Банки
„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички
Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – „Штеди и кога плаќаш“.
Новата услуга им овозможува на клиентите да штедат и кога плаќаат, на начин што со секоја платежна трансакција онлајн или на ПОС со дебитна картичка се врши заокружување на трансакциите до најблиската 100-тка и заокружениот износ се префрла на посебен наменски депозит.
„Штеди и кога плаќаш“ е услуга што е едноставна за користење и може да се активира на секој тип дебитна картичка, по доставено барање од клиентот во која било од експозитурите на Банката. Функционалноста на услугата се состои во тоа што со секоја трансакција направена со дебитна картичка на ПОС-терминал или онлајн во земјата, се врши заокружување на потрошениот износ до најблиската 100-тка на износот, потоа се трансферира на посебна штедна сметка по видување каде што клиентот добива камата. Еве како изгледа тоа преку еден реален пример: клиентот плаќа 1.450 денари, а 50 денари автоматски се префрлаат на штедната сметка или, пак, клиентот плаќа 540 денари, а 60 денари автоматски му се префрлаат на штедната сметка. На овој начин на клиентот му се овозможува незабележливо штедење на помали износи на депозит по видување, при што средствата од депозитот се достапни на клиентот во кое било време, преку мобилната апликација или експозитура.
За повеќе информации за новата услуга, прочитајте на следниот линк: https://bit.ly/3Hk1Hnk или пак, јавете се на 02/15050 достапен во секое време.
Шпаркасе Банка АД Скопје посветува особено внимание на корисните навики како што е штедењето и за таа цел во континуитет работи на развивање нови услуги што одговараат на финансиските потреби на клиентите.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.
Банки
Халкбанк со МАКСИ депозит нуди фиксна камата до 3,8 проценти
Халкбанк АД Скопје ја промовира понудата за МАКСИ депозит, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8 проценти, наменет за граѓани кои сакаат да ги орочат своите средства на определен временски период.
Според информациите објавени од банката, клиентите можат да изберат период на орочување во согласност со сопствените потреби и финансиски планови, при што каматната стапка останува фиксна за договорениот период.
Со оваа понуда, Халкбанк настојува да обезбеди дополнителна можност за штедење во услови на зголемен интерес кај граѓаните за депозитни производи со однапред познат принос.
Фиксната каматна стапка им овозможува на штедачите уште при склучувањето на договорот да имаат појасна претстава за приносот што би го оствариле до истекот на периодот на орочување.
Максималната каматна стапка во рамки на МАКСИ депозитот изнесува до 3,8 проценти, додека конкретните услови зависат од избраниот период на орочување и условите на понудата на банката.
Заинтересираните клиенти деталите за роковите, минималниот износ на депозитот, начинот на исплата на каматата и останатите услови можат да ги проверат преку официјалните канали на Халкбанк АД Скопје.
Банки
НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите: Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало
Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

NLB Next урбаните зони се проект на НЛБ Банка, реализиран во соработка со општините Центар и Чаир, со цел да се создадат современи и функционални простори што ги поврзуваат младите и го збогатуваат животот во маалото. Зоната е отворена и достапна за сите, како практично место за пауза меѓу предавања, средба со друштвото или краток одмор. Со модуларни клупи, масички, жардињери, осветлување и ново зеленило, просторот е претворен во пријатно урбано катче во кое секој може да се задржи, да се одмори и да ужива.

Посебен визуелен печат на зоната ѝ дава исцртаната подлога во паркчето, авторско дело на Драган Китановски – Драш, еден од најпрепознатливите и најдоследни автори на македонската улична сцена. Визуелното решение ја носи пораката „Чувај го твоето маало“ како постојан потсетник дека убавината и вредноста на заедничкиот простор зависат од грижата и одговорноста на секој од нас.
Зоната кај „Кино Карпош“ е првата од четирите планирани локации. Во наредниот период, во Општина Центар ќе бидат поставени уште две NLB Next зони: на булевар „Партизански Одреди“, кај Соборниот храм, и на Боемска улица, непосредно до Градежниот и Архитектонскиот факултет. Четвртата зона ќе биде отворена во Општина Чаир, спроти Балканскиот универзитет.
Урбаните зони ја преточуваат во реален простор идејата врз која е создаден NLB Next- младите да добијат поддршка, слобода и можности за полесен почеток на нивната самостојност. Затоа NLB Next не е само банкарски пакет, туку концепт што го следи нивниот начин на живот: динамичен,дигитален и поврзан.
NLB Next е целосно бесплатен пакет наменет за млади од 18 до 25 години, кој обединува услуги за едноставно секојдневно банкарство, дигитално управување со финансиите и поволности приспособени на нивните потреби и ритам. Со него, НЛБ Банка им овозможува на младите полесно и посигурно да ги направат своите први самостојни финансиски чекори, со решение што им е достапно таму каде што се и тогаш кога им е потребно.

Со четирите NLB Next урбани зони, оваа поддршка излегува надвор од рамките на банкарството и станува видлив дел од секојдневието на младите, во просторите каде што се среќаваат, споделуваат идеи, создаваат нови можности и го градат духот на своето маало.

Банки
Народната банка објави конкурс за најдобро видео: награда од 60.000 денари
По повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во земјава, Народната банка објави конкурс за избор на најдобар видеоматеријал на социјалните мрежи на тема „Што значи за мене Народната банка?“.
За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена нето-награда од 60.000 денари.
Целта на конкурсот е учесниците на креативен и разбирлив начин да прикажат како работењето на централната банка е поврзано со секојдневниот живот на граѓаните – од парите, заштедите и плаќањата, до пошироките финансиски одлуки.
Како можни теми за обработка, Народната банка ги посочува стабилноста на денарот и цените, инфлацијата и куповната моќ, стабилноста на девизниот курс, сигурноста на банкарскиот систем, плаќањата и платниот систем, девизните резерви, како и економската статистика и транспарентноста.
Сепак, овие теми се дадени само како насока, а учесниците имаат слобода сами да го изберат пристапот и начинот на кој ќе ја раскажат својата приказна. Видеото може да биде во форма на анимација, интервју, скеч, документарен запис или друг креативен формат.
Конкурсот е отворен во периодот од 1 до 31 октомври 2026 година.
За учество, видеото треба да биде објавено на личен профил на Facebook или Instagram, при што објавата задолжително треба да биде јавно достапна. Потребно е да се користи хаштагот #МојатаНБ, како и да биде означен официјалниот профил на Народната банка.
На Facebook официјалниот профил е @narodnatabanka, а на Instagram @narodnabanka.mkd.
Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело со времетраење до три минути, изработено на македонски или албански јазик.
Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија.
Со конкурсот, Народната банка настојува да го доближи значењето на централното банкарство до пошироката јавност и да поттикне поголемо разбирање за тоа како монетарната и финансиската стабилност влијаат врз секојдневието на граѓаните.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот

