Банки
Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.
Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.
“Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката,како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”, истакна г. Ваташки.
Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија, како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија, која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на Одделение Проблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематични активи.
Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематични пласмани, Картично работење и Кредитна администрација.
УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.
Банки
ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка денеска ги отворија своите годишни есенски состаноци во Вашингтон, во услови на забавен глобален раст, трговски тензии и зголемена неизвесност во економските политики.
На состаноците учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на развојни институции од целиот свет.
Главниот настан оваа недела ќе биде утрешното објавување на ажурираниот глобален економски извештај на ММФ. Во јулската прогноза Фондот предвиде глобален раст од 3 отсто за оваа година и 3,1 отсто за 2026 година.
Особено внимание ќе биде насочено кон влијанието на новите трговски мерки на американскиот претседател Доналд Трамп. Генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека „целосниот ефект на новите царини сè уште не е познат“.
„Неизвесноста стана новата нормалност и ќе остане со нас“, изјави Георгиева минатата недела.
Меѓу темите на состанокот ќе биде и влијанието на вештачката интелигенција врз глобалната економија. Банката на Англија неодамна предупреди на можен „меур“ на пазарите поврзан со инвестиции во вештачка интелигенција, кој би можел да предизвика „нагло коригирање“ на финансиските пазари во случај на промена на инвеститорските очекувања.
Банки
Делегација од Централната банка на Косово во посета на Народната банка за размена на искуства во областа на заштитата на потрошувачите

Во рамките на постојаната соработка со централните банки во регионот, Народната банка беше домаќин на делегација од Централната банка на Косово. Делегацијата ја предводеше вицегувернерката Несрин Шилеку Шала, којашто оствари средба со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами.

Целта на работната посета беше размената на искуства и знаења во доменот на заштитата на потрошувачите, како една од важните области во функционирањето на модерните централни банки. Се зборуваше за споделување на добрите практики, регулативните рамки и на оперативните процедури коишто се однесуваат на заштитата на потрошувачите корисници на финансиски услуги.

Оваа посета претставува важен чекор во јакнењето на билатералната соработка меѓу двете централни банки како значаен предуслов за унапредување на капацитетот на двете институции и ја истакнува посветеноста на Народната банка на постојаниот развој и усогласување со најдобрите меѓународни стандарди во сите области на своето делување, вклучувајќи ја и заштитата на потрошувачите.
Банки
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
-
Продуктипред 2 месеци
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?
-
Банкипред 2 месеци
Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка
-
Бизниспред 2 месеци
За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7
-
Банкипред 1 месец
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Бизниспред 2 месеци
Ексклузивна соработка помеѓу Flex Pay и Ria Money Transfer – брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во Flex Pay и филијалите на Flex Credit
-
Банкипред 1 месец
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка