Connect with us
no baners

Бизнис

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Објавено

на

Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, од вчера учествува на престижната конференција Microbalkans 2024, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Како клучен панелист на темата дигитализација во микрофинансискиот сектор, Јошевски зборуваше за улогата на финтек решенијата во модернизацијата на финансиските услуги, нагласувајќи дека „технологијата драстично го менува нашиот секојдневен живот и овозможува микрофинансиските институции да нудат поефикасни, поудобни и безбедни услуги на корисниците преку дигитални платформи.“

Во своето обраќање, Јошевски ја истакна важноста на законските регулативи, кои, според него, ја зајакнуваат стабилноста и транспарентноста на македонскиот финансиски сектор.

„По сите дискусии и панели, сите се едногласни дека Македонија има една од најдобрите законски рамки за градење на здрав и квалитетен финансиски екосистем“, посочи Јошевски, додавајќи дека ваквата регулаторна поддршка создава поконкурентна средина за финтек индустријата и микрофинансиските компании.

Македонската делегација на конференцијата ја сочинуваат и други претставници на финансиските друштва, како и претставници на Министерството за финансии кои ќе дискутираат за ESG практиките и инклузијата во финансискиот сектор. Конференцијата, организирана од Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ (AMFI) со поддршка од Европската унија, ги привлекува водечките имиња од регионот и пошироко. Меѓу реномираните говорници се Елма Зукиќ, претседателка на AMFI, Јасмина Селимовиќ, гувернерка на Централната банка на БиХ, и Ричард Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за ЕМЕА регионот.

Јошевски посебно го истакна успехот на Mint Fintech Group во развојот на финтек услугите и важноста на соработката со банки и глобални партнери, наведувајќи: „Горди сме на нашето партнерство со банка во Македонија и со VISA, со што креиравме наша прва VISA картичка и овозможивме средствата од нашите кредити да станат подостапни за клиентите.“ Mint е исто така една од ретките микро-кредитни организации во Македонија која нуди заеми и за поединци и за мали и средни претпријатија, со што 30% од портфолиото е насочено кон корпоративни заеми.

Конференцијата Microbalkans 2024 ја истакнува улогата на Македонија во микрофинансискиот сектор на Балканот и ја зацврстува позицијата на Mint Fintech Group како лидер во финтек иновациите, промовирајќи ги новите можности за раст и развој преку дигитализација и засилена соработка во регионот.

Бизнис

Повторно активирана изградбата на далекуводот од Северна Македонија кон Албанија

Објавено

на

Државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО соопшти дека повторно ја активирала изградбата на 400-киловолтен далекувод кон Албанија, по претходните одложувања и спроведувањето на нов тендер за избор на изведувач.

Проектот беше ставен во мирување поради одредени доцнења, по што беше покрената нова постапка за избор на компанија која ќе ги продолжи градежните работи.

Со реализацијата на далекуводот од 400 kV се очекува да се подобри прекуграничната енергетска поврзаност и да се зајакне стабилноста на електроенергетскиот систем во регионот.

Продолжи со читање

Бизнис

САД доделија договор на „Колт“ за производство на оружје за Северна Македонија и БиХ

Објавено

на

САД доделија договор на американскиот производител на оружје Colt’s Manufacturing Company за производство на карабини од типот М4/М4А1, наменети за странски партнери, меѓу кои се и Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Според информациите, договорот е доделен од Министерство за војна на Соединетите Американски Држави и има максимална вредност до 40,86 милиони долари (околу 35,4 милиони евра). Тој предвидува производство на стандардните воени карабини М4 и М4А1, кои се широко користени во рамки на вооружените сили и безбедносните структури на повеќе земји.

Договорот е дел од пошироката соработка на САД со партнерски држави во областа на одбраната и безбедноста, при што се обезбедува модернизација и опремување на нивните вооружени сили со современо оружје.

Деталите за количините и временската рамка на испораките не се објавени, а информациите се дел од ограничен извештај достапен преку платформа со претплата.

Продолжи со читање

Бизнис

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата

Објавено

на

Flex Group ја започна Flex Group Leadership Academy – долгорочна развојна иницијатива на Секторот за човечки ресурси, насочена кон системско јакнење на лидерските и менаџерските капацитети во рамки на целата Групација.

Академијата претставува сеопфатна платформа за развој на менаџери, која ќе се реализира преку повеќе програми и активности во времетраење од 8 месеци, со цел воспоставување на јасни и заеднички стандарди на водење, одговорност и менаџерско однесување.

Flex Group Leadership Academy оди чекор подалеку од класичните обуки, позиционирајќи се како референтна точка за лидерството во организацијата. Преку неа, се дефинира што значи да се биде менаџер, како се носат квалитетни одлуки, како ефективно се водат тимови и како се гради култура ориентирана кон одговорност и резултати.

Иницијативата се реализира во соработка со Prudens – организациски развој и лидерство, како и со врвни меѓународни експерти за продажба и сертифицирани професионалци за лидерски коучинг, со цел обезбедување висококвалитетен и сеопфатен развоен пристап.

Со оваа иницијатива, Flex Group воспоставува заеднички лидерски пристап и унифициран менаџерски јазик на сите организациски нивоа, испраќајќи јасна порака дека лидерството не е само позиција, туку вештина што континуирано се учи, развива и применува во секојдневното работење.

Иницијативата се реализира во соработка со експерти за организациски развој, а повеќе информации за применетите пристапи и методологии за лидерски развој се достапни на Prudens – организациски развој и лидерство. дали да додадеме и врвни екперти за продажба од странство и екперти за лидерски коучинг.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange