Connect with us

Останато

ФИТР со повик за доделување награди на иницијативи кои го поддржале учеството на младите во истражувачко-развојните сектори од Западен Балкан

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави повик „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“ на кој вкупно 18,000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации.

Наградите ФИТР ги организира во рамки на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан.

Проектот е финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија.

„Овие награди ги вреднуваат, препознаваат и слават извонредните иницијативи фокусирани на младите од Западен Балкан, кои значително успеале да ги вклучат младите (15 – 29 години) во истражување и иновации помеѓу 2020 и 2024 година.

Целта на наградите е да се потенцираат успешните приказни за истражување и развој фокусирани на младите од Западен Балкан и да се промовираат можности за учење и професионално усовршување во истражувањето и иновациите“, стои во соопштението од ФИТР.

Повикот е наменет за сите правно-основани организации (микро претпријатија, мали и средни претпријатија, граѓански организации, училишта, универзитети или други субјекти) со седиште или фокусирани на земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора или Србија).

На натпреварот, вкупно шест победници од регионот ќе добијат награда во вредност од 2.000 евра со сите платени трошоци за учество, една главна награда во вредност од 6.000 евра, регионално признание за влијателни иницијативи фокусирани на младите и шанса да ја инспирираат следната генерација иноватори.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 18 април 2025 година. Повеќе информации за натпреварот можат да се добијат на следниот линк: https://westernbalkans-infohub.

Анализи

Просечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што претставува раст од 7,6% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Најголем придонес кон зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен имаат секторите: Транспорт и складирање за 13,4%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9% и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9,7%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8%, Рударство и вадење на камен за 9,0% и Градежништво за 7,0%.

Просечната бруто-плата во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари, потврдувајќи го трендот на континуиран раст на примањата.

Продолжи со читање

Анализи

РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – синдикалната кошничка за четиричлено семејство во февруари порасна за речиси 1.000 денари

Објавено

на

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67 382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.

Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната односно ако за јануари биле потребни минимум 24 211 денари, во февруари за истата намена биле потребни 25.156 денари.

Од ССМ велат дека за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да се случи во март, е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.

„За само два месеца едно семејство е посиромашно за две илјади денари. За 24 месеци, односно околу колку што одбиваа да ја зголемат минималната плата вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари и затоа наместо да се препукуваат на грбот на работниците и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат минималната плата која треба да иузнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

ССМ им остави простор на Владата и работодавачите до крајот на февруари да се договорат за зголемувањето на минималната плата, во спротивно најавуваат уште еден протест и организирање генерален штрајк.

Продолжи со читање

Бизнис

Трговскиот дефицит на САД надмина 900 милијарди долари!

Објавено

на

Трговскиот дефицит на САД достигна 901 милијарда долари во 2025 година, покажуваат податоците на „U.S. Census Bureau и Bureau of Economic Analysis“. Ова е едно од највисоките нивоа во последните години, поттикнато од силната домашна побарувачка и растечкиот увоз на индустриски производи, автомобили, електроника, енергенси и потрошувачка стока.

Најголемиот дел од дефицитот произлегува од трговската размена со China, Mexico и European Union, каде увозот значително го надминува извозот. Во декември 2025 година, дефицитот достигна 70,3 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Економистите предупредуваат дека ваквото продлабочување на дефицитот укажува на силна потрошувачка и економска активност, но истовремено може да го засегне домашното производство и конкурентноста на одредени индустриски сектори. Федералните власти ќе продолжат да ја следат ситуацијата во контекст на монетарната политика, трговските договори и меѓународните пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange