Connect with us
no baners

Останато

ССК и Prime Blue Institute со поддршка за фирмите за воведување на стандарди за одржливост

Објавено

на

no baners

Сојузот на стопански комори на Македонија и институтот „Prime Point Partners“ потпишаа Договор за стратешка соработка со цел обезбедување на поддршка на реалниот сектор за имплементација на Глобалните целите за одржлив развој на ООН (Sustainable Development Goals  – SDGs) и ESG стандардите кои се однесуваат на еколошките, социјалните и управувачките аспекти на корпоративниот менаџмент и раст. Договорот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на „Prime Point Partners“  Зоран Мартиновски. Со реализација на заеднички мерки и активности ќе се работи на презентирање на предностите за компаниите од воведувањето на практики за добро еколошко, општествено и коорпоративно управување во своето работење, како и можностите за нивно поголемо насочување кон одржливи концепти за раст и развој на бизнисите, со посебен фокус на малите и средните претпријатија.

„Оваа заедничка иницијатива ќе има за цел да ја подигне свеста за важноста на Глобалните цели за одржлив развој на ООН, да ја зајакне културата на одржливост, да ги зајакне капацитетите на компаниите и да го олесни пристапот до зелените фондови за финансирање за малите и средните претпријатија. Тоа ќе вклучува серија настани и обуки поврзани со SDGs и ESG теми, вклучувајќи управување со ризик, правна регулатива, транспарентност, климатски промени, родови прашања, а ќе се насочиме и кон институционално и одржливо зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел обезбедување на подобра поддршка за неговите членови“, истакна Ангелоски.

Програмата ќе биде организирана како дел од пошироката ESG иницијатива имплементирана од PrimeBlue ESG Institute, гранката за развој на одржливост на PrimePoint Partners. „Усвојувањето на здрави ESG практики од страна на локалниот приватен сектор ќе биде од суштинско значење за поттикнување на одржливиот долгорочен раст, обезбедување на издржливост на локалниот приватен сектор и имплементација на Глобалните цели за одржлив развој на ОН во Северна Македонија“, рече Зоран Мартиновски, претседател на Prime Point Partners и PrimeBlue ESG.

Глобалните цели за одржлив развој се универзален повик за акција, за ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и обезбедување на мир и просперитет, а како приоритети се адресираат и климатските промени, економската нееднаквост, иновациите, одржливата потрошувачка, право и правда. Овие цели треба да бидат постигнати до 2030 година и треба да бидат имплементирани од страна на сите земји – членки на ООН. ESG стандардите пак покажуваат колку добро една компанија функционира во однос на нејзините социјални и еколошки одговорности низ нејзиниот синџир на снабдување и операции – наспроти гледањето на поширокиот контекст на човековите права.

Со оваа и други активности Сојузот на стопански комори континуирано ја поддржува националната имплементација на Глобалните цели за одржлив развој. Сојузот исто така презема активности и го следи напредокот кон остварување на овие цели за одржлив развој, обезбедува поддршка за политики, истражувања и асистира во управување со знаењето за целите.

no baners
no baners

Останато

За вториот пензиски столб во Буџетот се предвидени 19,6 милијарди денари

Објавено

на

За вториот пензиски столб во Буџетот за 2026 година се предвидени 19,6 милијарди денари, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека официјална одлука за пензиски реформи засега нема.

Таа посочи дека Владата не разговарала официјално за конкретни измени, но дека состојбите во пензискиот систем се анализираат. ММФ и Светска банка, како што рече, ќе изработат анализа за пензискиот фонд и ќе достават препораки, но тоа не значи дека тие автоматски ќе бидат прифатени од Владата.

„За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерката рече дека една од можните препораки би можела да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но нагласи дека Владата допрва ќе одлучува по добивањето на анализите. Според неа, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем на долг рок ќе биде демографијата.

Димитриеска-Кочоска лично смета дека старосната граница за пензионирање не треба задолжително да се зголемува, туку треба да се остави можност за избор.

„Треба да останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Секој треба сам да одлучи што ќе прави понатаму“, истакна министерката.

Продолжи со читање

Останато

Димитриеска-Кочоска: За две години сервисирани 4,4 милијарди евра јавен долг

Објавено

на

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги презентираше резултатите од работењето на Министерството за финансии во изминатите две години, оценувајќи дека фокусот бил ставен на фискална дисциплина, стабилизација на јавните финансии и инвестиции.

Таа посочи дека економијата бележи стабилен раст, од 3 проценти во 2024 година и 3,5 проценти во 2025 година, додека инфлацијата, која во 2022 година достигнала 14,2 проценти, во мај годинава изнесувала 4,8 проценти.

Според Димитриеска-Кочоска, во изминатите две години се сервисирани 4,4 милијарди евра од јавниот долг, а до крајот на годината доспеваат уште 983 милиони евра. Јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесувал 58,9 проценти од БДП.

Министерката нагласи дека средствата се насочуваат кон капитални инвестиции, поддршка на стопанството и локален развој. Обезбедени се 250 милиони евра поволни кредити за домашните компании и околу 250 милиони евра за општински капитални проекти.

Таа информираше дека Министерството работи на даночни и царински реформи, дигитализација на јавните финансии и борба против сивата економија. Во рамки на Реформската агенда 2024–2027, Министерството реализирало осум од 22 исполнети чекори на државата, со што придонело за одобрување 142,1 милион евра од Планот за раст на Европската Унија.

„Нашата визија останува непроменета – силни институции, стабилни јавни финансии, конкурентна економија и повисок животен стандард за секој граѓанин“, порача Димитриеска-Кочоска.

Продолжи со читање

Останато

Почнува исплатата на К-15: Минимум 19.116 денари во приватниот сектор, 13.670 денари во јавниот

Објавено

на

Работодавачите од приватниот сектор од денеска можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Законскиот рок за исплата трае до 31 декември годинава.

Износот на К-15 во приватниот сектор не е однапред фиксиран, туку зависи од периодот во кој работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата за пресметка е просечната месечна нето-плата по работник во земјава, исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата.

Според правилата, регресот за годишен одмор може да изнесува најмалку 40 проценти, а најмногу 100 проценти од просечната исплатена нето-плата во државата, со можност за одредени исклучоци.

Доколку работодавач од приватниот сектор овој месец одлучи да исплати К-15, минималниот износ би бил 19.116 денари, додека највисокиот износ би достигнал 47.790 денари.

Оваа сума е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година. Во февруари просечната нето-плата изнесувала 46.159 денари, во март 48.433 денари, а во април 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, па минималниот К-15 изнесува 40 проценти од таа основица.

За разлика од приватниот сектор, во јавниот сектор износот на К-15 е фиксен. Тој изнесува 30 проценти од просечната плата во претходната година. Бидејќи просечната плата за 2025 година изнесувала 45.566 денари, регресот за годишен одмор во јавниот сектор за годинава изнесува 13.670 денари.

Право на К-15 имаат вработените кои имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Работодавачите може да исплатат и повисок износ, доколку тоа е предвидено со колективен договор или со внатрешна одлука на компанијата.

Сепак, постојат и исклучоци. Компаниите кои работат со загуба или се соочуваат со финансиски потешкотии може, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската. За тоа е потребна соодветна документација и одлуки усогласени со синдикатите.

Работодавачите од приватниот сектор кои нема да исплатат регрес за годишен одмор може да се соочат со казни до 4.000 евра. За правното лице е предвидена глоба од 2.000 до 3.000 евра, додека одговорното лице кај работодавачот може да плати казна од 500 до 1.000 евра.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange