Connect with us
no baners

Компании

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24% во првите девет месеци од 2024 година

Објавено

на

Продолжува нагорниот тренд на остварени приходи од продажба на Реплек АД. Во третото тромесечје од оваа година компанијата оствари вкупен раст на приходите од продажба во сегментот фармација од 30,9% во однос на истиот период минатата година. Ваквиот позитивен резултат, што е продолжение на трендот од изминатите две тримесечја, придонесе за зголемување на вкупните приходи од продажба остварени во првите девет месеци од 2024 година, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 24,3%, надминувајќи 21 милиони евра.

Вкупниот раст на приходите од продажба е комбинација на растот остварен во продажбата на домашниот пазар, каде во третиот квартал од оваа година е регистрирано зголемување од 68%, и од натамошното зголемување на продажбата на странските пазари од што се остварени приходи кои се за 20,7% повисоки од лани.

Кумулативно, за изминатите девет месеци од оваа година, Реплек АД оствари продажба на домашниот пазар во вредност од близу 5,3 милиони евра, што е за 54,8% повеќе од лани, како и продажба на странските пазари во вредност од над 16 милиони евра, што е за 17% повисоко од остварувањето во истиот период минатата година.

„Задоволни сме од остварените резултати во овој период на годината, кои ги надминаа и нашите првични очекувања предвидени со годишниот план за продажба. Ваквиот позитивен тренд е резултат на големата посветеност и енергија што ја вложува целокупниот тим на Реплек во реализација на нашата компаниска развојна стратегија која се темели на инвестиции и модернизација, градење на силно портфолио на производи и јакнење на пазарните позиции, како и унапредување на задоволството на вработените. Уверен сум дека позитивните резултати кои ги бележиме во континуитет во изминатиот период ќе ни влеат дополнителна енергија и мотив за реализација на нашата визија за развој на Реплек како современа, динамична компанија која со своите континуирани успеси и понатаму ќе дава значителни придонес за развојот на македонската економија, истовремено креирајќи дополнителна вредност за вработените, акционерите и за сите наши партнери“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

Растот на приходите од продажба во деветте месеци од оваа година ја прави повеќе од извесна реализацијата на предвидувањата за очекуваните годишни приходи од продажба, кои според финансискиот план за 2024-та се очекува да достигнат околу 31 милион евра, што е за околу 23% повеќе во однос на претходната година.

Бизнис

Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка

Објавено

на

Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.

Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.

Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.

Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!

Објавено

на

Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа и социјалното загрозени семејства.

Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износ од 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.

„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во Флекс Кредит, општествената одговорност не е само обврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер“, изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.

Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Новите производи се тука! Mint Bonus со нови изненадувања за лојалните клиенти

Објавено

на

Дали знаете дека секоја Ваша активност на Mint App ви носи поени? Не зборуваме само за заштеди и поволности – туку за вистински поени кои можете да ги искористите за некој од производите на Mint Store!

Од технологија, па сè до дресови на омилени спортски клубови, ваучери и корисни додатоци за секојдневието – Mint Bonus е Вашата врата до производи кои вредат!

Како функционира Mint Bonus?

Секоја Ваша интеракција со Mint Credit, Mint Ins, и Mint Travel (сите достапни на едно место преку Mint App), како и P2P.mk Ви носи Mint Coins – поени за лојалност кои ги собирате без никаква дополнителна обврска. Потоа, во Mint Store, тие поени можете даги искористите за некој од многуте достапни производи.

Што сè е достапно на Mint Store?

Технологија за гејмери и љубители на новитети

Забава со стил

Стил и удобност

Авто-додатоци и освежување

Заштитна прекривка за шофершајбна – зима или лето, Вашето возило ќе биде заштитено за само 450 Mint Coins.
Навлажнувач и освежувач на воздух – свежина и комфорт во домот или канцеларијата за 450 Mint Coins.
Освежувач Mint Fintech Group – свежина во вашиот автомобил за 100 Mint Coins.
Ракавица за чистење снег и мраз – бидете спремни за ненајдените врнежи

Спортска опрема

Официјални дресови само за вистинските фанови!

Останати Mint Bonus производи

Ваучери што вредат

Ваучери за практична помош за Вашите инвестиции, патувања и осигурувања.

Mint Credit ваучери:

Mint Ins ваучери:

Mint Travel ваучери:

MINT SN ваучери:

P2P.mk ваучери:

ЈК Травел ваучери:

Не чекајте! Изберете го Вашиот омилен производ денес!

Mint Bonus е повеќе од програма за лојалност – тоа е Вашата мотивирачка сила да штедите, инвестирате, патувате и добивате назад. Влезете во светот на програма за лојалност што Ве почитува како корисник и исполнете го секојдневието со производи кои носат радост!

Разгледајте ги производите на Mint Store и искористете ги Вашите Mint Coins уште денес!

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

no baners