Останато
Доделени наградите за е-трговија за 2022 година, погледнете кои се победниците
Вчера, во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje се одржа свечена манифестација за доделување на македонските награди за е-трговија за 2022 година – “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од голем број на домашни уметници и актери.
На изборот за најдобри е-трговци во Македонија за 2022 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 23 категории, организирани во 3 секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, во чии рамки се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.
Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2022 се организираше во 5 фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Изборот започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 150 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани 93.390 гласови од 6.584 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 13 членови. Во категориите со 30 или повеќе номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 10 финалисти и потоа на крајот беа избрани 3 победници (1во, 2ро и 3то место), додека во категориите со помалку од 30 номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 5 е-трговци, од кои еден беше избран за победник.
По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

Победниците во сите категории може да се погледнат во продолжение, а објавени се и на официјалнтата веб страница на натпреварот, на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/pobednici/
Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:
- Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk
- Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
- Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk
- Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fashiongroup.com.mk (1 место)
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fitkit.app (2 место)
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – mytime.mk (3 место)
● Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – dormeo.mk - E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
- Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – korpa.mk
- Е-продавница за култура, настани и едукација на годината – literatura.mk
Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:
- Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – korpa.mk
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – fashiongroupoutlet.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – telekom.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – gley.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – korpa.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – svetotnabibi.mk (3 место)
- Најдобра веб страна за плаќање на сметки – evnonline.mk
- Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – https://e-pdd.ujp.gov.mk/
- Најдобра е-продавница основана од жена – korpa.mk (1 место)
- Најдобра е-продавница основана од жена – elenaluka.com.mk (2 место)
- Најдобра е-продавница основана од жена – boksy.mk (3 место)
- Најдобра е-продавница со меѓународна продажба – kupikniga.com.mk
- Mаркетплејс платформа на годината – paket.mk
- Најдобар верификуван е-трговец – fashiongroup.com.mk
Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:
- Најдобра новоотворена е-продавница – korpa.mk
- Најпопуларна е-продавница – fashiongroup.com.mk (1 место)
- Најпопуларна е-продавница – paket.mk (2 место)
- Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (3 место)
- Е-трговец на годината за 2022 година – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец на годината за 2022 година – paket.mk (2 место)
- Е-трговец на годината за 2022 година – fashiongroup.com.mk (3 место)
Инаку, македонските награди за е-трговија – “Ecommerce Awards 2022” беа овозможени благодарение на поддршката од генералниот партнер Mastercard и на организацискиот партнер – Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада.
Златен партнер на натпреварот беше Комерцијална Банка АД Скопје, Iute Credit Macedonia беше сребрен партнер, а натпреварот го поддржа и винскиот партнер wine.mk.
Останато
Почнува исплатата на К-15: Минимум 19.116 денари во приватниот сектор, 13.670 денари во јавниот
Работодавачите од приватниот сектор од денеска можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Законскиот рок за исплата трае до 31 декември годинава.
Износот на К-15 во приватниот сектор не е однапред фиксиран, туку зависи од периодот во кој работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата за пресметка е просечната месечна нето-плата по работник во земјава, исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата.
Според правилата, регресот за годишен одмор може да изнесува најмалку 40 проценти, а најмногу 100 проценти од просечната исплатена нето-плата во државата, со можност за одредени исклучоци.
Доколку работодавач од приватниот сектор овој месец одлучи да исплати К-15, минималниот износ би бил 19.116 денари, додека највисокиот износ би достигнал 47.790 денари.
Оваа сума е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година. Во февруари просечната нето-плата изнесувала 46.159 денари, во март 48.433 денари, а во април 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, па минималниот К-15 изнесува 40 проценти од таа основица.
За разлика од приватниот сектор, во јавниот сектор износот на К-15 е фиксен. Тој изнесува 30 проценти од просечната плата во претходната година. Бидејќи просечната плата за 2025 година изнесувала 45.566 денари, регресот за годишен одмор во јавниот сектор за годинава изнесува 13.670 денари.
Право на К-15 имаат вработените кои имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач во текот на календарската година.
Работодавачите може да исплатат и повисок износ, доколку тоа е предвидено со колективен договор или со внатрешна одлука на компанијата.
Сепак, постојат и исклучоци. Компаниите кои работат со загуба или се соочуваат со финансиски потешкотии може, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската. За тоа е потребна соодветна документација и одлуки усогласени со синдикатите.
Работодавачите од приватниот сектор кои нема да исплатат регрес за годишен одмор може да се соочат со казни до 4.000 евра. За правното лице е предвидена глоба од 2.000 до 3.000 евра, додека одговорното лице кај работодавачот може да плати казна од 500 до 1.000 евра.
Останато
Делегација на ФОД учествуваше на годишното собрание и конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити
Делегација на Фондот за осигурување на депозити учествуваше на Годишното собрание и Меѓународната конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), што се одржа во Букурешт од 9 до 13 јуни 2026 година.
Настанот беше организиран од Романскиот фонд за гаранција на банкарски депозити (FGDB), а ФОД го претставуваа Ирена Митровска, помошник раководител на секторот за обесштетување на депозити, меѓународна соработка, промотивни активности, односи со јавноста и ИКТ, и Антигона Сефери, помошник раководител на секторот за правни работи, општи административни работи и управување со квалитет.
На конференцијата се разговараше за најновите случувања и реформи поврзани со новата рамка за управување со кризи и осигурување на депозити (CMDI), како и за предизвиците што ги носат финансиските иновации и развојот на FinTech-секторот. Дел од дискусиите беа посветени и на прекуграничното управување со ризици во банкарскиот сектор.
Од ФОД посочуваат дека учеството на конференцијата ја потврдува нивната посветеност на понатамошно зајакнување на системот за осигурување на депозити, унапредување на структурните реформи и регулаторната рамка, како и на размена на искуства со европските институции.
Останато
Од јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
Компаниите од приватниот сектор од 1 јули можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што треба да им биде исплатен на работниците годинава изнесува околу 19.116 денари.
Износот се утврдува според просечната нето-плата за претходните три месеци. За пресметката се земени платите за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, а според колективниот договор, минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 проценти од таа основица.
Право на К-15 имаат вработените во приватниот сектор кои во текот на календарската година имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач.
Работодавачите имаат можност да исплатат и повисок износ од минималниот, доколку тоа е предвидено со колективен договор, правилник или одлука на самата компанија.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
