Connect with us

Банки

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 04.05.2023 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2023 година ќе врши исплата на дивиденда за 2022 година. Право на исплата на дивиденда за 2022 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 18.04.2023 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

Средствата од дивидендата за 2022 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на банката www.kb.mk во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход,  пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2022 година, a исплатена во 2023 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  (02) 3168-313, 3168-309, 3168-323 и 3168-311.

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange