Connect with us
no baners

Бизнис

Заеднички чекори кон инклузивни работни средини-ново партнерство на GEA и Women in Tech

Објавено

на

Во духот на унапредување на родовата еднаквост и создавање инклузивни можности во сите индустрии, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA и Women in Tech Macedonia и ја официјализираа својата соработка преку потпишување на Меморандум за соработка.

Претседателката на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, д-р Нина Ангеловска Станков, и претседателката на Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска Таневска, го потпишаа овој меморандум со цел реализација на заеднички активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост на работното место и поттикнување на еднаква застапеност на жените во сите професионални области, како и создавање на поддржувачка средина за нивен професионален развој и напредок. Ова партнерство е во согласност со трите главни столба на GEA: еднаква застапеност на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа, и еднакви можности за напредок во компаниите, кои претставуваат темел на нивните активности за создавање фер и инклузивна работна средина.

Алијансата за родова еднаквост на работното место, иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), активно работи на промовирање на еднакви можности за сите и поттикнување на родова еднаквост на работните места. Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се еднакво вреднувани за нивниот придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за Родова еднаквост при UN Women и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 – Родова Еднаквост.

„Соработката со Women in Tech Macedonia е значајна бидејќи со заедничка работа на едукација, менторство и програми за зајакнување на жените ќе придонесеме за надминување на родовите бариери на работното место и за создавање основа за инклузивна работна средина каде што талентот и знаењето се вреднуваат подеднакво. Нашата заедничка цел е да создадеме инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените.“ – изјави д-р Нина Ангеловска Станков, претседателка на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.

Women in Tech Macedonia е дел од глобалната иницијатива Women in Tech®, која активно работи на затворање на родовиот јаз и поттикнување на жените да станат активни чинители во сите индустрии. Нивниот фокус е насочен кон пет клучни области: образование, претприемништво, социјална инклузија, технологија и иновации. Преку разни проекти и програми, Women in Tech Macedonia им помага на девојките и жените да стекнат соодветни вештини и самодоверба за успех во нивната едукација и кариера.

„Нашето партнерство со GEA ќе овозможи нови можности за жените во сите професионални области, преку едукација, менторски програми, професионално поврзување и поддршка во развојот на нивните кариери. Веруваме дека преку заеднички напори ќе создадеме позитивни промени и ќе го забрзаме процесот на родова еднаквост во сите индустрии во Северна Македонија и регионот.“ – изјави Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia.

Преку оваа соработка, GEA и Women in Tech Macedonia ќе соработуваат со бизнис секторот, владини и невладини организации, како и со меѓународни институции за да обезбедат конкретни можности за развој на жените на работните позиции.

Со заеднички активности како кампањи, обуки, конференции и иницијативи за зголемување на родовата еднаквост на работните места, GEA и Women in Tech Macedonia ќе работат на унапредување на положбата на жените во сите сектори, како и на усогласување на родовите политики со европските стандарди. Оваа соработка е значаен чекор кон создавање на подеднакви можности за жените и градење на одржлив дигитален екосистем во кој сите имаат еднаква шанса за успех.

Бизнис

Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари

Објавено

на

На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.

Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.

Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.

Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.

Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.

Продолжи со читање

Бизнис

Инвестирајте како гејмер: 5 P2P стратегии позајмени од светот на стратегиските игри

Објавено

на

Ако знаете како да изградите совршен build во League of Legends, да издржите долг raid во World of Warcraft или да победите во StarCraft со паметна стратегија честитки, веќе имате предност во светот на P2P инвестирањето. Да, сериозно. Во суштина, и игрите и P2P инвестициите бараат исто нешто: тактика, анализа, трпение и добри P2P стратегии.

Финансискиот пазар е како една голема, сложена стратегиска игра: добивате ресурси (вашите пари), мора да ги распределите (инвестирате) и, што е најважно, да ги избегнувате опасностите (ризикот).

Разликата е само што наместо XP, тука заработувате реален пасивен приход. Ако сакате да ја пренесете вашата “in-game” интелигенција во реалниот свет, време е да го откриете финанскиот “playbook” што го користат паметните инвеститори.

Од гејминг до инвестирање – иста логика, различна арена со вистинските P2P стратегии

Многу често најнеочекуваните светови се среќаваат во средината, а кога станува збор за игрите и инвестирањето – стратегијата е таа заедничка точка. Стратегијата е клучна за успех било да сте гејмер или инвеститор.

Еве ги 5-те P2P стратегии што звучат како од светот на гејмерите – но функционираат совршено и во светот на P2P инвестирањето.

1. Диверзификацијата е вашиот „Heal Potion“

Во секоја добра стратегиска игра, никогаш не одите во битка без вашиот Heal Potion. Тоа е вашата “back-up” линија, начинот да се вратите во игра кога сте под најголем напад. Истото важи и за инвестирањето – диверзификацијата е вашиот штит против неочекувани загуби.

Во P2P светот, тоа значи: не вложувајте сè во еден заем. Наместо тоа, поделете го вашиот капитал на повеќе мали инвестиции во различни заеми, категории и оригинатори. На тој начин, ако некој заем не се отплати во целост, останатите продолжуваат да ви носат добивка.

Pro Tip: Како искусен RPG играч, секогаш ги делите вашите Skill Points на повеќе статистики (сила, интелигенција, одбрана). Така, поделете го вашиот капитал на повеќе заеми – за да бидете силни во сите области!

2. Реинвестирањето е вашиот „XP Grinding Loop“

Секој гејмер знае дека вистинскиот напредок не доаѓа од еден quest, туку и од постојано фармање XP. Во P2P светот, тоа се вика реинвестирање. Кога добивате месечни исплати од заемите, наместо да ги повлечете, повторно инвестирајте ги во нови заеми.

