Connect with us
no baners

Банки

ММФ: Монетарната политика на Народната банка помогна за постепено намалување на инфлацијата

Објавено

на

Инфлацијата започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика. Монетарната политика на Народната банка придонесе за стабилизирање на инфлациските очекувања и постепено намалување на инфлацијата. Банкарскиот сектор е стабилен и има доволен капацитет да се справи со последиците од затегнатите финансиски услови и другите шокови. Ова се наведува во заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која престојуваше во нашата земја на почетокот на овој месец.

Во објавата на заклучоците, Мисијата наведува дека Народната банка ја продолжи нормализацијата на монетарната политика преку зголемување на каматите, но и преку  користење други мерки за да се осигури дека високата инфлација нема да потрае. Според очекувањата на ММФ, оваа година инфлацијата ќе изнесува просечно 9,2% и ќе се намали на 3,5% наредната година. Покрај придонесот за постепено намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, монетарните мерки придонесоа и за стабилноста на девизните резерви, наведуваат од Мисијата. Имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот, девизните резерви се најважната алатка во одржувањето на неговата стабилност.

Мисијата на ММФ посочува дека банкарскиот сектор е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран, при што од ММФ посочуваат дека позитивните тековни услови треба да се искористат за натамошно зајакнување на  капиталот. ММФ, исто така,  ги поддржува макропрудентните мерки коишто ги усвои неодамна Народната банка, а коишто се однесуваат на квалитетот на кредитната побарувачка, за кои наведуваат дека се важна алатка за управување со ризиците во секторот „недвижнини“.

Банки

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Објавено

на

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – ворегистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.

Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.

Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.

Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.

Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.

Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.

Продолжи со читање

Банки

40 години НЛБ Банка Скопје: Потврда за посветеност, стабилност, иновации и раст

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје одбележува значаен јубилеј, 40 години од своето основање. Во изминативе четири децении НЛБ Банка Скопје со стратешка визија ја градеше својата позиција, издигнувајќи се до една од највлијателните финансиски институции во земјата и столб на доверба и стабилност. Банката покажа отпорност на сите глобални и пазарни предизвици и посветеност кон иновации и раст, истовремено обезбедувајќиподдршка на населението и стопанството и давајќи силен придонес во заедницата и економијата на земјата. 

Овој јубилеј е повеќе од бројка. Тој е сведоштво за посветеност и истрајност и доказ за банка со јасна визија за сè што следи. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои придонесуваат кон извонредното патување на НЛБ Банка – клиентите, генерации вработени, партнери и соработници, НЛБ Групацијата и сите претходни управи кои ја градеа оваа институција. Нивната посветеност и непоколеблива верба во успех ги поставија темелите врз кои ние продолжуваме да градиме.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. 

Децениското наследство е инспирација за иднината. Со јасна визија за иден раст и развој, НЛБ Банка Скопје ја зацрта својата стратегија до 2030 година – целосно дигитална банка, супериорно корисничко искуство, високи перформанси, столб на стабилност и одржливо работење. 

Денес НЛБ Банка Скопје е фокусирана на иднината повеќе од кога било. Динамичниот свет во кој живееме и технологијата која се менува со брзина на светлината, целосно го преобликува нашето работење и нашите стратешки приоритети. Инвестираме во дигиталната трансформација, ги прошируваме нашите услуги и го преобликуваме искуството на нашите клиенти. Иднината отвора нови хоризонти и безброј нови можности. Со наследството кое го носиме и иновациите кои ги воведуваме, немам сомнеж во успехот.“ – заклучува Стојановски. 

Одбележувањето на овој значаен јубулеј, веќе од денеска, Банката го започнува со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“, порака која силно допира до секој еден кој знае да сонува, но и да се охрабри и да влезе во светот на бескрајни можности. Слоганот ја отсликува амбицијата – моќна сила која поттикнува и движи напред.

Човечката амбиција е универзална, таа е енергија што го трансформира потенцијалот во реалност. НЛБ Банка силно верува дека амбицијата вреди да се поддржи. Веќе 40 години цврсто стои покрај поединци, семејства и бизниси и е Банка која беше и останува нивен сигурен финансиски партнер за сèшто следи.

Продолжи со читање

Банки

Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој

Објавено

на

Шпаркасе Банка со гордост ја информира јавноста дека вчера беше успешно реотворена нејзината реновирана експозитура во Охрид. Со речиси 70.000 клиенти во Југозападниот регион, од кои 30.000 се во самиот Охрид, Банката останува столб на финансиската стабилност и раст во оваа заедница.

Новата целосно реновирана експозитура се простира на површина од приближно 400
метри квадратни и е резултат на инвестиција од над 260.000 евра. Во исклучително краток рок, со силна посветеност, успешно беа завршени сите градежни зафати, при што услугите кон клиентите се одвиваа непречено и без прекин. Реновирањето се реализираше во две фази, со внимателно планирање и логистика, при што беа ангажирани повеќе од десет локални компании – што дополнително ја потврдува посветеноста на Шпаркасе Банка кон поддршка на локалната економија и развојот на градот.

Експозитурата е дизајнирана според највисоки стандарди за енергетска ефикасност и одржливост. Подовите се изработени со carbon-free технологија, а градежните материјали се еколошки и енергетски ефикасни. Инсталираните системи за ладење и греење користат напредна wind-free технологија за максимален кориснички комфор. Дополнително, експозитурата е дел од зграда што користи обновливи извори на енергија, што ја прави целосно енергетски независна.

Просторот е организиран во согласност со современ групациски концепт, кој пружа пријатен простор за прием на клиенти – сè со цел да се овозможи врвно корисничко искуство. Воедно, во експозитурата се наоѓа и уметничка галерија, која ја збогатува културната понуда и го афирмира локалниот талент.

Клиентите на Шпаркасе Банка во Охрид имаат пристап до целосна палета на банкарски услуги, меѓу кои:

  • Постојано достапна 24/7 АТМ зона,
  • Отворање и водење сметки и депозити,
  • Дигитално потпишување документација преку ONEID-системот,
  • Денарски и девизен платен промет,
  • Издавање дебитни и кредитни картички,
  • Кредитирање за население и за правни лица,
  • Услуги поврзани со хартии од вредност – како тргување на домашен и на странски пазар,
  • Користење граѓански сефови за дополнителна сигурност,
  • Полиси за осигурување,
  • А наскоро и депозитни машини за уплата на дневен промет.

„Со оваа инвестиција уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна посветеност кон регионалниот развој и задоволството на нашите клиенти. Ние не само што обезбедуваме финансиски производи и услуги, туку и создававме услови што придонесуваат за економскиот раст и одржливиот развој на Охрид, како и подобрување на секојдневното корисничко искуство. Шпаркасе Банка освен што е пазарен лидер во Охрид и опслужува повеќе од 30.000 клиенти, истовремено е и е симбол на градот, и горди сме што ја носи оваа улога со целосна посветеност и иновација. Новата модерна експозитура не само што претставува симбол на иновативност и одржливост, туку и создава инспиративна работна средина во која нашите вработени ќе уживаат, ќе се чувствуваат мотивирано и ќе имаат уште подобри услови за постигнување нови успеси“, изјави Нина Неданоскa, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Во јубилејната година во која Штаермеркише Шпаркасе слави 200 години постоење, Шпаркасе Банка како дел од оваа австриска групација, ја зацврстува својата посветеност кон клиентите и пазарот во Охрид, поддржувајќи ги и населението и корпоративните клиенти со кредитно портфолио вредно над 40 милиони евра и удел од 40% во корпоративното кредитирање.

Продолжи со читање

Популарно