција“.
Македонската банкарска асоцијација објави дека проблемот е поврзан со картичните брендови Visa и Mastercard, а воедно дека не станува збор за проблем со телеком операторите, ниту пак системите на банките.
“Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и Mastercard се недостапни – на банкомат или во трговија. Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и Mastercard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.” – велат од МБА.
Засега, со официјално соопштение излезе само НЛБ Банка:
“Ве известуваме дека нашата ATM мрежа моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите на НЛБ Банка е привремено оневозможено. Нашите тимови работат на решавање на проблемот. Доколку имате итна потреба од подигнување на готовина од вашата трансакциска сметка, ви препорачуваме да ја посетите најблиската експозитура на Банката. Подигнувањето на средствата ќе ви биде овозможено без надоместок.” – велат од банката.
Во периодот што следи се очекуваат конкретни информации за проблемот, како и временскиот период за кој се очекува да се надмине истиот и картичките повторно да бидат функционални.
Банки
НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ – Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност
Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“.
Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат концептот на банка – тие очекуваат сопатник кој ја следи нивната слобода, флексибилност, нивниот свет на можности.
Препознавајќи го ова, НЛБ Банка го воведува „NLB Next“ – пакет наменет за млади, кој ја редефинира улогата на банкарството во нивниот живот – од функционална услуга, до партнер што ги поддржува амбициите, моментите и личниот напредок на новите генерации.

Стефан Тодоров (19 год), македонски пливач
„NLB Next“ е многу повеќе од пакет за млади – тој е платформа што ги препознава и поддржува нивните „следни“ чекори, овозможувајќи им дигитално банкарско искуство преку мобилен телефон.
„NLB Next“ е „mobile first“ искуство, бесплатен пакет наменет за сите млади на возраст од 18 до 25 години. Во себе вклучува: онлајн отворање и бесплатно одржување на денарска платежна сметка, мКлик мобилна апликација со право на плаќање, MasterCard дебитна – дигитална картичка веднаш и мобилен паричник преку NLB Pay апликацијата.
„Генерацијата Z живее во постојан „следен“ режим – следен испит, следна работа, следно патување, следно лично надградување. Името „NLB Next“ симболизира амбиција, движење и континуиран развој – глобално разбирливо и вклопено во нивниот јазик и динамика. Концептот зад „NLB Next“ комбинира емоционални животни моменти со јасни и конкретни придобивки од дигиталните услуги. Со тоа, дигиталната трансформација ја правиме културно релевантна и блиска до младите“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Меѓу другото, предностите на пакетот се и: студентски поволности од типот на бесплатни е-налози кон факултети, специјални попусти и привилегии кај трговци преку NLB Next Клуб за млади, а она што дефинитивно го прави овој пакет поразличен е секоја „следна“ придобивка – секој месец нешто повеќе, пристап до поволности и услуги прилагодени на нивните потреби, со што пакетот е секогаш свеж и возбудлив за младите.
„NLB Next ја следи индивидуалноста и животната слобода на младите. На оние кои го сакаат светот на музиката, на оние кои ја наоѓаат возбудата во спортот, гејмерите, скејтерите, оние кои истражуваат нови начини на учење… NLB Next е твој момент, твој ритам.“ – заклучуваат од НЛБ Банка.
Отворање на пакетот за млади „NLB Next“ се врши лично во експозитурите на НЛБ Банка, со документ за идентификација – лична карта или пасош.
Банки
АЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
АЛТА Банка го продолжи промотивниот период за својот потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар, кој сега ќе биде достапен до 30 јуни 2026 година. Понудата е дел од стратегијата на Банката за зајакнување на присуството на македонскиот финансиски пазар и обезбедување современи и достапни финансиски решенија за граѓаните.
Со оваа понуда клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит до 2.500.000 денари, со каматна стапка од 4,5% и рок на отплата до 120 месеци. Дополнителна поволност е што кредитот се одобрува без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска заштеда за корисниците.
Како една од најголемите предности, АЛТА Банка ги издвојува едноставните процедури и брзината на одлучување, овозможувајќи навремено одобрување на кредитните барања и поголема флексибилност, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес.
Со продолжувањето на промотивниот период, АЛТА Банка ја потврдува својата заложба да понуди стабилни, сигурни и конкурентни финансиски решенија и да се позиционира како доверлив партнер на македонските граѓани.
Повеќе информации за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
Банки
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови
Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за граѓаните кои сакаат да ги реализираат своите планови и идеи.
Кредитот се одобрува со фиксна каматна стапка од 5,5% во евра, со можност за износ до 32.500 евра и рок на отплата до 84 месеци, што овозможува флексибилност и стабилност при отплатата.
Од банката посочуваат дека вистинската поддршка е клучна за претворање на идеите во реалност, нагласувајќи дека ваквите финансиски производи се создадени токму за да им помогнат на клиентите во вистинскиот момент.
Заинтересираните можат да се информираат во најблиската експозитура или да стапат во контакт преку телефонскиот број 02/3102-500, како и преку официјалниот линк за локации на експозитури.
Со оваа понуда, Капитал банка продолжува да нуди достапни финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство




