Connect with us
no baners

Бизнис

Ecommerce Conference ја потврди нејзината големина: 800+ регистрирани учесници од целиот Балкан

Објавено

на

За точно една недела, на 4 ноември 2025 година, Скопје ќе стане епицентар на регионалната бизнис сцена, кога ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија под темата „E-COMMERCE: FASTEN THE FUTURE“. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во тек се финалните подготовки за настанот што ќе го претвори Скопје во регионален центар на е-трговијата.

Оваа година, конференцијата ветува најголемо издание досега, кое ќе ги обедини највлијателните компании, визионери и иноватори од целиот Балкан и пошироко. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и да се инспирираат од говорници кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети за тоа како се создава, обликува и забрзува иднината на е-трговијата.

Новитетот оваа година е што конференцијата за првпат ќе се одвива паралелно на две сцени, создавајќи динамично искуство кое ги спојува инспирацијата и практиката. На главната сцена ќе се слушнат визионерски идеи, испробани стратегии и лични приказни од највлијателните имиња во светот на е-трговијата, дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција. Говорници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Booking.com, Wolt, Publicis Groupe, Direct Media, Bigburg, Korpa, Brainster Next и други водечки брендови ќе споделат како иновацијата, креативноста и технологијата заедно го обликуваат идниот правец на е-трговијата. Нивните презентации ќе опфатат теми што ја дефинираат новата ера на онлајн купувањето – од улогата на вештачката интелигенција во безбедноста на клиентите, преку значењето на автономните AI агенти, до тоа како инфлуенсерите, содржината и податоците стануваат новата валута на современата е-трговија. Паралелно, на втората, hands-on сцена, идеите ќе се претвораат во конкретни чекори. Учесниците ќе имаат можност директно да учат преку интерактивни сесии – од онлајн плаќања и интеграции со Halkbank, преку отклучување на моќта на податоците, до креирање кратки видеа, запознавање со AI алатки и совети за добивање грантови, инвеститори и партнерства. Двете сцени заедно ќе создадат единствено искуство – едната ќе инспирира со визија, а другата ќе покаже како визијата се претвора во резултати. Комплетната агенда за конференцијата може да се погледне овде.

Инаку, во рамките на конференцијата ќе биде поставена и експо-зона каде што компаниите ќе ги презентираат своите најнови производи, технологии и услуги. За полесно вмрежување, повторно ќе биде достапна мобилната апликација на конференцијата, наменета за закажување индивидуални состаноци меѓу учесниците, но и за следење на сите детали поврзани со конференцијата. Нетворкинг-зоната пак, ќе овозможи директни средби меѓу учесниците.

Со повеќе од 800 регистрирани учесници од целиот регион и со присуство на водечки глобални и регионални брендови, овогодинешната конференција поставува нови стандарди за е-трговијата во регионот и пошироко. Интересот е огромен, а останати се само неколку последни карти за сите кои сакаат да бидат дел од највозбудливиот бизнис настан во регионот. Картите може да се купат на официјалната веб-страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.

Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

Бизнис

Бензините и дизелот со нови повисоки цени од полноќ

Објавено

на

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Иако просечната промена на цените е минимална, најголем дел од возачите ќе се соочат со поскапување на бензините и дизелот.

Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, што е зголемување од 1,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар, односно за два денари поскапо од досега.

Поскапува и дизелот, чија нова цена ќе биде 87,50 денари за литар, што претставува раст од 50 денари по литар.

Наспроти тоа, екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтини за 2,50 денари и ќе се продава по 86,50 денари за литар. Намалување има и кај мазутот, чија цена е утврдена на 46,223 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека при пресметката се земени предвид референтните износи на акцизите за бензините и дизелот, по престанокот на важноста на претходната одлука за измена на начинот на нивна пресметка.

Новите цени ќе стапат во сила на 16 јуни во 00:01 часот.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Бизнис

Инвеститорите со нетрпение ги очекуваат берзанските дебитанти SpaceX, OpenAI и Anthropic

Објавено

на

По повеќе од две децении во кои бројот на акции на американскиот пазар на капитал се намалуваше, главно поради програмите за откуп на сопствени акции, се отвора ново поглавје за Волстрит. На берзата наскоро би можеле да се појават некои од најпознатите и најбрзорастечки технолошки компании во светот, меѓу кои SpaceX, OpenAI и Anthropic.

Според проценките, најголемото јавно понудување се очекува од деловната империја на Илон Маск, која ги вклучува SpaceX, сателитската мрежа Starlink, платформата за вештачка интелигенција xAI и социјалната мрежа X. Вкупната вредност на овие компании се проценува на околу 1,75 билиони долари.

Во октомври се очекуваат и берзанските дебитанти на Anthropic и OpenAI, чии заеднички вредности би можеле да бидат споредливи со онаа на SpaceX. Само овие нови компании би можеле да ја зголемат пазарната капитализација на американскиот пазар за околу 3,5 билиони долари, што претставува речиси пет проценти од сегашната вредност на индексот S&P 500.

SpaceX преку јавната понуда планира да обезбеди околу 86 милијарди долари свеж капитал, наменет првенствено за финансирање на развојни проекти и изградба на центри за податоци. Интересот кај инвеститорите е исклучително голем, а меѓу заинтересираните се наоѓаат големи инвестициски фондови како BlackRock и Fidelity, арапски државни фондови, како и инвеститори од Кина кои бараат алтернативни начини за вложување.

Во почетната фаза на берзата ќе бидат достапни околу пет проценти од акциите на овие компании. Сепак, по истекот на ограничувањата за дел од сегашните инвеститори следната година, се очекува значително зголемување на бројот на акции достапни за тргување.

Аналитичарите предупредуваат дека вреднувањата се исклучително високи. SpaceX моментално генерира околу 18 милијарди долари приходи, но бележи и речиси пет милијарди долари загуба. Односот меѓу пазарната вредност и приходите достигнува ниво од околу 100, што укажува на високи очекувања за идниот раст.

Според проценките, околу половина од вредноста на компанијата се должи на Starlink, една третина на xAI, додека остатокот се поврзува со ракетната програма и долгорочните планови за истражување и колонизација на Марс.

Инвестициската банка Goldman Sachs, која ја води јавната понуда, проценува дека SpaceX за пет години би можел да генерира слободен паричен тек од околу 72 милијарди долари. Но, поради високите очекувања, аналитичарите предупредуваат дека акциите би можеле да бидат изложени на значителни ценовни осцилации.

Покрај новите компании, вниманието на инвеститорите ќе биде насочено и кон технолошките гиганти од групата „Маг 7“. Во деновите пред најавените котации, овие компании заедно изгубија околу илјада милијарди долари пазарна вредност, делумно поради пренасочување на капиталот кон новите технолошки ѕвезди.

Аналитичарите оценуваат дека 2026 година би можела да остане запаметена како година во која новата генерација технолошки компании направи силен пробив на светските пазари на капитал. Доколку изминатата деценија беше обележана од компании како Apple, Microsoft, Nvidia и Amazon, следните години би можеле да донесат подем на нови имиња предводени од вештачката интелигенција и напредните технологии.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange