Connect with us

Бизнис

Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година

Објавено

на

По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.

Соња Грујевска и Андреј Андреевски од КИБС ја добија наградата за најдобри службеници во 2024 година.

Со особена радост објавуваме дека нашите колеги Соња и Андреј ги понесоа признанијата за најдобри службеници во КИБС. Овие признанија не се случајност, тие се резултат на нивната посветеност, професионалност и стручно работење. Им честитаме и им благодариме што се инспирација и гордост за тимот од КИБС.” – велат од компанијата.

Бизнис

Кој е македонскиот биткоин милионер!?

Објавено

на

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД го поттикна растот на американските и светските берзи, ја зголеми вредноста на доларот, додека пак криптовалутите растат вртоглаво.

Најпознатата криптовалута, биткоинот, денеска достигна рекордна вредност од над 100.000 долари, достигнувајќи највисоко ниво од 103.225 долари за еден биткоин.

Овој тренд на раст на криптовалутите преку ноќ направи многу луѓе милионери, а таков е случајот и со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Тој во својот анкетен лист поднесен до Државната комисија за спречување на корупција – ДКСК, пријавил дека поседува 10 биткоини, проценети на 600.000 долари во моментот на пријавувањето односно во тој момент еден биткоин вредел 60.000 долари.

Со новата рекордна цена на биткоинот, неговите 10 биткоини сега вредат околу 1.032,225 американски долари, што го прави Пандов нов крипто милионер.

Оваа заработка го става Александар Пандов во редот на најпрофитабилните македонски инвеститори во криптовалути за оваа година.

Продолжи со читање

Бизнис

Бобан Томески именуван за нов извршен член на Одборот на директори на „Кроација осигурување – Живот“ АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со Законот за хартии од вредност , а по одржаното Собрание на акционери на Друштвото, КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информира јавноста дека на г-ѓа Маја Станковска Костова досегашен извршен член на Одборот на директори и престана функцијата поради поднесена оставка заклучно со 01.12.2024 година.

За нов извршен член на Одборот на директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје е именуван г-дин Бобан Томески, почнувајќи од 01.12.2024 година.

„Управувањето со Кроациа осигурување – Живот, друштво кое е лидер на пазарот за осигурување и најстара осигурителна компанија за животно осигурување во Македонија, е голема привилегија, но и одговорност за водечката личност. Во текот на петгодишниот мандат, Маја Станковска Костова даде значаен придонес за развојот на Друштвото, за подобрување на услугите кон клиентите, креирање прилагодени понуди на производи како и зголемување на профитабилноста. Ѝ благодариме за досегашниот ангажман и за сето она што го постигна, и ѝ посакуваме успешна кариера надвор од компанијата. На Бобан Томески му посакуваме многу успех на новата функцијата – извршен член на Одборот на директори и во водењето на друштвото кон нови деловни достигнувања“ – изјави Марио Батарило, претседател на Одборот на директори на Кроациа осигурување – ЖИВОТ АД Скопје.

Новиот состав на Одборот на директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје е:

  • Марио Батарило – неизвршен член и Претседател на Одборот на директори;
  • Бобан Томески – извршен член на Одборот на директори;
  • Иван Залар – неизвршен член на Одборот на директори;
  • Владимир Стефановски – независен неизвршен член на Одборот на директори.
Продолжи со читање

Бизнис

Сто милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан од ЕБОР

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан.

На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години.

Во програмата „Младите во бизнисот“ до денеска достапни се 30 милиони евра кредитни линии и дополнителни 17 милиони евра финансирање, што ќе биде продолжено во следните неколку месеци.

Досега исплатени се над 1.700 кредити во вредност од 19,3 милиони евра.

Програмата „Младите во бизнисот“ нуди интегриран пакет финансиска поддршка и советување, а самата иницијатива работи директно со млади сопственици и менаџери на бизниси, обезбедувајќи обуки, советодавни услуги и можности за вмрежување во рамките на програмата на ЕБОР „Совети за мали бизниси“

Продолжи со читање

Популарно