Така создавате loop на раст – каде што секоја добивка ви носи уште поголема добивка. Ова е вашата верзија на level up – само што наместо нов меч или spell, добивате поголемо портфолио и стабилен пасивен приход.

Pro Tip: Ако сте играч што сака да има контрола врз build-от, можете рачно да избирате заеми. Но ако сакате да го играте „финансискиот sandbox“ на полесен начин – вклучете ја функцијата Auto Invest, внесете ги подесувањата за автоматско инвестирање и гледајте како профитот расте.

3. Деталите на заемот се вашиот „Item Stats Screen“

Секој искусен гејмер знае – пред да го екипирате новиот меч, штит или оклоп, мора да го отворите Item Stats Screen-от. Не е доволно само да гледате дека мечот изгледа убаво – мора да ги проверите статистиките: attack power, durability, speed, special bonuses. Еден предмет може да изгледа моќно, но да не одговара на вашиот play style. Истото важи и за P2P инвестициите.

Пред да кликнете „Купи кредит”, проверете ги сите детали на заемот – тоа е вашиот финансиски Item Stats Screen. На P2P.mk, секој заем има јасно прикажани клучни информации:

  • Шифра на кредит – Уникатен ID за следење (како item code во инвентарот) 
  • Финансиско друштво (Оригинатор) – Кој издава заем (вашиот “vendor” или “guild”) 
  • Годишна каматна стапка – Колку заработувате годишно (вашата “damage stat”) 
  • Рок на отплата (месеци) – Колку долго траат исплатите (вашата “cooldown time”) 
  • Износ на кредит – Вкупна сума на заемот 
  • Месечен прилив – Колку добивате секој месец (вашиот recurring income) 
  • Вкупен прилив – Што добивате на крај (total reward за мисијата)

Не вложувајте во заем само затоа што има висока каматна стапка – проверете ги сите детали! Може заемот да има одличен „attack stat” (14% камата), но долг рок што не одговара на вашата стратегија. Или можеби износот е премногу голем за вашиот капитал за диверзификација.

Pro Tip: Како што анализирате дали новата опрема одговара на вашиот build пред да ја купите, така анализирајте дали заемот одговара на вашето портфолио. Проверете ги сите stats, споредете ги со другите достапни заеми, и одлучете дали е вистинскиот “item” за вашата стратегија. Паметните инвеститори не кликаат импулсивно – тие проучуваат, споредуваат, и избираат стратешки.

4. Гаранцијата за Откуп е вашиот „Checkpoint“ (Точка на Спас)

Во секоја тешка Campaign, Checkpoint-от е клучниот елемент што ви овозможува да преживеете. Тоа е точка на спасување; ако изгубите, не почнувате од самиот почеток. Гаранцијата за откуп (BuyBack Guarantee) е вашиот финансиски Checkpoint.

Вие можете да се фокусирате на стратегијата за раст, а не на мониторинг на поединечни заемопримачи. Со оваа заштита, вашите инвестирани средства се чувствуваат речиси исто толку сигурно како и во банка, но со потенцијал за далеку повисок принос.

Pro Tip: Паметните играчи секогаш имаат backup план.

5. Фокусирајте се на вашиот „End-Game“ (Крајна Цел)

Во секоја игра, вистинските шампиони не се оние што трчаат најбрзо – туку оние што играат паметно на долг рок. Истото важи и за P2P инвестирањето.

Немојте да очекувате “instant wins” или “cheat codes” за брзо богатство. Наместо тоа, размислувајте како стратег што планира неколку потези однапред. Колку подолго останете во играта со паметна стратегија, толку повеќе можете да акумулирате. Вашата трпеливост и дисциплина се вашето најсилно оружје – тоа е вашата „ultimate ability”.

Pro Tip: Поставете си реална цел на 6, 12 или 24 месеци. Гледајте на секој месец како нова рунда – и оставете вашите пари да работат за вас. Но имајте реални очекувања: P2P не е магија, туку алатка за диверзификација на вашето инвестициско портфолио.

Оптимизирајте ги вашите инвестиции со вистинските P2P стратегии

P2P инвестирањето не е брзо збогатување (no quick cheat codes). Тоа е долгорочна, одмерена стратегија која константно генерира приход. Тоа е како да ја градите вашата base – малку по малку, но стабилно и со растечка моќ.

Време е да ги извадиме тие вештини од виртуелниот свет и да ги примениме таму каде што навистина се важни: во градењето на вашиот финансиски раст. Со P2P.mk, првата македонска peer-to-peer платформа, инвестирањето станува едноставно и забавно.

Започнете да инвестирате со вашите P2P стратегии денес на P2P.mk.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Кој наш сосед е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа!?

Објавено

на

Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја оцени Албанија како една од најбрзорастечките економии во Европа, истакнувајќи ја клучната улога на Банката на Албанија во обезбедување стабилност, доверба и одржлив раст.

„Со Централната банка на Албанија како силен партнер, посветена на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност, Албанија се рангира меѓу најбрзорастечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и зголемена одржливост“, посочи Георгиева.

Таа додаде дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува Албанија во процесот на интеграција во Европската унија и во одржување на макроекономската стабилност, како и во унапредување на финансиската инклузија и дигитализацијата на банкарскиот сектор.

Ова признание ја истакнува важноста на доброто управување со монетарната политика и стабилните институции за забрзување на економскиот раст и зајакнување на довербата на инвеститорите во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange