Банки
Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“
Во периодот од 8 до 10 април, вкупно 90 претприемачиподелени во три групи ја започнаа својата едукација во рамки на ПроКредит бизнис академијата, едукативна програма наменета за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. Ова е првпат да се организира настан од ваков вид во нашата земја, со единствена цел, поддршка на локалната бизнис заедница и создавањеструктуирана платформа за нефинансиска едукација и вмрежување на бизнисите.
Првиот модул, посветен на темата „Интерно претприемништво“, беше реализиран под менторство наСандра Савановиќ-Стевановиќ – партнер и директор на белградската подружница на консултантската компанијаAlphabet Group, со повеќе од 25 години искуство како бизнис тренер и консултант за деловен развој и стратешко планирање. Таа зад себе има повеќе од 3.500 обучени претприемачи, 1.000 компании и импозантно меѓународно искуство од работа во повеќе од 20 земји на 4 континенти.
„Многу е важно претприемачите да развијат начин на размислување кој постојано бара повеќе можности за подобрување и иновација – не само надворешно, туку и интерно во сопствената организација. Интерното претприемништво е клучна алатка за секој бизнис што сака да расте и да се прилагодува на брзиот пазарен развој“, истакна Сандра Савановиќ-Стевановиќ.
Ова е концепт кој станува сè поважен во современото работење и кој има за цел да поттикне претприемачки начин на размислување како и развој на иновативни идеи внатре во организацијата, не само кај сопствениците на бизниси, туку и во интерниот тим.
Во текот на овие три дена, преку интерактивни сесии и практични примери, учесниците имаа можност детално да се запознаат со програмата на овој модул и да работат на:
• развивање на претприемачки начин на размислување во компанијата,
• техники за генерирање иновативни идеи за развој на бизнисот,
• препознавање на можности за раст и решенија кои создаваат вредност за клиентите и компанијата,
• стратегии за проценка и управување со ризици кај новите иницијативи,
• подобрување на тимската соработка и динамика.
„Со оваа иницијатива одиме чекор понапред како финансиска институција која нуди многу повеќе од банкарски услуги. Како долгогодишни поддржувачи на храбрите претприемачи, континуирано вложуваме во знаење, развој и долгорочна одржливост на локалната бизнис заедница, бидејќи нашата мисија е да бидеме партнер кој постојано креира вредност и нови можности. Среќни сме што ПроКредит бизнис академијата е препознаена од претприемачите како корисна платформа за едукација, надградување, вмрежување и размена на искуства, каде преку иновативен пристап, интерактивни обуки и програми за развој овозможуваме поддршка во нивниот личен раст и во растот на нивните бизниси“, истакнуваат од ПроКредит Банка.

Во периодот од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје ќе се одржуваат предавања со различни ментори во вкупно пет различни модули. По завршување на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.
Банки
Кредитите во август пораснале за 13,6 отсто, депозитите за 9 отсто
Кредитната активност на банките во август годинава забележала раст од 0,7 отсто на месечно и 13,6 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Раст е забележан и кај кредитите на домаќинствата и кај корпоративниот сектор.
Вкупните депозити, пак, во август се зголемиле за 1,6 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа растот изнесува 9 отсто. Зголемување е регистрирано и кај депозитите на домаќинствата и кај компаниите.
Кај корпоративниот сектор, депозитите пораснале за 6,2 отсто на месечно и 6,1 отсто на годишно ниво. Кредитите на компаниите, пак, во август се зголемиле за 0,6 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст забрзал на 15,1 отсто. Зголемувањето целосно произлегува од кредитирањето во домашна валута.

Депозитите на населението во август се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но на годишна основа се повисоки за 10,2 отсто. Орочените депозити на домаќинствата пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно.
Кредитите на населението продолжиле да растат, и тоа за 0,7 отсто на месечно и 12,3 отсто на годишно ниво. Потрошувачките кредити бележат годишен раст од 12,2 отсто, а станбените кредити од 16,2 отсто.
Истовремено, паричната маса во август се зголемила за 1,3 отсто на месечно и за 8,2 отсто на годишно ниво.
Банки
ЕЦБ и европските централни банки бараат промена на правилата за резервите на стејблкоините
Европската централна банка и националните централни банки во Европската Унија предлагаат да се укине обврската издавачите на стејблкоини да чуваат минимален дел од своите резерви како депозити во банки, објави Reuters.
Во моментов, според правилата на MiCA, издавачите на стејблкоини треба да чуваат 30 отсто од резервите како банкарски депозити, а кај поголемите издавачи тој удел изнесува 60 отсто. Централните банки предлагаат ова правило да се замени со барање одреден минимален дел од резервите да биде вложен во средства што доспеваат во рок од еден до пет работни дена.
Според Европскиот систем на централни банки, чувањето на резервите како банкарски депозити може да ја промени структурата на финансирање на банките, бидејќи постабилните депозити на граѓаните би можеле да бидат заменети со депозити од издавачи на стејблкоини, кои се почувствителни на пазарни движења.
Европските монетарни власти предупредуваат и на ризиците поврзани со таканаречените модели на повеќекратно издавање на стејблкоини, кај кои токените издадени во ЕУ се третираат како заменливи со оние издадени надвор од Унијата. Според нив, ваквите модели можат да создадат ризици за финансиската стабилност.
Централните банки дополнително укажале дека европските регулатори се соочуваат со значителни предизвици во спроведувањето на правилата за крипто-секторот, бидејќи дел од компаниите што не се усогласени со прописите и натаму имаат пристап до клиенти во ЕУ.
Банки
Околу 80 вработени во Стопанска банка даруваа крв во крводарителска акција
Околу 80 вработени во Стопанска банка АД – Скопје вчера учествуваа во крводарителска акција, покажувајќи хуманост и солидарност преку доброволно дарување крв.

Од Банката истакнаа дека со оваа акција вработените уште еднаш покажале дека и еден мал гест може да има големо значење за оние на кои им е потребна помош.
Стопанска банка упати благодарност до сите вработени кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека со својата несебичност придонесуваат за поддршка, надеж и шанса за живот.

Крводарителската акција е дел од активностите преку кои Банката и нејзините вработени ја поддржуваат хуманоста и општествената одговорност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





