Останато
Цената на златото на историски највисоко ниво
Цените на златото денеска се на ново историски највисоко ниво поради глобалната неизвесност околу резултатите од изборите во САД и тензиите на Блискиот Исток, додека цените на среброто се највисоки во последните 12 години.
Според податоците на берзата, унца злато достигна дневна највисока цена од 2.736,48 долари, а унца сребро се продава за 34,09 долари.
Аналитичарите велат дека инвеститорите бараат „безбедно засолниште“ за капиталот поради геополитичките тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу блиските избори во Соединетите држави.
Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија KCM, Тим Вотер, смета дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца.
Според експертите, златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност.
Останато
Извршниот одбор на ММФ го прошири својот состав
Земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во петокот успешно избраа проширен извршен одбор кој сега се состои од 25 управни директори наместо 24, вклучително и тројца од субсахарски африкански земји, објави ММФ.
„Ова е историска пресвртница за ММФ и Африка. Не само што тој е третиот африкански директор во нашиот одбор, туку тоа е и голем чекор напред за континентот во развојот на неговиот човечки и економски потенцијал, што ќе го зајакне гласот на Африка и ќе го доближи ММФ до луѓето на кои им служиме“, рече извршниот директор Кристалина Георгиева.
Извршниот одбор на ММФ последен пат беше проширен во 1992 година, кога беа додадени двајца нови директори кои ќе ги претставуваат новите земји-членки по распадот на Советскиот Сојуз.
Одборот на гувернери на ММФ на 16 јули годинава одлучи да го зголеми бројот на директори од 24 на 25, а дополнителното место и припадна на Субсахарска Африка. САД го задржуваат најголемиот дел од гласовите во извршниот комитет на ММФ, околу 16%.
Останато
Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома
Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“.
Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.
Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина.
Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.
Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2,710 вработени.
Останато
АЕТМ: Во првите 6 месеци реализирани онлајн трансакции во вредност од 339.8 милиони евра
Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Северна Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. При тоа од македонски иматели на платежни картички кон домашните е-трговци направена е вредност од 11,875.6 милиони денари или 193.1 милиони евра, што преставува учество од 56.8%, од странци направена е вредност од 1.049,7 милиои денари или 17.1 милиони евра односно учество од 5%. Од друга страна Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974.5 милиони денари или 129.7 милиони евра односно 38.2% од вредноста на вкупните трансакции.
Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи се известува и за повторливи онлајн транскации (Recurring payments) кои може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлини услуги. На домашниот пазар кон домашните е-трговци повтроливи трансакции се направени во вредност од 53.7 илјади евра или 0,03% од остварената вредност, додека Македонците во странство направиле повтроливи трансакции во вредност од 6.1 милиони евра или 4,7% од остварената вредност.
Вкупната вредност е остварена со направени 10.3 милиони онлајн трансакции односно просечаната трансакција изнесува 33 евра. Притоа најмала е вредноста на просечната трансакција направена од домашни иматели на платежни картички кон домашни е-трговци и изнесува 30,8 евра, потоа од странски иматели кон домашни е-тровци од 33.3 евра и највискоа од домашни иматели кон странски е-трговци 37.2 евра. При тоа повтроливите трансакции направени кон домашните е-трговци изнесуваат просечно околу 20 евра, додека кон странските е-трговци просечната трансакција изнесува 15.8 евра.
“При анализата на податоците од Народната банка на Република Северна Македонија, мора да објасниме дека тие ја прикажуваат состојбата во е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно направените онлајн нарачки кои исто така се и платени онлајн. Меѓутоа мора да се имаат во предвид податоците кои укажуваат дека според навиките и менталитетот Македонците како и другите интернет купувачи од соседните змеји од Западен Балкан се љубители на плаќања во ќеш. Податоците од 2021 година на Global Findeks датабазата покажуваат дека само 43% од Македонците кои поседуваат платежни картички истите и ги употребуваат, додека 47% од направените онлајн нарачки се платени во готовина при достава (Cash on Delivery). Исто така направената анкета во рамки на најновата анализа која ја изработува АЕТМ како Извештај за е-трговијата на Западен Балкан, подржана од НЛБ групацијата на 40 е-трговци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија покажува дека балканските е-купувачи преферираат ‘Cash on Delivery’. Дури кај 72.5% од балканските е-трговци, доминантен платежен метод е плаќањето во готово при прием на практата. Ова ни покажува дека вредноста на онлајн нарачките е многу повисока ако се земе во обзир е-трговијата во поширока смислам на дефиницијата, а за тоа е потребно прибирање и на овие податоци за ‘cash on delivery’ плаќањата. Дополнително секогаш ја спомнуваме и ширината на прибраните податоци од Народната банка кои ги опфаќаат сите онлајн трансакции направени со платежни картичи, каде може да влезат плаќање на сметки и други услуги онлајн. Она што е новина во известувањето според усогласувањето на содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на податоците и информациите за платежна статистика, според Законот за платежни услуги и платни системи е што се одвоени повторливите плаќања кои се однесуваат во главно на претплати/членарини за сервис провајдери како Netflix, Youtube и сл. Работиме и го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, а затоа се потребни и релевантни официјални податоци за преземање на соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска Станков.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Вработувањепред 3 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!