Останато
БДП во 2023 година пораснал за 2,1 проценти
Државниот завод за статистика соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10,0%, а реално за 2,1%.
Најголемо учество на додадената вредност со 18,9% во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83,4%. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67,8%.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222.114 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,9%, машините и опремата со 32,6%, а останатите инвестиции со 9,5%.
Останато
ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 9,8% – во септември изнесувала 41.585 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41.585 денари и во однос на септември претходната година е зголемена за 9,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6%), Преработувачка индустрија (11,7%) и Уметност,забава и рекреација (11,4%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,8%), Административни и помошни услужни дејности (5,0%) и Преработувачка индустрија (2,8%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62.573 денари.
Останато
Министерката за финансии, Димитриеска Кочоска на настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“
Во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think, денеска ќе се одржи настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“.
Како што е најавено од организаторите, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, ќе учествуваат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и претседателот на Фискалниот Совет на РСМ, Глигор Бишев.
Презентација на студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“ ќе има Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“ – Институт за економски истражувања и политики.
Останато
Црна Гора прва од Балканот стана дел од СЕПА зоната
Црна Гора официјално стана дел од Единствената зона за плаќање во евра (SEPA), потврдувајќи го овој важен чекор за финансиската интеграција на земјата во Европската Унија. Преку успешното усогласување на националниот платен систем и регулативата со стандардите на ЕУ, Црна Гора стана првата земја од Западен Балкан која пристапува во СЕПА.
„Црна Гора, под водство на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), успешно ги усогласи националниот платен систем и регулативата со стандардите на Европската Унија (ЕУ), станувајќи првата земја од Западен Балкан која пристапува кон СЕПА“, се наведува во соопштението на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и Европскиот совет за плаќања.
Овој потег ќе овозможи од април 2025 година, црногорските финансиски институции да започнат со испраќање и примање СЕПА кредитни трансфери, моментални трансфери и директни задолжувања со минимални или без никакви трошоци. Ова ќе ја поедностави и забрза размената на плаќања со земјите од Европската Унија, и ќе ги направи трансакциите поповолни за граѓаните и компаниите.
Гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирина Радовиќ, изрази уверување дека ова е значаен чекор за финансиската интеграција на земјата со ЕУ, додека директорот на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли, го оцени овој напредок како потврда на европската определба за унапредување на електронските плаќања во регионот.
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери