Connect with us
no baners

Бизнис

Македонски Политиколошки Форум објавува ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ

Објавено

на

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата.

Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум.

Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот повик.

Сите заинтересирани имаат можност да испратат свој труд (индивидуално или група автори) најдоцна до 15 ти Мај 2025 година.

Трудовите треба да ги исполнуваат условите наведени во повикот.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

ПР објава

Бизнис

Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука.

Од 00:01 часот на 5 август, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Продолжи со читање

Бизнис

Мукаетов и Штериев ќе говорат за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишната конференција на Македонска берза

Објавено

на

Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза.

На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, како и на нејзините идни развојни перспективи.

Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со искуствата поврзани со котацијата на компанијата и со факторите што влијаеле врз нејзиниот долгорочен успех.

Годишната конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.

Продолжи со читање

Бизнис

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објави промена во менаџментот: Донесена одлука за отповикување член на Управниот одбор

Објавено

на

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преку соопштение на Македонската берза извести за промена во составот на Управниот одбор на друштвото.

Согласно одлуката донесена од Надзорниот одбор на 24 јули 2026 година, г. Игор Доневски е отповикан од функцијата член на Управниот одбор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.

Одлуката е донесена во рамки на законската обврска за известување за промени во органите на управување и раководење, согласно Законот за хартии од вредност.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ е дел од финансиската групација ХАЛК, која преку своите активности на македонскиот пазар нуди услуги од областа на неживотно осигурување.

Фото: AI

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange