Останато
Германската економија забележа благ пораст во третиот квартал
Германската економија забележа благ раст во третиот квартал, објави во средата заводот за статистика „Destatis“, повикувајќи се на повисоки трошоци на владата и домаќинствата.
Бруто домашниот производ (БДП) е зголемен во периодот од јули до септември за 0,2 проценти во однос на претходниот квартал кога според последните проценки е намален за 0,3%, пресметал „Destatis“ врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци.
Претходните проценки покажаа пад на германското БДП од 0,1% во пролетниот квартал.
На тој начин Германија избегна рецесија во третиот квартал, со иста тримесечна стапка на раст како на почетокот на годината.
Во периодот јули-септември раст е забележан пред се кај потрошувачките ставки на домаќинствата и државата, посочуваат статистичарите.
На годишно ниво, БДП падна за 0,2 проценти во летниот квартал, кога е исклучен еден работен ден повеќе од летото 2023 година. Кога ќе се вклучат сите работни денови се зголемува за 0,2 отсто.
Во вториот квартал, календарски прилагодениот БДП е намален за 0,3 проценти на годишна основа, а за 0,1 отсто на почетокот на годината, покажуваат податоците на „Destatis“.
Останато
Новиот рок за поднесување на ДДВ пријавите е 27 април
Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност, образец ДДВ-04, за периодите од 1 јануари до 31 март 2026 година и од 1 март до 31 март 2026 година првично е утврден на 25 април.
Бидејќи овој датум паѓа во неработен ден, крајниот рок се поместува на 27 април 2026 година, понеделник.
Според податоците на УЈП, досега се поднесени 13.934 пријави од вкупно очекувани 42.605, односно околу една третина од вкупниот број месечни и тримесечни пријави.
Од институцијата апелираат обврзниците да не го чекаат последниот момент и навремено да ја поднесат документацијата, со цел да се избегнат можни казни и дополнителни трошоци. Воедно, навременото поднесување овозможува поефикасна обработка и подобро планирање на деловните активности.
Останато
Флекс Кредит со награди за клиенти во пресрет на Superior Runs во Штип
Флекс Кредит повторно се вклучува како спонзор на тркачкиот настан Superior Runs, најавувајќи дополнителни активности и награди за граѓаните во пресрет на трката.
Компанијата информира дека во периодот од 20 до 25 април, покрај спортската атмосфера поврзана со настанот, ќе понуди и промотивна акција во своите филијали во Штип. Според најавата, секој клиент со одобрен кредит во овој период ќе добие вредна награда.
Од Флекс Кредит посочуваат дека целта е да се внесе дополнителна динамика и позитивна енергија, поврзувајќи го спортскиот дух со активности насочени кон клиентите.
Акцијата ќе се реализира во филијалите на компанијата во Штип, каде граѓаните ќе можат да се информираат за условите и да учествуваат во промотивната понуда.
Флекс Кредит и годинава ја продолжува својата поддршка на Superior Runs, како дел од активностите за поддршка на спортски настани и локалната заедница.
Берза
Намалување на цените на горивата: бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.
Според новата пресметка, од 21 април 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,5 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар
Истовремено, цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и ќе се продава по цена од 46,288 денари за килограм.
Одлуката е донесена врз основа на намалувањето на референтните цени на светските пазари, каде во споредба со претходната пресметка цените на бензините се пониски за 1,8 проценти, на дизелот за 9,6 проценти, на екстра лесното масло за 8,2 проценти, а на мазутот за 6,5 проценти.
Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – за еуродизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно


